Вила Јана – Неа Скиони

Вила Неа Скиони – Приватен рај на првиот ред до море

Молес Каливес е живописно мало село на Халкидики, лоцирано во близина на Неа Скиони, идеално за релаксирачки и незаборавен престој.

Вила Неа Скиони нуди уникатно искуство за оние кои бараат мир и приватност. Замислете си утринско кафе на терасата со поглед кон бескрајното сино море или релаксирачки попладневен одмор под настрешницата во дворот, опкружени со природна убавина. Приватниот пристап до плажата ја прави вилата вистински рај за летниот одмор. Вечерите се вистинска магија – далеку од градскиот метеж, слушајќи го шумот на брановите и уживајќи во романтична атмосфера под ѕвездите.

Совршена за семејства или група пријатели, вилата ви овозможува целосен одмор, со приватна плажа на само неколку чекори од вас и сите удобности што ви се потребни за незаборавен престој.

Вила Неа Скиони е модерна куќа со три удобни спални соби, секоја опремена со сопствен тоалет, како и пространа дневна соба со трпезарија и целосно опремена кујна, која ќе ги задоволи сите ваши потреби. Големиот, убаво уреден двор е опремен со скара, настрешница, лежалки и чадори, нудејќи совршено место за одмор.

Максималниот капацитет е 8 лица. Куќата располага со сите неопходни удобности: клима уред, интернет, кабловска телевизија и две паркинг места. Вилата се наоѓа во мирна и елегантна област, во прв ред со прекрасна приватна плажа, која ќе го направи вашиот престој незаборавен.

Период на користење

28.04.2025 – 31.10.2025

Цени за април:

150€ од ноќ за период 28.04-30.04.

Цени за мај:

200  од ноќ за период 01.05-05.05.
160 € од ноќ за период 06.05-20.05.
180 € од ноќ за период 21.05-31.05.

Цени за јуни:

235  од ноќ за период 01.06-06.06.
255 € од ноќ за период 07.06-20.06.
275 € од ноќ за период 21.06-30.06.

Цени за јули и август:

285 € од ноќ за период 01.07 -18.07.
335 € 
од ноќ за период 19.07 – 22.07.
380 €
од ноќ за период 23.07 – 15.08.

365  од ноќ за период 16.08-25.08.
285 € од ноќ за период 26.08- 31.08.

Цени за септември и октомври:

255  од ноќ за период 01.09-09.09.
235 € од ноќ за период 10.09-17.09.
205 € од ноќ за период 18.09-30.09.

155  од ноќ за период 01.10-15.10.
150  од ноќ за период 16.10-31.10.

*За повеќе информации и резервации испратете барање на следната е-пошта info@holiyaytravel.com или контактирајте не на +389 71 330089.

Во цената е вклучено:

  • Изнајмување на цела куќа за одбран период и број на ноќевања
  • Туристичка такса
  • 2 паркинг места
  • Комплетно опремена куќа со 3 спални соби
  • Wi-Fi интернет и кабловска телевизија

Во цената не е вклучено: 

  • Чистење на апартманот 140 еур доколку се престојува помалку од минимумот даден број на ноќевања за бараниот период
  • Патничко осигурување
  • Превоз

Забелешки:  

  • За резервација потребна е уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот
  • Пасошот мора да биде валиден најмалку 3 месеци од датумот на вашето пристигнување во Грција.
  • Рефундација и откажување на аранжманот е во согласност со Општи услови за патување
  • Плаќањата во денарска противвредност ќе се пресметуваат со курс 1 ЕУР = 62 МКД