Нова Година под Ајфеловата кула

Yay City Break – Париз

Париз за Нова година – магија на секој чекор

Јануари е прекрасно време за откривање на Париз – кога празничните светилки сè уште го обвиваат градот, а секое ќоше изгледа како сцена од зимска бајка. Снежните капки нежно паѓаат по авениите, кафулињата се исполнети со мирис на топло кафе и греано вино, а Париз зрачи со мир, елеганција и празнична магија.

Пешачете низ осветлените булевари, откријте ги шармантните галерии и книжарници, и запирајте на секое место што изгледа како да е создадено за новогодишна разгледница. Јануари е совршен за оние кои сакаат да го почувствуваат Париз тивко, романтично, и полека – со срце што сонува нови почетоци.

Посетете ги култните локации како Ајфеловата кула или Триумфалната порта, каде празничната атмосфера се меша со величието на историјата. Прошетајте низ снежните градини на Луксембург или се изгубете низ уметничкиот Монмартр, каде што зимата ѝ дава посебна димензија на парижката поезија.

Ако патувате со семејството, не пропуштајте го Дизниленд – јануарските денови се магични, а празничната програма нуди незаборавни моменти за сите генерации. Радоста, светлината и љубовта се присутни во секој агол – доволно е само да ги почувствувате.

Париз за Нова година не е само патување – тоа е доживување. Почувствувајте ја магијата.

Датум:

30.12 – 03.01.2026

Цена:

Редовна цена:

  • 739€ за возрасно лице ( со вклучена Дизниленд влезница )
  • 699€ цена за дете од 2 – 12 години ( со вклучена Дизниленд влезница )
  • 615€ за возрасно лице ( без Дизниленд влезница )
  • 579€ цена за дете од 2 – 12 години ( без Дизниленд влезница )
  • 80€ цена за дете до 2 години
Во цената е вклучено:
  • Повратен авионски билет
  • 4 ноќевања во  хотел Campanile 3* Porte de Bagnolet на база BB во Париз
  • Аеродромски такси
  • Трансфери од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
  • Влезница за Дизниленд парк
  • Придружник од агенција
Во цената не е вклучено:
  • Туристичка такса – 5,20 еур ден/по лице
  • Факултативни екскурзии и влезници
  • Патничко осигурување
  • Локален превоз: билети за метро или автобус

Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон 071/330-089.

30.12.2025
- Полетување од Скопје во 06:00 часот
- Пристигнување во Париз во 09:05 часот
- Трансфер до хотел
- Прошетка низ Montmartre: Истражете ја историската уметничка населба, која е срцето на париската уметност. Познат по своите улични уметници и уникатни кафулиња, Montmartre нуди совршена атмосфера за откривање на локалната култура.
Посета на базиликата Sacré Coeur: Од врвот на оваа величествена базилика, уживајте во панорамски поглед на целиот Париз. Вистинска слика за убавините на градот.
Прошетка низ Montmartre: Разгледување на шармантните улички исполнети со креативни уметници и малку продавнички кои го носат духот на Франција.
Посета на Moulin Rouge: Фото пауза и кратка пауза пред познатиот кабаре клуб, симбол на париското ноќно забавување.
Опционално: Посета на еден од многуте кафулиња или ресторани во центарот на Париз, уживајќи во француската кујна.
- Ноќевање во хотел
31.12.2025
- Појадок во хотел
- Пешачка тура со водич (факултативен излет)
- Посета на Нотр Дам: Прошетка околу катедралата Нотр Дам, една од најголемите и најубавите готски цркви во светот, лоцирана на островот Сите, значаен дел од париската историја и култура.

- Посета на Лувр (факултативен излет): За љубителите на уметноста, не постои подобро место од Лувр – најпознатиот музеј во светот, каде се чуваат безвременски уметнички дела како „Мона Лиза“ и „Венера Милоска“.
- Алтернатива за патници кои нема да влезат во Лувр:
- Прошетка и фото-пауза кај стаклената пирамида на Лувр и дворот Cour Napoléon
- Посета на Tuileries Garden – релаксирачка прошетка низ елегантните градини со поглед кон Сена и Place de la Concorde
- Кафе пауза во некое од историските кафулиња во околината на Лувр
- Прошетка покрај реката Сена, со можност за разгледување на уметници и сувенирски штандови
- Шопинг и прошетка низ Le Marais: Во зависност од интересите на групата, слободно време за шопинг во една од најживите и најмодерни париски четврти.

- Посета на Champs-Élysées: Прошетка по најпознатиот булевар во Париз, исполнет со продавници, ресторани и кафулиња. Март е период кога градот постепено се буди од зимската атмосфера и нуди посебен шарм.
- Опции за попладневни активности и слободно време за ручек:
Опција 1: Посета на Ајфеловата кула – фото пауза и можност за искачување со панорамски поглед кон Париз.
Опција 2: Посета на Christmas Market во Tuileries Garden и Ice Skating во La Défense.
- Новогодишна прослава:
Дочек на Новата година на Champs-Élysées / Arc de Triomphe со спектакуларно светлосно-звучно шоу и музика пред полноќ.
Во 00:00 – огномет / светлосен шоу кај Arc de Triomphe.
По дочекот – можност за вечера во ресторан, кафе или вечерна прошетка во Француската четврт.
Алтернатива: Новогодишна забава на брод (факултативно, со претходна резервација)
- Ноќевање во хотел
01.01.2026
- Појадок во хотел
- Утринска прошетка и посета на Луксембуршките градини (Jardin du Luxembourg) – едно од најубавите и најромантични зелени срца на Париз. Градините се создадени во 17 век по налог на кралицата Марија де Медичи и претставуваат совршен спој на француски и англиски стил.
- Луксембуршките порти се препознатливи по своите елегантни ковани железни решетки, симетричен дизајн и класичен париски стил. Тие не се само влез во градините, туку и симбол на париската елеганција и уреденост.
- Прошетка покрај фонтаните, статуите на кралици и писатели, како и можност за кратка пауза покрај прочуената Фонтана Медичи, која има посебна магија во зимскиот амбиент.
- Идеја за дополнителна посета во близина (по желба):
Латински кварт (Quartier Latin) – историска и жива париска четврт, позната по тесните улички, книжарници, кафулиња и универзитетската атмосфера.

или Пантеон – импресивен монумент каде што почиваат најголемите француски интелектуалци (Волтер, Русо, Мари Кири), со прекрасен поглед кон градот.

- Слободно време – можност за ручек во автентичен ресторан, кафе во локално бистро или индивидуална прошетка низ централниот дел на Париз.
- Крстарење по реката Сена (факултативен излет) – доживејте ја магијата на Париз од вода, пловејќи покрај најпознатите знаменитости. Круизот кулминира со спектакуларниот момент на трепкачките светла на Ајфеловата кула, кои создаваат незаборавна празнична атмосфера.
- Ноќевање во хотел
02.01.2026
- Појадок во хотел
- Тргнување за Дизниленд Парк ( факултативен излет ). Целодневна индивидуална посета на Дизниленд. Посета на овој парк каде што атмосферата е магична, особено поради новогодишните украси и празничниот дух. Можностите за уживање се неограничени – секој ќе може да ги доживее своите омилени атракции, паради и забавни претстави.
Овој ден е идеален за целосно потопување во светот на фантазијата и детската радост – од возење на легендарниот Space Mountain, до средба со омилените Дизни ликови низ улиците на паркот. Не пропуштајте го вечерниот спектакл со огномет и светлосни ефекти кој секогаш остава без здив.
- Опционално за останатиот дел од групата:
За тие што не сакаат да го поминат денот во Дизниленд, Париз нуди бројни алтернативи:
- Посета на музеите (Музејот Орсе, Центарот Помпиду)
- Шопинг во елегантните бутици на Le Marais
- Уживање во локалните кафулиња и ресторани
- Опционална индивидуална прошетка низ Париз:
Можност за самостојно истражување на знаменитостите или едноставно опуштање со кафе на некоја тераса во градот.
- Ноќевање во хотел
03.01.2026
- Појадок ( lunchbox )
- Одјавување од хотелот
- Трансфер до аеродромот: Полетување од Париз за Скопје во 09:40 часот.
- Пристигнување на аеродромот во Скопје во 12:25 часот.

*Туристичката агенција го задржува правото на можни измени во програмата.

Пешачки разглед на Париз со водич: 40€

Авантура во градот на светлината! Париз – со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости е еден од најкомплетните градови на Светот. На ова патување ќе го доживеете Париз како локалец. Нашиот тим ќе ве однесе на најпознатите места, во скриени локални ресторани каде ќе може да го вкусите најдоброто вино и сирење и ќе ви ја открие убавината на францускиот начин на живеење. По се ова, просто е невозможно да не се заљубите во овој град.

Влезница за Музеј Лувр: 50€ (над 18 год) - 25€ (до 18 год)

Лувр е еден од најпознатите музеи во светот, сместен во Париз, Франција. Некогашна кралска палата, денес се гордее со богата колекција на уметнички дела, вклучувајќи ремек-дела како што се “Мона Лиза” и “Венера од Милос”. Неговата монументална стаклена пирмида на влезот стана симбол на модерниот Лувр. Со милиони посетители годишно, Лувр не само што го чува уметничкото наследство, туку и нуди увид во историјата на уметноста низ вековите.

Влезница за Дворед Версај: 65€ - 40€ (3-11 год.)

Дворецот Версај, е едно од најимпресивните и најзначајните архитектонски остварувања во светот. Изградбата почнала во 1661 година под покровителство на кралот Луј XIV, кој го користел како резиденција и симбол на неговата моќ. Дворецот е познат по своите раскошни соби, украсени со златни детали и уметнички дела, како и по прекрасните градини кои го опкружуваат.

Градините на Версај, дизајнирани од познатиот уметник Андре Ленотр, се во стил на француска барокна уметност и вклучуваат фонтаните, статуите и уредените алеи. Дворецот и неговите градини привлекуваат милиони посетители секоја година, нудејќи им уникатно искуство на историјата и уметноста.

Влезница за Ајфелова Кула до втор кат без резервација, се плаќа на лице место: 35€ - 18€ (3- 11 год) - цена од информативен карактер

Ајфелова кула, симболот на Париз и Франција, е една од најпознатите структури на светот. Изградена е меѓу 1887 и 1889 година за Светската изложба во Париз, по повод 100-годишнината од Француската револуција. Кулата е дизајнирана од инженерот Густав Ефел и има висина од 300 метри, што ја прави највисоката зграда во светот до 1930 година.

Кулата се состои од три нивоа, при што на највисокото се нудат спектакуларни погледи на градот. Посетителите можат да се искачат пешки или да користат лифтови за да стигнат до платформите. Ефелова кула е исто така позната по своите ноќни осветлувања, што создава магична атмосфера.

Со милиони посетители годишно, оваа икона не само што е туристичка атракција, туку и важен дел од француската култура и историја.

Крстарење по Сена со брод 1 час: 25€ - 20€ (3 - 11 год)

Реката Сена е една од најзначајните природни атракции во Париз и игра важна улога во историјата и културата на градот. Со должина од околу 777 километри, Сена тече низ срцето на Париз, разделувајќи го градот на левиот и десниот брег.

Сена е популарна дестинација за бродски тури, кои овозможуваат уникатен поглед на градот од водата. Овие тури често се особено спектакуларни навечер, кога знаменитостите се осветлени. Реката е и важен дел од секојдневниот живот на Париз, со локални жители кои се шетаат по нејзините брегови, уживајќи во убавината на околината.

Посета на Дизниленд

Дојдете и уживата во магичната бака каде ќе имате можност да ги запознаете историските Mickey & Minnie Mouse, да подете на кафе со Снежана, Ариел, Елза и Ана, да се поздравите со Аладин, да уживате и танцувате на невероатната парада со сите дизни ликови. Едноставно авантурата во Дизниленд започнува уште пред да влезете во паркот. Магично несекодневно искуство за целото семество!

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
  • Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од моменталната расположливост. Не е можно да се резервира одреден кат или страна.
  • Пасошот мора да има важност најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
  • Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
  • При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
  • Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
  • Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да ги понуди и продаде слободните места по специјални “ultrafirst” или “last minute” понуди, по цени кои може да се разликуваат од веќе објавените.
  • Патниците кои го уплатиле аранжманот според редовниот ценовник немаат право на поврат или надомест на средства по основ на разликата во цената.