Сместен непосредно до медитеранското крајбрежје, во срцето на шармантното летувалиште Calella, Hotel Espanya by ALEGRIA 3* е одличен избор за летен одмор исполнет со сонце, море и автентична шпанска атмосфера. Благодарение на својата одлична локација- на само неколку чекори од плажата, хотелот овозможува брз пристап до песочната плажа, крајбрежното шеталиште, локалните ресторани, кафулињата и продавниците.
Хотелот располага со комфорни, климатизирани соби, опремени за пријатен престој, а дел од нив нудат балкон и прекрасен поглед кон море. Една од најатрактивните содржини е базенот на покривот, каде што гостите можат да се релаксираат под сончевите зраци и да уживаат во погледот кон морето. За љубителите на добрата храна, хотелскиот ресторан нуди разновидни локални и интернационални специјалитети на база на шведска маса, додека барот е идеално место за освежување во текот на денот.
Calella е позната по своите долги плажи, пријатната медитеранска атмосфера и живописниот стар град, кој нуди бројни можности за прошетки и откривање на локалната култура. Одличната железничка поврзаност овозможува и организирање излети до Барселона, како и истражување на други интересни места долж каталонското крајбрежје.
Hotel Espanya by ALEGRIA 3* е идеален избор за патници кои сакаат да бидат во непосредна близина на морето, да уживаат во удобен престој и да ја доживеат Шпанија преку нејзините плажи, гастрономија и опуштен медитерански ритам.
| Датум: | 17.06.-09.09.2027 |
| Цени: | од 579€ по лице |
| Во цената е вклучено: |
|
| Во цената не е вклучено: |
|
*Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон +38971330089.
Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди
Тргнување во утринските часови со автобус од Коста Брава.
По пристигнувањето во Барселона, се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.
Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.
Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера.
И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот.
Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.
Враќање на Коста Брава во вечерните часови.
📌 Цена на излетот: 65 €
👶 Деца до 12 години: 35 €
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.
Времетраење: 1,5 часа
Тргнување во утринските часови од Коста Брава.
Патувањето нè води кон бајковитата Ѓирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедрала, со право наречена „Бисерот на круната на Ѓирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада во светот – широка дури 55 метри.
Ќе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за индивидуални активности.
Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела Шпанија.
Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот, со необичната и уникатна поставка од делата на овој генијален уметник.
По посетата следува слободно време во Фигерас и потоа враќање на Коста Брава во вечерните часови.
📌 Цена на излетот: 75 €
👶 Деца до 12 години: 40 €
| Дата | Ноќи | Возрасно лице | 3- то Возрасно лице |
Цена на дете (2-11,99) |
Еднокреветна Соба |
| 17.06 – 24.06 | 7 | Early bird- 579€ Редовна цена – 599€ |
Early bird- 529€ Редовна цена – 549€ |
Early bird- 439€ Редовна цена – 459€ |
40 евра/ноќ |
| 24.06 – 01.07 | 7 | Early bird- 569€ Редовна цена – 639€ |
Early bird- 529€ Редовна цена – 589€ |
Early bird- 449€ Редовна цена – 489€ |
40 евра/ноќ |
| 01.07 – 08.07 | 7 | Early bird- 599€ Редовна цена – 659€ |
Early bird- 559€ Редовна цена – 609€ |
Early bird- 479€ Редовна цена – 509€ |
40 евра/ноќ |
| 08.07 – 15.07 | 7 | Early bird- 629€ Редовна цена – 689€ |
Early bird- 589€ Редовна цена – 639€ |
Early bird- 499€ Редовна цена – 539€ |
40 евра/ноќ |
| 15.07 – 22.07 | 7 | Early bird- 649€ Редовна цена – 699€ |
Early bird- 609€ Редовна цена – 659€ |
Early bird- 519€ Редовна цена – 559€ |
40 евра/ноќ |
| 22.07 – 29.07 | 7 | Early bird- 679€ Редовна цена – 729€ |
Early bird- 629€ Редовна цена – 679€ |
Early bird- 549€ Редовна цена – 579€ |
40 евра/ноќ |
| 29.07 – 05.08 | 7 | Early bird- 679€ Редовна цена – 729€ |
Early bird- 629€ Редовна цена – 679€ |
Early bird- 549€ Редовна цена – 579€ |
40 евра/ноќ |
| 05.08 – 12.08 | 7 | Early bird- 679€ Редовна цена – 729€ |
Early bird- 629€ Редовна цена – 679€ |
Early bird- 549€ Редовна цена – 579€ |
40 евра/ноќ |
| 12.08 – 19.08 | 7 | Early bird- 649€ Редовна цена – 709€ |
Early bird- 609€ Редовна цена – 659€ |
Early bird- 519€ Редовна цена – 559€ |
40 евра/ноќ |
| 19.08 – 26.08 | 7 | Early bird- 619€ Редовна цена – 679€ |
Early bird- 679€ Редовна цена – 629€ |
Early bird- 499€ Редовна цена – 529€ |
40 евра/ноќ |
| 26.08 – 02.09 | 7 | Early bird- 579€ Редовна цена – 649€ |
Early bird- 539€ Редовна цена – 599€ |
Early bird- 459€ Редовна цена – 499€ |
40 евра/ноќ |
| 02.09 – 09.09 | 7 | Early bird- 569€ Редовна цена – 599€ |
Early bird- 529€ Редовна цена – 549€ |
Early bird- 439€ Редовна цена – 459€ |
40 евра/ноќ |
Искористи Early Bird попуст до 31.03.2027!
Искористи Early Bird попуст до 31.03.2027!
Искористи Early Bird попуст до 31.03.2027!
Искористи Early Bird попуст до 31.03.2027!
Искористи Early Bird попуст до 31.03.2027!
Искористи Early Bird попуст до 31.03.2027!