Festa Winter Palace Borovets 5*

Боровец да го доживеeтe во луксузен амбиент!

Festa Winter Palace е луксузен петѕвезден хотел сместен во срцето на Боровец, опкружен со прекрасна борова шума. Хотелот се наоѓа во непосредна близина на скијачката патека „Red Flag“, како и на лифтовите „Martinovi Baraki Express“ и „Sitnyakovo Express“, што го прави одличен избор за љубителите на скијањето. Со својот препознатлив стил, елегантен ентериер и современа Wellness понуда, хотелот е идеален за луксузен зимски одмор, семеен престој или релаксирачко планинско бегство. Работи во текот на целата година.

Сместување

Хотелот располага со 39 луксузни Double соби, 15 Junior Suites, 12 Luxury Suites и еден ексклузивен VIP Suite, а дополнително нуди Deluxe Double, Deluxe Twin, Family Suite, Wellness Suite, Maisonette и VIP Penthouse Apartment. Собите се уредени со елегантни детали и природно темно дрво, создавајќи топол и луксузен планински амбиент.

Особено интересни се Family Suite апартманите, идеални за семејства, како и Wellness Suite со хидромасажна када за дополнително уживање. За највисоко ниво на комфор, VIP Penthouse Apartment нуди ексклузивно и пространо сместување.

SPA & Wellness

Петѕвездениот Relax Center е создаден како место за целосно опуштање по активен ден во планината. Центарот располага со затворен загреан базен со солена електролиза, со температура од 27–29°C, сауна, парна бања, руска бања, контрастни тушеви, шок-кофа, бањи за масажа на стапалата и релакс зона.

Посебно издвојување е солената соба, наменета за халотерапија и релаксација, како и фитнес салата и можност за класични масажи. Базенот со солна електролиза е прв од ваков тип во Боровец и е погоден и за деца и возрасни.

Детски содржини

Festa Winter Palace е одличен избор и за семејства. Загреаниот затворен базен е погоден за мали и големи гости, а хотелот нуди и пространи Family Suite апартмани за семејно сместување. Во актуелната семејна понуда, децата до 3,99 години престојуваат бесплатно, додека за деца од 4 до 13,99 години се предвидени посебни услови за сместување.

Хотелот нуди и можност за организирани планински тури и семејни активности во природата, што го прави интересен избор и надвор од зимската сезона.

Ресторани и забава

Гастрономската понуда е составен дел од луксузното доживување. Хотелот располага со à la carte ресторан, главен buffet ресторан, Lobby Bar и Après-Ski Bar.

Главниот ресторан нуди богат buffet појадок и вечера, со свежо печени кроасани, сирења, топли и ладни јадења, салати, интернационални специјалитети, свежо овошје и десерти.

Festa Winter Palace е избор за оние кои сакаат Боровец да го доживеат во луксузен амбиент – со петѕвездено сместување, богат SPA центар, одлична гастрономија и планината буквално пред вас.

Резервирај