SPA Resort St. Ivan Rilski е четиризвезден планински SPA ресорт во Банско, сместен во подножјето на Пирин, на околу 10 минути од ски-лифтот. Комплексот се простира на 16.000 м² и комбинира алпска архитектура со современ ентериер, природно дрво, камен и многу светлина. Хотелот е целосно реновиран во 2021 година и работи во текот на целата година, со можност за All Inclusive и Half Board престој.
Сместување
Ресортот располага со 109 хотелски соби, а во комплексот се наоѓаат и 4 вили со вкупно 162 апартмани, од кои дел се достапни за хотелско сместување. Собите се пространи, светли и модерно уредени, со поглед кон околните планини и сите потребни удобности за пријатен престој.
Една од главните предности на St. Ivan Rilski е можноста за All Inclusive престој. Концептот вклучува појадок, попладневна ужина и вечера, со buffet понуда, show cooking, локални специјалитети, детски јадења и избор на пијалаци. Во летниот период е достапен и Pool Bar.
SPA & Wellness
SPA центарот на St. Ivan Rilski се простира на повеќе од 1.000 м², на две нивоа, и е еден од главните адути на ресортот. На располагање се загреан Aquatonic базен со 82 хидромасажни млазници, џакузи, надворешен загреан базен и џакузи, како и простор за релаксација.
SPA зоната располага со финска сауна со панорамски поглед кон Пирин, ароматична парна бања, хамам, масажни простории и разновидни третмани за лице и тело. Посебно издвоена е Adults Only SPA зоната, наменета за гости над 16 години, со билна и солена сауна, ароматична парна бања, лакониум и релакс зона со камин.
Детски содржини
St. Ivan Rilski е одличен избор за семејства со деца. Во рамките на комплексот има Kids Club и детско игралиште, каде најмладите можат да поминуваат време во игра и различни активности. На располагање има и семејни содржини и активности кои го прават престојот интересен за сите генерации.
Дополнителна предност е што хотелот има и посебно мени за деца во рамките на All Inclusive концептот.
Ресторани и забава
Главниот ресторан Chef’s Kitchen нуди модерен гастрономски концепт со свежо подготвена храна, show cooking и buffet понуда. За вечера се подготвуваат локални специјалитети и различни интерпретации на јадења од страна на главниот готвач, а достапни се и детски менија.
За пријатни моменти во текот на денот, гостите можат да уживаат во Panorama Lobby Bar, додека Rustic Lounge Bar нуди поопуштен амбиент со удобен ентериер и различни игри за гости од сите возрасти.
SPA Resort St. Ivan Rilski е одличен избор за семеен планински одмор во Банско – со пространи соби и апартмани, голем SPA центар, загреани базени, посебна зона за возрасни, Kids Club и All Inclusive концепт. Тоа е хотел кој овозможува и активен ден на планината и целосна релаксација без да мора да го напуштите комплексот.
SPA Resort St. Ivan Rilski е одличен избор за семеен планински одмор во Банско – со пространи соби и апартмани, голем SPA центар, загреани базени, посебна зона за возрасни, Kids Club и All Inclusive концепт.
Regnum Bansko Mountain Resort е одличен избор за оние кои сакаат повеќе од класичен планински хотел – пространи апартмани, модерен SPA, термален комплекс, Kids Club, и богата гастрономија.
Хотелот се наоѓа на околу 380 метри од ски-лифтот и на околу 10 минути пеш од главната улица „Пирин“, што го прави практичен избор за зимски одмор и скијање.
Sunrise Park & Spa е одличен избор за зимски одмор во Банско, особено за семејства кои сакаат комбинација од удобен хотел, близина до ски-лифтот, SPA и релаксација.
Банско, Бугарија
Декември 2026 - Март 2027
Сопствен превоз
Одличен избор!
Ние гарантираме за заштитата на вашите лични податоци. Овие податоци ќе бидат искористени од нашиот тим исклучиво само за да ве контактираме.