Hotel Agape 3*

Koмбинација од мирна околина и близина до главните места на Златибор

Hotel Agape е модерен хотел со 3 ѕвезди, сместен на самиот влез во туристичкото населено место Златибор. До центарот и познатото златиборско езеро се стигнува за околу 10 минути пешачење, што го прави хотелот одличен избор за оние кои сакаат комбинација од мирна околина и близина до главните места на Златибор. Хотелот располага со разновидни сместувачки единици, ресторан, кафе-бар, детска игротека и Wellness & Spa центар.

Сместување

Хотелот нуди различни типови сместување прилагодени на различни потреби – еднокреветни, двокреветни, економик, комфор и семејни соби, како и апартмани со или без кујна. Просториите се внимателно уредени со цел да обезбедат удобен и пријатен престој, а мирната околина и погледот кон природата овозможуваат вистинско планинско доживување.

Wellness & Spa

На околу 400 м² се простира Wellness & Spa центарот, создаден за целосна релаксација по ден поминат во планината. Гостите можат да уживаат во затворен базен со џакузи, финска сауна, био сауна, парна бања, солена соба, ладно буре за разладување, тепидариуми и релакс зона, како и простории за масажи и третмани.

За дополнително уживање се нудат различни видови масажи – релакс, спортска, антистрес, лимфна дренажа, ароматерапија, масажа со топли масла, како и специјални третмани за лице и тело.

За гостите кои престојуваат во хотелот, користењето на Wellness & Spa центарот е вклучено во престојот, а центарот работи секој ден од 09:00 до 21:00 часот. Во периодот од 18:00 до 21:00 часот е организирана тивка зона наменета за возрасни и деца над 12 години.

Детска игротека

За семејствата, хотелот располага со детска игротека, сместена во рамките на кафе-барот. Наменета е за најмалите, со содржини за игра и лавиринт, а благодарение на стаклената преграда родителите можат постојано да имаат визуелен контакт со своите деца. Игротеката е наменета за деца до 8 години.

Резервирај