Вила Фиоре-Парга, Јонско море

Добредојдовте во Парга- бисерот на Јонско море

Парга е град чии корени се протегаат до античкиот период, но била и под силно влијание на западната цивилизација и култура. Опкружен со различни култури, на мал простор, на Епирскиот Полуостров на Јонско море, никна градче со свој единствен и својствен шарм. Посетителите на Парга ќе бидат импресионирани од зеленилото, околните планини и маслинки, нејзините преубави плажи и мирни заливи скриени во големите карпи. Приближувајќи се кон градот, се гледа дека Парга е мал, убав, бел град со црвени покриви, сместен во прегратките на околните планини.  Парга е комплетно летовалиште и во неа секој може да најде нешто за себе: градското пристаниште, шеталиштето покрај морето, двете градски плажи, големата плажа Валтос во непосредна близина на градот, многубројните скриени плажи распрскани на малите  островчиња во заливот, старата градска тврдина од XIV век, многубројните излети.

Вилата се состои од 12 сместувачки единици по следниот распоред:

-број 1 и број 3 (тип на соба 3+1) сместени на сутерен, опремени со кујна, тераса на задната и предната страна, сопствено купатило;

-број 2 (тип на соба 1/2) сместена на сутерен, опремена со кујна, тераса на задната и предната страна, сопствено купатило;

-број 4 (тип на соба 2+1) сместена на 1 спрат опремена со кујна, тераса, сопствено купатило;

-број 5 и 6 (тип на соба 1/2) сместени на 1 спрат, опремени со мини чајна кујна, додека главната кујна е заедничка за двете соби. Имаат тераса, сопствено купатило;

-број 7 (тип на соба 1/4) сместена на 1 спрат, опремена со кујна, тераса, сопствено купатило;

-број 8 и 9 (тип на соба 1/2) сместени на 2 спрат, опремени со кујна, имаат тераса, сопствено купатило;

-број 10 и 11 (тип на соба 1/4) сместени на приземје, опремени со кујна, тераса со поглед кон улицата, сопствено купатило;

-број 12 (тип на соба апартман 1/4) сместено на ниско приземје, опремено со кујна, тераса на задната страна и 4 засебни кревети, сопствено купатило.

 

Период на користење

21.05.2025 – 01.10.2025

Цени

Од 65 € по лице за наем на апартман/студио за 7 ноќи

Сите цени за наем на апартман/студио може да го видите во делот “Ценовник“

*За повеќе информации и резервации испратете барање на следната е-пошта info@holiyaytravel.com или контактирајте не на +389 71 330089.

Парга-бисерот на Јонско море
Попусти за рана уплата : 15% до 15/02/2025     10% до 28/02/2025
Вила Фиоре Б категорија 200м од море 1/2 студио сутерен 1/3+1 студио сутерен 1/2 студио спрат 1/2+1 студио спрат 1/4 студио приз/спрат 1/2+2 АПП сутерен напомена
Термин/Услуга 7 наем 7 наем 7 наем 7 наем 7 наем 7 наем
21.05.-28.05.2025 129 139 149 169 199 219 промо
28.05.-04.06.2025 169 179 189 209 249 269 промо
04.06.-11.06.2025 209 219 229 249 279 299 промо
11.06.-18.06.2025 259 269 279 299 339 359
18.06.-25.06.2025 329 339 359 379 419 439
25.06.-02.07.2025 349 359 379 399 449 469
02.07.-09.07.2025 389 399 409 429 469 489
09.07.-16.07.2025 469 479 499 519 559 579
16.07.-23.07.2025 489 499 539 559 599 619
23.07-30.07.2025 489 499 539 559 599 619
30.07-06.08.2025 489 499 539 559 599 619
06.08.-13.08.2025 489 499 539 559 599 619
13.08-20.08.2025 489 499 539 559 599 619
20.08-27.08.2025 489 499 539 559 599 619
27.08.-03.09.2025 449 459 489 509 549 619
03.09.-10.09.2025 399 409 439 459 479 499
10.09.-17.09.2025 289 299 309 329 349 369 промо
17.09.-24.09.2025 259 269 279 299 339 359 промо
24.09.-01.10.2025 229 239 249 269 299 329 промо

Цената не вклучува:

  • Патничко осигурување
  • Туристичката такса се плаќа на рецепција
  • Доплата за автобуски превоз 70 Еур возрасни – Скопје, Велес, Кавадарци, Охрид, Струга Ресен, Прилеп. Битола 60 Еур.
  • Клима 7 Еур/ден.

Напомени:

  • Цените се дадени за наем на студио 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур.
  • Деца од 2 до 11,99 год: Попуст 10 Евра од редовната цена
  • За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст. Попустите не може да се комбинираат.
  • Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст. Попустите не може да се комбинирааат.
  • При резервација, потребно е да се плати аванс од 30% од вкупната сума
  • Плаќањата во денари ќе се пресметуваат со курс 1 ЕУР = 62 МКД