ОПОРАВОК - ХРАНА - АКТИВНОСТ - СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА - УЧЕЊЕ
Активното секојдневие ќе биде во преден план на Healty.Ме Elite Camps. Професионалниот тим составен од Елена Бубало, total body workout инструктор и гуру за правилен начин на исхрана, Атанас Михајловски cross-fit инструктор и Марина Смилева јога учител и инструктор ја подготвија детално програмата која е збир на најразлични дневни активности кои ќе ве насочат како да почнете да го искористувате вашето тело во полн потенцијал.
А што е Healty.Me Elite Camps?
Создаден со мисија и цел да на учесниците им овозможи годишен рестарт, да повторно откријат за што се е способно нивното тело и ум, да вметнат нови и здрави навики кои ке им го подобрат квалитетот на живот. Од едукација за како правилниот и здрав начин на исхрана влијае на нашето целокупно ментално и физичко здравје до изучување на техники на вежбање и како да превенираме повреди и да се чуствуваме по витални на долг рок, па се до смирување на умот и телото преку утринските Јога часови комбинирана со медитација.
Зошто баш Healty.Me Elite Camps?
По својата уникатност на концепт и програма, овој камп е единствениот од ваков тип во нашата земја. Кампот нема ограничување и старосна граница, а уште помалку услов за одредена физичка спремност. Секој е добредојден и секој може да се пријави да биде дел од овој камп. Програмата ќе биде целосно адаптирана на вашите потреби и можности, надгледувани од врвни професионалци. Целосната опрема и сите потребни реквизити се обезбедени од нас, ние дури ќе обезбедиме и маичка за вежбање, вие само треба да имате желба и да решите да ни се приклучите.
Овој рестарт не би бил целосен ако не разговараме подетално за храната и како таа може да помогне и да стане наш најдобар пријател. Преку интерактивни работилници и предавања кои се составен дел на програмата на кампот ќе се разговара за здравиот начин на живот, правилно планирање и комбинирање на храната, како и за важноста на квалитетниот сон и како да поставиме здрави практики пред спиење и веднаш штом се разбудиме.
Главни придобивки од кампот:
Почеток: | 10.06 - 15.06.2022 |
Времетраење: | 5 ноќи / 6 дена |
Дестинација: | Љубаништа - Охрид, С. Македонија |
Превоз: | Сопствен |
Цена по лице: | 13.000 мкд за сместување во сопствен шатор
15.500 мкд за уплата до 25.04.2022 - сместување во шатор 18.500 мкд редовна цена за сместување во шатор 16.500 мкд за уплата до 25.04.2022 - сместување во бунгалов 18.900 мкд редовна цена за сместување во бунгалов 16.600 мкд за уплата до 25.04.2022 - сместување во камп куќа 19.600 мкд редовна цена за сместување во камп куќа |
*За резервација и слободни места контактирајте не на телефон +38976266678 или испратете барање на следната меил адреса sales@holiyaytravel.com
**Цената е по лице за 5 ноќевања со здрава и правилно избалансирана исхрана во текот на денот (појадок, ручек, вечера, ужина), сместување во шатор за две лица; во бунгалов за 4 лица; во камп куќа за 5 лица.
***Деца од 0-5,99 години бесплатно; Деца од 6-13,99 години плаќаат 40% од цената
5 ноќевања со здрава и правилно избалансирана исхрана во текот на денот (доручек, ручек, вечера, ужина) во сместување по избор: шатор со двајца, бунгалов со 4 лица или камп куќа со 5 лица.
Користење на реквизити (суп даски, планински велосипеди, кајак, фитнес опрема, камп опрема)
Програма, едукација, стручна литература и менторирање
Подарок за секој учесник
Туристичка такса
Превоз
Доплата за специјално барање надвор од наведениот број на лица по сместувачка единица (шатор - 2 лица, бунгалов - 4 лица или камп куќа - 5 лица)
Дополнителни екскурзии
Патничко осигурување за интернационални учесници
Пијалоци за време на оброците
Кампот ги применува сите мерки за заштита од КОВИД 19
Рефундација и откажување на аранжманот е во согласност со Општи услови за патување освен во случај на КОВИД-19 каде рефундацијата е во целост
Социјалниот момент и активностите во група се голем дел од Healty.Me Elite Camps па така во склоп на кампот ќе имате можност да планинарите, возите планински велосипеди, како и други адреналински активности, да пробате јога и тренинг на суп даски, да научите за основите на камп и кампување и да бидете дел од класичен логорски оган што е секако посебно доживување.
Можност за посета на манастирот Св. Наум по прекрасното и смирувачко езеро, каде ќе можеме да уживаме во спојот на природата и духовноста, ќе ги посетиме прекрасните и бескрајно чисти извори на Св. Наум и дефинитивно ќе си дадеме време за задоволство на сите наши сетила. Дополнителна можност за организирана приватна тура со брод до соседна Албанија и ручек со морски специјалитети.
Времетраење: 4 часа
Организирано веслање на групата со суп...одпловете со вашиот инструктор по мирното езеро и уживајте во магичното зајдисонце на најубавото место за тоа, кампот Љубаништа.
Организирана планинска тура до Магаро како и планинска тура до Галичица и панорамски поглед на двете езера, Охридското и Преспанското езеро, глетка која не се пропушта доколку сте во Охрид.
Времетраење: 4 часа
Доживејте тотален ZEN момент и дозволете природата да ви го одземе здивот со тандем параглајдинг. Неверојатно адреналинско искуство и уникатна можност да се видат убавините на Охрид, Охридското и Преспанското езеро од висина, како и прекрасните падини на планината Галичица.
Времетраење: 1 час
Уникатно доживување и сплотување на телото и умот на изгрејсонце.
Изучување на Вим Хоф методот во раните утрински часови, преку изложување на телото на ниски температури и контролирано дишење. Со овој метод ќе научите како брзо да го смирите умот и да имате целосна контрола врз вашето тело, како и да почуствувате бројни бенефити на долг рок меѓу кои појак и подобар имунитет.