Hotel Rila Borovets 4*

Хотелот е вистинска ski-in/ski-out дестинација.

Hotel Rila е еден од најпознатите четиризвездени планински хотели во Боровец, сместен во самото срце на одморалиштето, на само 70 км од Софија. Хотелот е вистинска ski-in/ski-out дестинација – се наоѓа веднаш до скијачките патеки и има директен пристап до ски-лифтовите, додека гондолата е на околу пет минути пешачење. По целосното реновирање, хотелот нуди модерен алпски амбиент и е одличен избор како за зимски, така и за летен одмор.

Сместување

Hotel Rila располага со богат избор на сместување, со Superior и Signature соби, семејни соби, Deluxe и Signature апартмани, како и Maisonette единици. Superior собите се модерно и елегантно уредени, додека Signature собите се инспирирани од современиот Soho стил со алпски детали. За семејствата, Superior Family собите нудат king-size кревет, софа и можност за дополнителен кревет за дете.

За оние кои бараат поголем простор и дополнителен комфор, на располагање се Deluxe и Signature апартмани, како и пространи Maisonette единици.

SPA & Wellness

SPA центарот на Hotel Rila е совршено место за релаксација по активен ден во планината. Центарот располага со термална зона, затворен базен, хидромасажни базени и релакс зона, а гостите можат да избираат и од разновидни масажи и SPA третмани. На располагање се и третмани за лице и тело, како и модерен фитнес центар.

Комбинацијата од топлата вода, термалните содржини и релакс зоната создава идеални услови за одмор и обновување на енергијата по ден поминат на скијачките патеки.

Детски содржини

Hotel Rila е особено погоден за семејства со деца, бидејќи најмладите гости ги очекува богат избор на активности под надзор на професионални аниматори.

Во хотелот се наоѓа Kids Club, наменет за деца од 3 до 12 години, со игри и забавни активности. За гостите на хотелот, користењето е бесплатно 2 часа дневно.

Во зимската сезона, децата можат да го посетат и Borokids Snow Park, сместен веднаш пред хотелот, каде што преку специјално опремени содржини и со помош на инструктори можат да ги направат своите први скијачки чекори. Хотелот располага и со реновиран ski kindergarten „Borosport“, додека Arcade Room нуди забавни игри за постари деца, тинејџери, па и возрасни.

Ресторани и забава

Гостите имаат богат избор на места за јадење и уживање. Hotel Rila располага со пет ресторани, од кои три се à la carte – Samokovi, The Terrace Lounge и Champions Bar & Diner, како и два buffet ресторани – Seasons и Les Arcs. За вечерна забава тука е и After Eleven Night Club.

Разновидната гастрономска понуда го прави хотелот одличен избор и за семејни оброци и за опуштени вечери по активностите во планината.

Локацијата на Hotel Rila овозможува директен пристап до зимските спортови – скијање и сноуборд Hotel Rila е одличен избор за семеен планински одмор – со идеална ski-in/ski-out локација, современо сместување, богат SPA центар и голем број активности за деца и возрасни.

Резервирај