Regnum Bansko Mountain Resort е елегантен планински ресорт сместен во подножјето на Пирин, создаден за целосен одмор во текот на целата година. Комбинира модерен комфор, пространи апартмани, богата Wellness понуда и голем број активности за семејства. Во зима е одличен избор за љубителите на скијањето, додека во потоплите месеци нуди можности за активности во природа, релаксација и семејна забава.
Сместување
Regnum Bansko располага со пространи Superior и Deluxe апартмани, како и семејни апартмани. На располагање се Superior Double Room, Grand Suite, Grand Suite Mountain View, Presidential Suite и Family Suite со мини-кујна, погоден за подолги престои и семејства.
Апартманите се модерно уредени, со топли природни тонови, удобни дневни простории и приватни балкони со поглед кон Пирин или кон зелените површини и базените на ресортот. Секој апартман располага со климатизација, Wi-Fi, телевизор, минибар и модерна бања.
SPA & Wellness
Thera SPA by Regnum е место за целосна релаксација по активен ден во планината. Wellness зоната располага со загреан внатрешен базен со детски дел, две фински сауни, парна бања, шок и тропски тушеви, релакс зона, две фитнес сали и две џакузи со капацитет до осум лица.
Дополнителна предност е Regnum Banya Thermal Complex, кој се наоѓа на околу 6 km од Банско. Гостите на Regnum Bansko можат да го користат со посебни поволности, а комплексот располага со надворешен минерален базен, термална када, џакузи, парна бања и сауна.
Детски содржини
Regnum Bansko е особено интересен за семејства со деца. Kids Club нуди шарени затворени играчки простории, интерактивни игри и тематски зони, со активности како креативни работилници, раскажување приказни, мини-спортови и игри на отворено. Програмите се прилагодени на возраста и се водени од тим за работа со деца.
За целото семејство е достапен и Family Club, простор со lounge зони, друштвени игри, креативни катчиња и активности како филмски вечери и тематски настани.
Ресторани и забава
Гастрономската понуда е комбинација од локални балкански вкусови и интернационална кујна. Главниот ресторан Tarchin нуди богат buffet за појадок и вечера, со сезонски состојки и европски и балкански специјалитети.
За поелегантно гастрономско искуство, во зимската сезона достапен е и Gourmet à la Carte ресторан, со внимателно избрано интернационално мени и селекција на квалитетни вина. На располагање е и Lobby Bistro & Bar за опуштено кафе, пијалак или дружење.
Во зимската сезона хотелот обезбедува бесплатен, организиран шатл-превоз до и од станицата на ски-гондолата, што овозможува лесен пристап до скијачките терени.
SPA Resort St. Ivan Rilski е одличен избор за семеен планински одмор во Банско – со пространи соби и апартмани, голем SPA центар, загреани базени, посебна зона за возрасни, Kids Club и All Inclusive концепт.
Regnum Bansko Mountain Resort е одличен избор за оние кои сакаат повеќе од класичен планински хотел – пространи апартмани, модерен SPA, термален комплекс, Kids Club, и богата гастрономија.
Хотелот се наоѓа на околу 380 метри од ски-лифтот и на околу 10 минути пеш од главната улица „Пирин“, што го прави практичен избор за зимски одмор и скијање.
Sunrise Park & Spa е одличен избор за зимски одмор во Банско, особено за семејства кои сакаат комбинација од удобен хотел, близина до ски-лифтот, SPA и релаксација.
Банско, Бугарија
Декември 2026 - Март 2027
Сопствен превоз
Одличен избор!
Ние гарантираме за заштитата на вашите лични податоци. Овие податоци ќе бидат искористени од нашиот тим исклучиво само за да ве контактираме.