Есенска романса во Барселона: октомвриска авантура!

Yay City Break – Барселона

Барселона – скапоцен камен на Медитеранот, град полн со живот, уметност и незаборавни искуства.

Барселона претставува скапоцен камен на Медитеранот. Жив град, полн со приказни за раскажување и уникатни искуства за уживање. Тоа е космополитска и културна дестинација која ги задржува своите традиционални корени. Барселона е синоним за Медитеранот, што ја прави еден од главните туристички, економски, трговски и културни центри во светот. Нејзиниот годишен временски просек од 20ºc  ја прави совршена за уживање во активен животен стил на отворено. Барселона е град со широк спектар на оригинални опции за слободно време кои ве поттикнуваат да ја посетувате одново и одново. Барселона ги привлекува посетителите кон своите познати знаменитости, како што се Саграда Фамилија, Парк Гуел, Куќата на Батло и Ла Педрера. Прошетка покрај морскиот брег, вечерни часови на тераса на покривот со поглед на хоризонтот на градот, пространи паркови како што се Parc de Montjüic или Ciutadella, пристаништето, олимпиското село и низа други опции се само дел од новите искуства кои може да ги доживеете при секоја посета. За обожавателите на сонцето, Барселона е токму она што го барате! Нејзиното крајбрежје се протега на 4,5 километри и им нуди на туристите широк спектар на одлични плажи.

Кулинарските специјалитети се исто така разновидни, со светски познати ресторани за висока кујна, традиционални каталонски јадења, пазари за храна и други места кои ве носат низ светот со нивните вкусови. Со поглед на Средоземното Море и позната по Гауди и другата Арт Нову архитектура, Барселона е еден од најмодерните градови во Европа.

Датум:

11.10 – 14.10.2025

Цена:

499 € за возрасно лице

459 € за дете од 02 – 11.99 години

80€ за деца до 02 години

Во цената е вклучено:

Повратен авионски лет од Скопје
Аеродромска такса
3 ноќевања со појадок во Viladomat 3*
Трансфер од аеродром – хотел – аеродром

Во цената не е вклучено:

Туристичка такса 5,50 евра по лице / ден
Факултативни излети
Патничко осигурување
Локален транспорт: метро или автобуски билети

Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон 071/330-089.

11.10.2025
- Собир со групата на Скопски аеродром
- Поаѓање за Барселона во 18:50часот.
- Пристигнување на аеродромот Ел Прат (Barcelona – El Prat) во 21:40 часот. и сместување во хотел
- Опционално вечерно дружење - По сместувањето, опционална дружба: можност за запознавање со групата и придружникот на добредојдена коктел пијачка во локален бар или ресторан, како неформално запознавање и прв впечаток за атмосферата на Барселона.
- Ноќевање.
12.10.2025
- Појадок
- Собир со групата пред хотел во 09.30
- Поаѓање за факултативна тура (Барселона сити тура - Панорамски разглед) - Факултативна екскурзија
Разглед на: Саграда Фамилија, куќите Батљо и Мила, продолжуваме по најубавата и најкесклузивна улица во Барселона - Pasieg de Gracia, плоштад Каталуња, брдото Монжуик
споменикот на Кристофер Колумбо и завршуваме пред Аквариум.
- Продолжуваме со факултативна екскурзија на еден од најубавите Аквариуми во Европа (единствен што почнува на копно, продолжува под море и повторно назад)
- Турата продолжува за сите со прошетка по улицата Рамбла, пазарот Le Bouqeria, плоштад Каталуња каде се разделува групата:
- Возрасните со деца продолжуваат пеш до Парадокс музеј, а останатите препорака за храна и слободно време.
- Враќање во хотел во вечерните часови или посета на прекрасен Roof top bar - 360 во непосредна близина
13.10.2025
- Појадок
- За возрасните со деца Убер до ПортАвентура
- Останатите турата започнува со посета на Парк Гуељ
- Со градски транспорт се продолжува до плоштад Каталуња, кратка пауза
- Почеток на преубавата факултативна тура која топло ја препорачуваме: Готски Кварт
- Готски Кварт во суштина е срцето на Барселона. Тука ќе започнеме со тура Palau de la Musica (Една од најубавите градби во Барселона), ќе продолжиме кон неодоливите тесни улички, градби и архитектура кој ќе ве остават без здив
во самиот центар на Барселона каде што ќе Ви откриеме многу тајни за кој уште повеќе ќе ја засакате Барселона. Факултативна екскурзија која топло ја препорачуваме
- Слободно време
- Вечерта е предвидена за Фламенко (факлутативна екскурзија)
14.10.2025
- Појадок
- Одјавување од хотел
- Возрасните со деца го посетуваат уникатниот Чоколаден музеј со прекрасни работилници за изработка на чоколадо и лижавчиња за деца
- За останатите слободно време во центарот на Барселона или индивидуална прошетка по избор до брдото Тибудабу (единствената црква каде што е насликан ѓаволот) и каде што Барселона ја имате на дланка.
- Дополнително може прошетка во паркот Цитадела или Зоолошката градина на Барселона
- Враќање во хотел во попладневните часови од каде поаѓа превозот за Аеродорм.
- Враќање во Скопје во доцните вечерни часови

Барселона Панорамика- 65€, деца до 12 години: 35 €

Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди

Тргнување во утринските часови со автобус од хотел од Барселона.
Се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.

Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.

Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера.
И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот.

Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.

Враќање на хотелот.

📌 Цена на излетот: 65 €
👶 Деца до 12 години: 35 €

Аквариум Барселона - 35€, деца од 2-12 плаќаат 50%

Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.

Музеј Дали + Гирона- 75€, деца до 12 години: 40 €

Тргнување во утринските часови од хотел.

Патувањето нè води кон бајковитата Гирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедрала, со право наречена „Бисерот на круната на Гирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада во светот – широка дури 55 метри.

Ќе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за индивидуални активности.

Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела Шпанија.
Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот, со необичната и уникатна поставка од делата на овој генијален уметник.

По посетата следува слободно време во Фигерас и потоа враќање во хотелво вечерните часови.

📌 Цена на излетот: 75 €
👶 Деца до 12 години: 40 €

Гирона – позната по својата средновековна архитектура, заграден со ѕидови Стариот кварт (Бари Вел) и римските остатоци од тврдината Форца Вела. Украсените градини се наредени низ Passeig Arqueològic, патека по средновековните ѕидини на Стариот кварт, кои вклучуваат караули со огромен поглед.

Времетраење: 7 часа

Посета на Парк Гуел: 23 €

Откријте го магичниот свет на Антони Гауди со прошетка низ еден од највпечатливите паркови во Барселона – Парк Гуел.

Уживајте во уникатната архитектура, шарените мозаици, панорамските погледи кон градот и волшебната атмосфера што го прави овој парк едно од најпознатите ремек-дела на модернизмот.

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
  • Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од моменталната расположливост. Не е можно да се резервира одреден кат или страна.
  • Пасошот мора да има важност најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
  • Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
  • При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
  • Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
  • Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да ги понуди и продаде слободните места по специјални “ultrafirst” или “last minute” понуди, по цени кои може да се разликуваат од веќе објавените.
  • Патниците кои го уплатиле аранжманот според редовниот ценовник немаат право на поврат или надомест на средства по основ на разликата во цената.