Септември е совршено време за откривање на Париз – кога летната гужва стивнува, а градот блеска во мирна, есенска светлина. Уживајте во прошетки по неговите шармантни улици, низ скриените агли исполнети со историја и романтика. Париз во септември нуди поинакво, посмирено лице – идеално за оние кои сакаат вистински да го почувствуваат неговиот дух.
Откријте скриени богатства и уживајте во есенските нијанси на Париз. Сместен на реката Сена, овој град е еден од најпознатите и најатрактивните во светот, со причина наречен Град на љубовта.
Списокот на работи што треба да ги видите во Париз е бескраен, но не пропуштајте го Лувр – музеј кој претставува вистински храм на уметноста и културата. Септември е идеално време за посета, бидејќи редовите се пократки, а доживувањето поинтимно. Со својата богата историја и архитектонско наследство, Париз е дестинација која секој сонува да ја види барем еднаш во животот.
Доколку патувате со деца, не заборавајте да го посетите Дизниленд. Септемвриските денови се совршени за авантури без гужви – ролеркостери, омилените Дизни ликови и магија која ќе остане врежана во меморијата на вашето семејство. Подарете им незаборавно искуство кое ќе го паметат цел живот.
Датум: | 06.09 – 09.09.2025 |
Цена: | 529€ за возрасно лице |
Во цената е вклучено: | Повратен авионски билет |
Во цената не е вклучено: | Туристичка такса – ден/по лице |
Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон 071/330-089.
Авантура во градот на светлината! Париз – со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости е еден од најкомплетните градови на Светот. На ова патување ќе го доживеете Париз како локалец. Нашиот тим ќе ве однесе на најпознатите места, во скриени локални ресторани каде ќе може да го вкусите најдоброто вино и сирење и ќе ви ја открие убавината на францускиот начин на живеење. По се ова, просто е невозможно да не се заљубите во овој град.
Лувр е еден од најпознатите музеи во светот, сместен во Париз, Франција. Некогашна кралска палата, денес се гордее со богата колекција на уметнички дела, вклучувајќи ремек-дела како што се “Мона Лиза” и “Венера од Милос”. Неговата монументална стаклена пирмида на влезот стана симбол на модерниот Лувр. Со милиони посетители годишно, Лувр не само што го чува уметничкото наследство, туку и нуди увид во историјата на уметноста низ вековите.
Дворецот Версај, е едно од најимпресивните и најзначајните архитектонски остварувања во светот. Изградбата почнала во 1661 година под покровителство на кралот Луј XIV, кој го користел како резиденција и симбол на неговата моќ. Дворецот е познат по своите раскошни соби, украсени со златни детали и уметнички дела, како и по прекрасните градини кои го опкружуваат.
Градините на Версај, дизајнирани од познатиот уметник Андре Ленотр, се во стил на француска барокна уметност и вклучуваат фонтаните, статуите и уредените алеи. Дворецот и неговите градини привлекуваат милиони посетители секоја година, нудејќи им уникатно искуство на историјата и уметноста.
Ајфелова кула, симболот на Париз и Франција, е една од најпознатите структури на светот. Изградена е меѓу 1887 и 1889 година за Светската изложба во Париз, по повод 100-годишнината од Француската револуција. Кулата е дизајнирана од инженерот Густав Ефел и има висина од 300 метри, што ја прави највисоката зграда во светот до 1930 година.
Кулата се состои од три нивоа, при што на највисокото се нудат спектакуларни погледи на градот. Посетителите можат да се искачат пешки или да користат лифтови за да стигнат до платформите. Ефелова кула е исто така позната по своите ноќни осветлувања, што создава магична атмосфера.
Со милиони посетители годишно, оваа икона не само што е туристичка атракција, туку и важен дел од француската култура и историја.
Реката Сена е една од најзначајните природни атракции во Париз и игра важна улога во историјата и културата на градот. Со должина од околу 777 километри, Сена тече низ срцето на Париз, разделувајќи го градот на левиот и десниот брег.
Сена е популарна дестинација за бродски тури, кои овозможуваат уникатен поглед на градот од водата. Овие тури често се особено спектакуларни навечер, кога знаменитостите се осветлени. Реката е и важен дел од секојдневниот живот на Париз, со локални жители кои се шетаат по нејзините брегови, уживајќи во убавината на околината.
Дојдете и уживата во магичната бака каде ќе имате можност да ги запознаете историските Mickey & Minnie Mouse, да подете на кафе со Снежана, Ариел, Елза и Ана, да се поздравите со Аладин, да уживате и танцувате на невероатната парада со сите дизни ликови. Едноставно авантурата во Дизниленд започнува уште пред да влезете во паркот. Магично несекодневно искуство за целото семество!