Sunrise Park & Spa е четиризвезден хотел сместен во мирниот дел на Банско, на само 5 минути пеш од историскиот центар и околу 400 метри од станицата на ски-лифтот. Хотелот е опкружен со зеленило и голема градина, а во архитектурата и ентериерот се користени природни материјали кои создаваат топол и пријатен планински амбиент.
Сместување
Sunrise Park & Spa располага со различни типови соби и апартмани, погодни и за парови и за семејства. Меѓу сместувачките единици се Studio, двособни апартмани и Maisonette со две спални. Студиото е со површина од околу 25 м², со две одделни легла, простор за дополнително лице, бања, телевизор, минибар, чајник и бесплатен Wi-Fi.
Апартманите нудат значително повеќе простор и се практичен избор за семеен престој, а дел од сместувачките единици имаат поглед кон планината.
SPA & Wellness
Хотелот располага со целосно опремен SPA и Relax центар, создаден за релаксација по ден поминат на скијачките патеки. Во него се наоѓаат затворен базен, сауна, парна бања, џакузи, простор за релаксација и фитнес опрема.
На гостите им се достапни и масажи и козметички третмани, со кои престојот може да се надополни со дополнителна релаксација и нега.
Детски содржини
Sunrise е погоден за семејства со деца, а во хотелот има надворешно детско игралиште и голема зелена градина од околу 1.800 м², каде децата можат слободно да играат и да поминуваат време на свеж воздух.
Дополнителна предност е и близината до ски-лифтот, што го прави хотелот практичен избор за семејства кои сакаат децата да уживаат во првите скијачки искуства.
Ресторани и забава
Во рамките на хотелот се наоѓа ресторан, како и 24-часовен Lobby Bar, погоден за кафе, пијалак и опуштено дружење во текот на денот. Гостите имаат и пријатна градина со BBQ простор, што дополнително го збогатува престојот во потоплите месеци.
Една од главните предности на Sunrise е неговата локација — хотелот е на околу 400 метри од станицата на лифтот, а до гондолата се обезбедува и шатл-превоз за гостите. Во хотелот има и простор за чување ски-опрема.
SPA Resort St. Ivan Rilski е одличен избор за семеен планински одмор во Банско – со пространи соби и апартмани, голем SPA центар, загреани базени, посебна зона за возрасни, Kids Club и All Inclusive концепт.
Regnum Bansko Mountain Resort е одличен избор за оние кои сакаат повеќе од класичен планински хотел – пространи апартмани, модерен SPA, термален комплекс, Kids Club, и богата гастрономија.
Хотелот се наоѓа на околу 380 метри од ски-лифтот и на околу 10 минути пеш од главната улица „Пирин“, што го прави практичен избор за зимски одмор и скијање.
Sunrise Park & Spa е одличен избор за зимски одмор во Банско, особено за семејства кои сакаат комбинација од удобен хотел, близина до ски-лифтот, SPA и релаксација.
Банско, Бугарија
Декември 2026 - Март 2027
Сопствен превоз
Одличен избор!
Ние гарантираме за заштитата на вашите лични податоци. Овие податоци ќе бидат искористени од нашиот тим исклучиво само за да ве контактираме.