8ми Март во Париз

Yay City Break – Париз

Париз – градот на светлината, љубовта и безвременската елеганција.

Париз во пролет расцутува со нежна енергија и романтика што се чувствува на секој чекор. Градот на светлината, разбуден од зимата, блеска со свежи бои, цветни паркови и долги сончеви прошетки покрај Сена. За 8-ми Март, Париз е совршена сцена за славење на женственоста, убавината и љубовта кон животот.

Овој период од годината, Париз нуди совршен спој на култура, романтика и инспирација. Вашиот престој ќе биде исполнет со елегантни прошетки, уметност, историја и моменти кои се паметат – идеален избор за пролетно бегство и незаборавно одбележување на 8-ми Март.

Ќе уживате во магијата на Ајфеловата кула, шармот на Монмартр, мирисот на свежи кроасани и кафе во малите париски бистроа, како и во безвременската убавина на музеите, булеварите и скриените улички што ја раскажуваат приказната на градот. Секој ден носи нова доза инспирација – од панорамски погледи и романтични зајдисонца, до лежерни шопинг прошетки и незаборавни гастрономски доживувања.

Париз не е само дестинација – тој е чувство, атмосфера и спомен што останува засекогаш. Подарете си си моменти за себе, за дружба и за славење на животот, во градот каде што секој миг изгледа како сцена од филм.

Датум:

05.03 – 08.03.2026

Цена:
  • 499€ за возрасно лице
  • Деца до 11.99 год добиваат 20% попуст за сместување со 2 возрасни
  • Деца до 1.99 год плаќаат 90 еур
Во цената е вклучено:
  • Авио билет на релација Скопје – Париз – Скопје со WizzAir
  • Аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
  • 3 ноќевања со појадок во хотел Campanile 3* Porte de Bagnolet – Paris
  • Превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организиран панорамски раглед на Париз со локален водич
  • Организирани пешачки разгледувања на градот со пратител на група: Пирамидата пред Лувр (влез до доплата), малата Триумфална Капија, паркот Тујлери, Конкорд Плоштадот, Елисејски полиња, Триумфалната капија, плоштадот Трокадеро, Ајфелова кула, Операта Гарние (влез со доплата), галеријата Лафајет и музејот за парфеми Фрагонар, Мон Мартр, Пигал, Мулен Руж (влез со доплата), Богородичната црква Норт Дам, Sainte-Chapelle (влез со доплата)
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
Во цената не е вклучено:
  • Превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 2,5 карнет за 1 возење)
  • Доплата за голем кабински до 10кг. или чекиран багаж – куфер до 10кг / чекиран багаж – куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
  • Туристичка такса 5,2 € по лице на ден – се плаќа на рецепција во хотел
  • Влезница за Ајфелова Кула – влезница 25-60€ (картите се купуваат на лице место)
  • Влезница за Лувр 42€ влезница со термин (пријавување во агенција)
  • Влезница за брод по Сена 25€ (пријавување во агенција)
  • Посета на Операта Гарние 25€ влезница со термин (пријавување во агенција)
  • Посета на Мулен Руж со претстава -цена од 100-250€ со пијалок ½ шампањ (пријавување во агенција)
  • Посета на Дизниленд – влезниците се купуваат преку интернет (80-150 € возрасен, дете до 12 год. 70-140 €, но, цената зависи од период кога ке се резервира и е променлива). Цена на RER 10 € по правец* можност за организирање приватен трансфер
  • Задолжително здравствено и патничко осигурување 250 мкд

Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон 071/330-089.

05.03.2026
- Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 03:30 часот.
- Полетување за Париз во 06:00 и пристигнување во Париз во 09:05 часот.
- Организиран трансфер и панорамски разглед на Париз со локален водич: Големите булевари, мостовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија,, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург…Во попладневни часови посета на Монмартр (со метро) – место каде уметноста и пролетната магија се спојуваат. Пигал, Мулен Руж (влез со доплата).
- Ноќевање.
06.03.2026
- Појадок.
- Организирана пешачка тура: Од Пирамидата пред Лувр (влез со доплата), малата Триумфална Капија, паркот Тујлери, Конкорд Плоштадот, Елисејските Полиња.
- Слободно време за шопинг и ручек во срцето на Париз. Посета на Триумфалната капија, плоштадот Трокадеро и Ајфеловата кула, Можност за романтично крстарење по Сена под светлината на прекрасните мостови.
- Враќање во хотел.
- Ноќевање.
07.03.2026
- Појадок.
- Можност за факултативна посета (превоз со брз воз) до најмагичниот забавен парк во Европа – ДИЗНИЛЕНД.
- За останатите, препорака за пешачка тура низ срцето на Париз: посета на Богородичната црква Нотр Дам, Sainte-Chapelle – ремек-дело на готската архитектура познато по своите величествени витражи, Операта Гарние (влез со доплата), галеријата Лафајет, која во овој период е препознатлива по своите импресивни фасади и раскошни излози, како и музејот за парфеми Фрагонар.
- Ноќевање
08.03.2026
- Појадок (за носење).
- Одјавување од хотел.
- Организиран трансфер до аеродромот.
- Полетување за Скопје во 09:40 часот, пристигнување во 12.25 часот
*Туристичката агенција го задржува правото на можни измени во програмата.

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
  • Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од моменталната расположливост. Не е можно да се резервира одреден кат или страна.
  • Пасошот мора да има важност најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
  • Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
  • При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
  • Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
  • Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да ги понуди и продаде слободните места по специјални “ultrafirst” или “last minute” понуди, по цени кои може да се разликуваат од веќе објавените.
  • Патниците кои го уплатиле аранжманот според редовниот ценовник немаат право на поврат или надомест на средства по основ на разликата во цената.