Tим Билдинг & Настани
Инспирирај, Мотивирај, Вклучи се, Патувај едноставно
Секој бизнис или организација знае дека силниот и сплотен тим е темел на долгорочниот успех.
Како искусна агенција која активно соработува со повеќе од 20 компании од Македонија и странство, горди сме што можеме да понудиме прилагодени настани според специфичните потреби и цели на секоја организација.
Без разлика дали сте во потрага по авантуристички, креативни, стимулативни или адреналински активности, можеме да изработиме tailor-made понуда и да го организираме целосно вашиот тим-билдинг настан во Македонија или во странство.
Изберете ги идеалните активности и дозволете ни да создадеме незаборавно искуство за вашиот тим!
Препознајте ги своите врвни партнери или најдобри вработени. Можеме да ви помогнеме да искреирате незаборавна програма за лојалност дизајнирана специјално да ги исполни вашите очекувања.
Дозволете ни да ви помогнеме со вашата програма за мотивација.
Деловните патувања се постојано променлива гранка во индустријата. Затоа е важно да се раководи со корпоративната програма за патување, овозможувајќи на вашите вработени подобар избор и подобра транспарентност во трошоците за патување.
Дозволете ни да ви покажеме колку едноставно е патувањето во деловниот свет.
Без разлика дали сте домаќин на конференција за 100 или 10.000, ние имаме искуство и ентузијазам за ефикасна реализација на било каков настан било каде во светот! Од планирање пред-настанот и избор на локација, до логистика на лице место и евалуација по-настанот, ние испорачуваме услуга која ќе обезбеди незаборавен настан кој ги надминува очекувањата!
Дозволете ни да ви помогнеме во реализацијата на вашиот следен настан!