Вила Порто Фино – Лефкада, Никиана

Вила Порто Фино B кат. – Никиана, сe наоѓа на главниот пат одалечена само 30 тина метри од најблиската песочна плажа. Во близина на вилата има пекара, супермаркет и неколку таверни. Вилата располага со 12 студија за 3 лица кои имаат 1 брачен кревет и еден  единечен кревет. Сите студија се опремени со кујна, клима (со доплата 5 еур/ден), телевизор и тераса, исто така вилата има и голем двор со тревна површина каде има скара и фурна кои гостите можат да ги користат.

Зошто ја одбравме за Вас Вила Порто Фино во местенцето Никиана на Лефкада?!
– одличен квалитет со 3 креветни студија идеални за фамилии (максимум капацитет 3+1дете до неполни 6год кое спие со родители)
– приватна плажа во непосредна близина на само 20м без гужвa
– идеална позиција на островот со еднаква оддалеченост од Нидри и главниот град Лефкас
– прекрасен простран двор за одмор и забава покрај зидана скара која е на располагање на гостите.

Никиана е мало рибарско место кое се наоѓа измеѓу главниот град Лефкас и Нидри. Ова место има идеална местоположба за сите оние кои сакаат да го истражуваат прекрасниот остров, исто така близината на главниот град дава можност за шопинг и ноќни забави. Поради прекрасната околина богата со вегетација и преполна со маслинови дрва Никиана стана една од омилените дестинации на Лефкада за сите оние кои сакаат релаксација и ослободување од стрес. Во Никиана има три различни поголеми песочни плажи и неколку мали романтични плажi на кои можете да уживате под природни сенки, исто така местото има автобуска постојка која Ви дава можност да ги посетите преубавите плажи и градови на Лефкада со автобус. Во Никиана можете да уживате во таверни кои служат прекрасна морска храна, кафе барови и супермаркети распоредени на главната улица и покрај плажата.

Климата е со доплата 5 Еур/ден. За уплата на 2 и повеќе термини одобруваме 7% попуст, доколку нема актуелен попуст

Првите три и последните три термина се промо цени и на нив не следува никаков попуст

  • -Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
  • -Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • -Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
  • -Туристичка такса 2еур по соба на ден, се плаќа на лице место

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 15.02.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2025

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.03.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.04.2025

Период на користење

28.05.2025 – 01.10.2025

Цени:

109 € за период 28.05.2025 – 04.06.2025
149 за период 04.06.2025 – 11.06.2025
189 за период 11.06.2025 – 18.06.2025
287 за период 18.06.2025 – 25.06.2025
341 за период 25.06.2025 – 02.07.2025
404 за период 02.07.2025 – 09.07.2025
431 за период 09.07.2025 – 16.07.2025
467 за период 16.07.2025 – 23.07.2025
467 за период 23.07.2025 – 30.07.2025
467 за период 30.07.2025 – 06.08.2025
467 за период 06.08.2025 – 13.08.2025
467 за период 13.08.2025 – 20.08.2025

449 за период 20.08.2025 – 27.08.2025
395 за период 27.08.2025 – 03.09.2025
339 за период 03.09.2025 – 10.09.2025
229 за период 10.09.2025 – 17.09.2025

179 за период 17.09.2025 – 24.09.2025
149 за период 24.09.2025 – 01.10.2025

 

 

*За повеќе информации и резервации испратете барање на следната е-пошта info@holiyaytravel.com или контактирајте не на +389 71 330089.

Во цената не е вклучен превоз.Повратен превоз до Лефкада чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада:

  • -Скопје (Дрводекор) – 70€ по лице
  • -Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -85€ по лице
  • -Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) -70€ по лице
  • -Дреново – 70€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:

  • -Битола (спортска сала)-60€ по лице
  • -Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -70€
  • -Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -70€ по лице
  • -Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -70€ по лице

– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
– Деца до 1,99 години бесплатно ( не користи седиште )

Време на поаѓање за Лефкада:

  • -01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
  • -01:45 h Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) трансфер до Битола
  • -12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
  • -02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
  • -03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
    -04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон)
  • -03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола
  • -02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
  • -02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансвер до Битола

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

* LOYALTY CARD попуст 7 % и не се комбинира со попустите за рана резервација или промо цените
* попустите не може да се комбинираат,
* Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет  (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести само дете до 1,99год
* Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
* Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),