Здраво другари,
Знаеме дека едвај чекате да излезете и да го истражувате светот штом ќе биде сигурно, и сакаме да ве увериме дека НИЕ работевме напорно за да ВИЕ бидете смирени и безбедни кога ќе одлучите да тргнете на вашата следна авантура.
Тоа е она време од годината ... време кога најчесто почнувате да ги пратите постовите за најдобите летни дестинации кои треба да ги посетите во 2022. Но и оваа година тоа изгледа поинаку, и затоа наместо да се прашувате КАДЕ ќе патувате ова лето, одвојте момент и размислете КАКО ќе патуваме. Светот се менува, па така се менуваат и трендовите во светот на патувањата.
Нашите нови протоколи за безбедно патување се имплементирани со цел да ви помогнат да се чувствувате сигурно и да останете здрави во текот на вашето патување од соништата. Освен тоа, Холијеј Травел го доби печатот за безбедно патување издаден од Светскиот Совет за Патување и Туризам, со што потврдуваме дека ги имаме усвоено глобалните стандардизирани протоколи за здравје и хигиена. Погледнете ги и ќе патуваме повторно заедно!
Безбедноста на нашиот тим, нашите клиенти, водичи, добавувачите и поширокото општество остануваат наш основен приоритет и секое враќање во активност ќе биде спроведено на одговорен и безбедносен начин. Нашите патувања ќе бидат организирани на дестинации каде локалната власт ќе одобри и ќе ја потврди безбедноста за групни активности и ќе продолжиме да додаваме нови места штом ќе бидат безбедни за посета.
Потребно е во секое време да се почитуваат препораките за држење дистанца дадени од локалната власт. Ние ќе ја прилагодиме програмата на патувањето со цел да помогнеме во одржување на потребното растојание (пр. организирање пикник на отворено отколку посета на преполни шопинг центри, промена на рутата со цел избегнување гужва и сл.). Ќе посетиме дестинации каде има помалку гужва и ќе обезбедиме можност за користење на еднокреветна соба за клиентите кои нема да сакаат да делат соба.
Задолжително е почитување на мерките дадени од здравствените институции на секоја дестинација. Ги советуваме нашите клиенти да носат маска на патувањето, но доколку заборават ќе добијат резервна маска од нашиот тим.
Каде е соодветно, во програмата вклучуваме исхрана на отворено место, како на пример пикник. Доколку посетуваме ресторан, нашата група ќе добие своја одделна маса.
Сите ресторани/барови/кафетерии се проверени пред турата и од нив е побарано да ги следат локалните регулативи за социјална дистанца на гостите во ресторанот; да користат средства за дезинфекција пред влез и да постои можност за безконтактен начин на плаќање (плаќање со кредитна картицa).
Нашиот тим препорачува да користите приватен транспорт каде што е возможно. Превозните компании ќе ги прилагодат капацитетите согласно препораките на локалните власти и превозното средство ќе биде целосно дезинфицирано и исчистено измеѓу турите.
Кога не е возможно да се избегне јавниот превоз, ќе се следат упатствата и препораките за носење маска и држење растојание, и ќе се користат средства за дезинфекција пред влез и по излез од превозното средство.
Вршиме контрола на сите хотели/апартмани со кои соработуваме и бараме од нив да ги достават протоколите за чистење и санитарните услови. Во случај на оперативни промени (намалени работни часови, денови и слично), сите добавувачи е потребно да не инфорираат навремено и да не консултираат за нивните Процедури за безбедност и здравје како и Протоколите за држење физичко растојание за заштита на клиентите.
Имаме долгорочни и доверливи односи со нашите партнери. Сите тие се придржуваат до заштитните мерки и ги почитуваат нашите протоколи за безбедно патување.
Тимот на Холијеј Травел е обучен во следниве области пред реализација на турата:
Здравјето на нашите клиенти е наш приоритет!. Тимот на Холијеј ќе обезбеди средства за дезинфекција на рацете, резервни маски и ќе води сметка туристичките дестинации да се посетуваат во време кога има најмалку гужва.
Со нетрпение чекаме да ве одведеме на Вашата следна авантура што е поскоро. Посетете ја секцијата за Патувања и Авантури и одберете една од достапните дестинации за 2024 или искреирајте своја авантура.
Се гледаме наскоро!