Конектиран City Break: Валенсија + Мадрид
Доживејте две од највпечатливите шпански дестинации во едно незаборавно патување. Започнете во Валенсија – град кој совршено ги спојува модерната архитектура, златните плажи, богатата историја и вкусната медитеранска кујна. Прошетајте низ стариот град, посетете го спектакуларниот комплекс „Град на уметностите и науките“ и уживајте во автентичната паеља, која токму тука го има своето потекло.
Патувањето продолжува во Мадрид – енергичната престолнина на Шпанија, позната по своите величествени булевари, кралски палати, светски познати музеи и живописни плоштади. Истражете ја богатата култура, уживајте во традиционалните тапаси и почувствувајте ја уникатната атмосфера што го прави овој град една од најпосетуваните европски метрополи.
Овој конектиран city break е идеален избор за сите кои сакаат да искусат две различни лица на Шпанија – медитеранската опуштеност на Валенсија и динамичниот ритам на Мадрид – во едно комплетно и незаборавно патување.
| Датум: |
09.10 – 14.10.2026
|
| Цена: |
- 699€ пo лице
- Еднокреветна (SGL) соба: 999 €
- 95€ за деца до 02 години
|
| Во цената е вклучено: |
- Организиран автобуски трансфер Скопје – Тирана
- Авионски билет Тирана – Валенсија
- Авионски билет Мадрид – Скопје
- Трансфер аеродром – хотел во Валенсија
- Трансфер хотел – аеродром во Мадрид
- Билет за брз воз Валенсија – Мадрид
- 3 ноќевања со појадок во Hotel Beleret 3* – Валенсија
- 2 ноќевања со појадок во Hotel Porcel Torre Garden 3* – Мадрид
- Лиценциран водич
|
| Во цената не е вклучено: |
- Туристичка такса за хотелското сместување во Валенсија (се плаќа на рецепција)
- Факултативен излет „Валенсија низ историјата“ – 35 €
- Факултативен излет Бенидорм и Аликанте – 80 €
- Факултативен разглед на Мадрид – 35 €
- Организирана посета на Фламенко шоу (цена од 35 € – во зависност од местото на седење со вклучен пијалак)
- Индивидуални влезници за Сантијаго Бернабе 45 € и Кралската Палата 40 €
- Патничко осигурување (препорачуваме негово склучување)
- Метро или локален превоз
Можност за попуст / пакет факултативни екскурзии доколку се уплатат сите екскурзии
|
* Агенцијата го задржува правото да ја откаже турата доколку нема пријавени повеќе од 20 патници.
Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон 071/330-089.
09.10.2026
- Поаѓање околу 12:00 часот од Скопје со организиран автобуски превоз до Тирана.
- Лет Тирана – Валенсија 19:00 – 22:00
- По пристигнувањето следува трансфер до хотелот, сместување и ноќевање.
10.10.2026
- Појадок.
- Слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативен излет:
- Валенсија низ историјата – пешачка тура
Турата започнува кај Torres de Serranos, една од највпечатливите знаменитости на Валенсија и дел од некогашните градски ѕидини.
Продолжуваме кон Plaza de la Virgen, едно од најстарите и најубавите градски плоштади, каде се наоѓа прекрасната Фонтана Турија, како и Катедралата на Валенсија, во која, според преданието, се чува Светиот Грал.
За љубителите на панорамски погледи, постои можност за искачување на Кулата Мигелете (214 скали).
Следува прошетка низ Barrio del Carmen, најшармантниот кварт во градот, исполнет со тесни улички, историски фасади и бројни локални приказни. Тука се наоѓа и најтесната куќа во Европа, широка само 107 сантиметри.
Продолжуваме кон Централниот пазар (Mercado Central) – едно од најубавите гастрономски места во Шпанија.
Ќе ја посетиме и Lonja de la Seda, готско архитектонско ремек-дело под заштита на УНЕСКО, како и прекрасниот Mercado de Colón, симбол на валенсискиот модернизам.
Следува разгледување на Градот на уметностите и науките (Ciudad de las Artes y las Ciencias) – спектакуларен комплекс дизајниран од светски познатиот архитект Сантјаго Калатрава, како и прошетка низ уникатниот парк долг 9 километри, изграден во поранешното корито на реката Турија.
За крај ќе имаме можност да ги пробаме двата најпознати локални пијалаци: Agua de Valencia, Horchata
11.10.2026
- Појадок.
- Слободен ден или можност за целодневен факултативен излет во:
- Бенидорм & Аликанте
Бенидорм, оддалечен околу 130 километри од Валенсија, е едно од најпознатите туристички места во Шпанија, кое годишно го посетуваат повеќе од 8 милиони туристи.
Следува прошетка низ старото градско јадро и слободно време.
Потоа патувањето продолжува по прекрасната Costa Blanca (Белата обала) кон Аликанте.
Во Аликанте ќе ја посетиме величествената тврдина Санта Барбара, која доминира над градот, а потоа ќе прошетаме низ живописниот кварт Santa Cruz, познат по белите куќи, шарените фасади и тесните медитерански улички.
Ќе ја посетиме и Катедралата Свети Никола, како и градското јадро, по што продолжуваме кон најпознатото шеталиште во градот – Esplanada de España, изработено од повеќе од 6,6 милиони мермерни плочки.
Прошетката завршува на плажата Playa del Postiguet, каде ќе имате слободно време за ручек, кафе или уживање во некој од локалните тапас барови.
- Во попладневните часови враќање во Валенсија.
- Ноќевање.
12.10.2026
- Појадок.
- По појадокот се упатуваме кон железничката станица, од каде со брз воз патуваме кон Мадрид.
- По пристигнувањето следува сместување во хотел.
- Слободно време за индивидуални активности или можност за организирана вечерна посета на традиционално Фламенко шоу (Опционално).
- Ноќевање.
13.10.2026
Појадок.
- Можност за целодневен факултативен разглед на Мадрид.
- Во текот на разгледот ќе ги посетиме:
*Gran Vía
*Фонтаната Сибелес
*Puerta de Alcalá
*Паркот Ретиро
*Музејот Прадо (можност за индивидуална посета)
*Фонтаната Нептун
*Plaza Mayor
*Puerta del Sol
- Во текот на денот ќе имаме време за прошетка низ локалните пазари, тапас барови и автентичната гастрономија по која Мадрид е препознатлив.
- Ноќевање.
14.10.2026
- Појадок.
- Одјавување од хотелот.
- Слободно време или можност за посета на:
*Кралската палата
*Стадионот Santiago Bernabéu
- Според договореното време со организиран трансфер се упатуваме кон Аеродромот и со директен лет од Мадрид се враќаме за Скопје.
Толедо „Градот на трите култури“ - 85 €
Еднодневна тура од Мадрид до Толедо — градот на Ел Греко и трите култури
Откријте го магичниот Толедо — градот на уметноста, историјата и незаборавните панорами! Само 30 минути (70km) од Мадрид, оваа еднодневна тура ви овозможува да го доживеете срцето на Шпанија во еден ден.
Што ќе посетиме:
• Катедралата во Толедо — готски бисер со над 250 години историја
• Музејот на Ел Греко — откријте го генијот на овој грчко-шпански уметник токму таму каде што живеел и творел
• Црквата Санто Томе — дом на ремек-делото „Погребот на грофот од Оргаз“
• Еврејската четврт — прошетка низ калдрмисани улици со вековна традиција
• Музејот на манчего сирењето — дегустација на автентични вкусови од регионот Ла Манча
• Поглед од Мирадор дел Ваље — спектакуларна панорама на градот од височина
Историска магија
Преку историјата, многу народи го освојувале Толедо (Римјани, Визиготи, Мавари…) и сите тие оставиле свој белег во развојот на градот. Толедо останал престолнина на Шпанија сè до 1561 година, кога таа улога ја презема Мадрид. Денес, Толедо е жив музеј под отворено небо — секој камен раскажува приказна.
Зошто Толедо?
Толедо е познат како „Градот на трите култури“ — христијанска, муслиманска и еврејска — кои оставиле трајни белези во архитектурата, уметноста и духот на градот. Ел Греко, еден од највлијателните уметници во историјата, го избрал токму Толедо за свој дом и инспирација.
Вкус и традиција
Ќе уживаме во локални специјалитети, вклучувајќи манчего сирење и традиционални тапаси, во автентична таверна во старата градска јадрова.
Времетраење:
Турата започнува во 9:00 часот од Мадрид и се враќаме околу 17:00 часот. Вклучен е водич, превоз.
Пешачка тура во срцето на Мадрид со водич - 40 €
Пешачка тура низ срцето на Мадрид (4 часа)
Шпанскиот плоштад (Plaza de España)
Започнуваме на еден од највеличествените плоштади во Мадрид, каде зеленилото, фонтаните и архитектурата создаваат совршен амбиент за првиот впечаток од градот.
Споменикот на Мигел де Сервантес
Тука ќе го сретнеме славниот автор на „Дон Кихот“, опкружен со неговите легендарни ликови — идеално место за фотографија и кратка приказна за шпанската литература.
Гран Виа (Gran Vía)
Прошетка по најживата улица во Мадрид, каде што архитектурата од 20-тиот век се меша со модерни театри, продавници и градски пулс — вистински „шпански Бродвеј“.
Калје Мајор (Calle Mayor)
Историска улица која води кон срцето на стариот Мадрид — ќе ја почувствувате душата на градот низ фасадите, малите дуќани и приказните од минатото.
Пуерта дел Сол (Puerta del Sol)
Најпознатиот плоштад во Шпанија — тука се наоѓа „нулта точка“ од која се мерат сите патишта, како и симболот на Мадрид: мечката и дрвото јагода.
Плоштадот Сибелес (Plaza de Cibeles)
Завршуваме со спектакуларен поглед кон фонтаната Сибелес и импресивната градска палата — место каде Мадрид слави победи и љубов кон својот град.
Музеј Прадо: 20 €
Музејот Прадо во Мадрид е еден од најпознатите уметнички музеи во светот. Во него се изложени слики и уметнички дела од познати уметници како Веласкез, Гоја, Ел Греко и Рубенс. Посетителите можат да уживаат во уметност од шпанската и европската историја, стари стотици години. Прадо е совршено место за љубителите на уметноста и историјата!
Кралска палата во Мадрид (Royal Palace of Madrid) : 40 €
Кралската палата во Мадрид е вистинска дестинација што ќе ги воодушеви вашите очекувања. Оваа импозантна резиденција, една од најголемите во Европа, нуди ретка можност да прошетате низ кралски сали, уметнички галерии и церемонијални простории богати со историја и раскош. Идеално за патници што сакаат култура, уметност и архитектура – палатата е незаборавен поглед во шпанското кралско наследство.
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
- Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од моменталната расположливост. Не е можно да се резервира одреден кат или страна.
- Пасошот мора да има важност најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
- Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
- При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
- Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
- Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.
- Организаторот на патувањето го задржува правото да ги понуди и продаде слободните места по специјални “ultrafirst” или “last minute” понуди, по цени кои може да се разликуваат од веќе објавените.
- Патниците кои го уплатиле аранжманот според редовниот ценовник немаат право на поврат или надомест на средства по основ на разликата во цената.