Вила Лина – Метаморфози

Вила Лина - Метаморфози

Вила ЛИНА е во срцето на Метаморфози, каде и да одите морате да поминете од тука! Со својата извонредна местоположба на само 50 метри од песочната плажа ви нуди прекрасно сместување на самата обала. Со различните видови студија и апартмани, гостите можат да уживаат во пространите тераси, од кои повеќето нудат незаборавен поглед кон синото море или на живописниот градски парк.

Сите сместувачки капацитети, без исклучок, се опремени со целосна функционалност за да им овозможат на гостите највисоко ниво на удобност и практичност. Кујни, бањи, фен за коса, телевизори, WI-FI и клима уреди – сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што го прави престојот во Вила Лина не само удобен, туку и безгрижен.

 

Период на користење

23.05.2026 – 26.09.2026

Цени

Од 199 € за наем на апартман/студио за 7 ноќи

Сите цени за наем на апартман/студио може да го видите во делот “Ценовник“

*За повеќе информации и резервации испратете барање на следната е-пошта info@holiyaytravel.com или контактирајте не на +389 71 330089.

Цени за период

ТЕРМИН ОД:

НОЌИ

1/3 Студио (море)

1/4 Студио (море)

1/4 Апартман (странично море)

1/4 Апартман (море)

1/4 Дуплекс

23.05

7

199

219

249

259

269

30.05

7

269

299

319

369

379

06.06

7

329

379

409

439

459

13.06

7

389

429

459

489

519

20.06

7

439

479

509

549

579

27.06

7

489

509

559

629

659

04.07

7

519

549

619

659

679

11.07

7

549

589

649

679

699

18.07

7

569

619

669

699

739

25.07

7

569

619

669

699

739

01.08

7

569

619

669

699

739

08.08

7

569

619

669

699

739

15.08

7

569

619

669

699

739

22.08

7

529

559

619

659

699

29.08

7

439

479

539

569

629

05.09

7

369

389

449

459

519

12.09

7

279

309

369

379

429

19.09

7

239

259

279

299

329

26.09*

7

189

219

239

259

269

НАПОМЕНИ:

* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;

* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, односно исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);

* Туристичка такса се плаќа во агенција;

* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално време;

* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;

* Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро = 62,00 денари

* Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 620,00 денари (10 евра)

ПОПУСТИ:

* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;

* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;

* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:

* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:
* Уплата 50% од износот на аранжманот;
* Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рана резервација;
* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;

ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до влезот на вила Лина;
* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;

* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;

* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:

* 50 € возрасни (повратен билет) / 40 € возрасни (eден правец)

* 40 € деца од 2-12 год. (повратен билет) / 35 € деца од 2 – 12 години (еден правец)

* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)