Доживеј ја Барселона како никогаш досега!

Барселона претставува скапоцен камен на Медитеранот. Жив град, полн со приказни за раскажување и уникатни искуства за уживање. Тоа е космополитска и културна дестинација која ги задржува своите традиционални корени.

Барселона е синоним за Медитеранот, што ја прави еден од главните туристички, економски, трговски и културни центри во светот. Нејзиниот годишен временски просек од 20ºc  ја прави совршена за уживање во активен животен стил на отворено. Барселона е град со широк спектар на оригинални опции за слободно време кои ве поттикнуваат да ја посетувате одново и одново. Барселона ги привлекува посетителите кон своите познати знаменитости, како што се Саграда Фамилија, Парк Гуел, Куќата на Батло и Ла Педрера. Прошетка покрај морскиот брег, вечерни часови на тераса на покривот со поглед на хоризонтот на градот, пространи паркови како што се Parc de Montjüic или Ciutadella, пристаништето, олимпиското село и низа други опции се само дел од новите искуства кои може да ги доживеете при секоја посета. За обожавателите на сонцето, Барселона е токму она што го барате! Нејзиното крајбрежје се протега на 4,5 километри и им нуди на туристите широк спектар на одлични плажи.

Кулинарските специјалитети се исто така разновидни, со светски познати ресторани за висока кујна, традиционални каталонски јадења, пазари за храна и други места кои ве носат низ светот со нивните вкусови. Со поглед на Средоземното Море и позната по Гауди и другата Арт Нову архитектура, Барселона е еден од најмодерните градови во Европа.

Датум:

24.05 – 27.05.2025

Цена:

539€ по лице
489€ за деца 02-12 години
80€ за деца до 02 години

Во цената е вклучено:

Повратен авионски лет од Скопје
Аеродромска такса
3 ноќевања со појадок во Euro Hotel Gran Via Fira 4* и Hotel Arya 3*
Трансфер од аеродром – хотел – аеродром

Во цената не е вклучено:

Туристичка такса
Факултативни излети
Патничко осигурување
Локален транспорт: метро или автобуски билети

Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон 071/330-089.

24.05.2025
Пристигнување на аеродромот во Скопје – 2 часа пред летот.

Поаѓање со авиокомпанијата Wizz Air во 18:50 ч.

Слетување во Барселона во 21:40 ч.

Трансфер до хотелот и сместување.

Ноќевање.

Слободно време (препорачуваме факултативни излети до познати атракции во Барселона).
25.05.2025
Појадок во хотелот.

09:30 ч. – Факултативна екскурзија – Панорамска Барселона
Внимателно осмислена обиколка која вклучува:

Споменикот на Колумбо

Ридот Монжуик со еден од најубавите видиковци во градот

Олимпискиот стадион

Плоштадот Еспања и поранешната арена за борба со бикови

Авенијата Пасео де Грасија

Гаудијевите ремек-дела: Casa Batlló и Casa Milà (La Pedrera)

Импресивната Sagrada Familia

Слободно време за ручек, прошетка низ центарот и препораки за дегустација на традиционална шпанска кујна.

17:00 ч. – Факултативна тура – Готска четврт (наша препорака)
Историска прошетка низ срцето на Барселона, водена од локални водичи.
Ќе се запознаете со најважните моменти од историјата на Шпанија, Каталонија и Барселона.

Дополнително ќе препорачаме неколку rooftop барови со спектакуларен поглед кон градот.

Ноќевање.
26.05.2025
Појадок во хотелот.

Факултативна посета на Аквариумот во Барселона – еден од најголемите во Европа.

Факултативна тура – Парк Гуељ
Единствениот парк дизајниран од Антонио Гауди – вистинска уметност во природа.

Реализација на факултативата Фламенго шоу ( со претходна резервација )само за пријавените или
слободно време за индивидуални активности и дополнителни прошетки низ градот.

Враќање во хотелот.

Ноќевање.
27.05.2025
Појадок и одјава од хотелот.

Факултативен излет – Ѓирона и Фигерас

Ѓирона – прекрасен град во близина на француската граница, познат по една од најдобро сочуваните еврејски населби во Европа.

Патувањето продолжува кон Фигерас – родното место на Салвадор Дали.
Посета на Музејот на Дали, сместен во неговата семејна куќа – уникатна уметничка целина од различни креативни фази.

Околу 18:00 ч. – Враќање во хотелот и трансфер до аеродромот Ел Прат (Барселона).

Вечерен лет за Скопје.

Барселона Панорамика - 55€, деца од 2-12 плаќаат 50%

Целодневен разглед на Барселона и посета на споменикот Коломбо, ридот Монтјуик – панорамски поглед, Олимписки стадион, Магични Фонтани, Плоштад Еспања, Гран Виа, Пасео де Грација, Каса Батло – Гауди, Каса Педрера – Гауди, Саграда Фамилија – Гауди и слободно времена Плоштад Каталуња.

Времетраење: 4 часа

Аквариум Барселона - 30€, деца од 2-10 години - 20 €

Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.

Времетраење: 1,5 часа

Музеј Дали + Герона - 80 €, деца од 2-12 години - 60 €

Откријте го музејот Салвадор Дали во Фигерес и магичниот средновековен град Жирона, двете од најпознатите атракции во северна Каталонија.

Музеј на Дали – е музеј на уметникот Салвадор Дали во неговиот роден град Фигереш, во Каталонија, Шпанија. Срцето на музејот е градскиот театар што Дали го знаел како дете. Музејот ја прикажува единствената најголема и најразновидна колекција на дела на Салвадор Дали.

Херона – позната по својата средновековна архитектура, заграден со ѕидови Стариот кварт (Бари Вел) и римските остатоци од тврдината Форца Вела. Украсените градини се наредени низ Passeig Arqueològic, патека по средновековните ѕидини на Стариот кварт, кои вклучуваат караули со огромен поглед.

Времетраење: 7 часа

Готска Четврт - 30 €, деца од 2-12 години - 20 €

Готска четврт (El Gòtic) во Барселона е еден од најстарите и најфасцинантни делови на градот. Сместена во срцето на Стариот град (Ciutat Vella), таа претставува лавиринт од тесни, средновековни улици, полни со историја, уметност и архитектонски богатства. Во оваа четврт се наоѓаат некои од најважните знаменитости на Барселона, како што се Готската катедрала (La Catedral de Barcelona), Плоштадот Рејал (Plaça Reial), како и остатоци од римскиот град Барсино. Готската четврт денес е жив културен центар, исполнет со кафулиња, музеи, галерии и улични уметници, кои и даваат уникатна атмосфера.

Фламенго шоу во Барселона - на барање

Фламенго е страстен и емоционален танц кој потекнува од јужна Шпанија, но во Барселона можеш да доживееш незаборавно фламенго шоу во некои од најпознатите tablao места, како Tablao Cordobés или Palau Dalmases. Со живи звуци на гитара, пеење и динамични танцови чекори, шоуто нуди автентично доживување на шпанската култура што остава силен впечаток.

Парк Гуeљ (Parc Güell) - 23€

Парк Гуeљ е едно од најпознатите дела на Антонио Гауди и е симбол на модернистичката уметност во Барселона. Сместен на рид со поглед кон градот, паркот е познат по својата шарена мозаицирана тераса, фантастични скулптури и органски облици што се вклопуваат во природната околина. Тоа е магично место што ја прикажува креативноста на Гауди и нуди прекрасно место за прошетка и инспирација.

  • Пасошите мора да важат минимум 90 дена од моментот на напуштање на Шенген зоната.
  • Секој патник треба да има важечко патничко осигурување
  • Со резервацијата треба да се плати аванс од 30% од вкупната сума
  • Плаќањата во денарска противвредност ќе се пресметуваат со курс 1 ЕУР = 62 МКД