Тимот на Вондер Камп и ова лето ве носи на незааборавна авантура во Грција со нова локација! Овие кампови нудат совршен спој на авантура, креативност и забава, што ги прави одличен избор за децата кои сакаат максимално да го искористат својот летен одмор во Грција. Бидете дел од нашата нова летна авантура во детскиот камп Каливас во Грција, каде ќе бидат присутни повеќе од 1000 деца од Србија и Македонија. Нашите аниматори преку разновидни игри и анимации ќе го направат летото на вашите деца магично и незаборавно.
Покрај сета забава и игри, нашиот летен камп нуди и различни поволности за децата. Тие ќе имаат можност да стекнат нови пријатели од цела држава, да научат важни животни вештини како тимска работа и решавање проблеми и да стекнат самодоверба и независност додека истражуваат нови активности и искуства.
Датум на кампот: | 16.06 – 22.06.2025 |
Локација на кампот: | Каливас, Грција |
Сместување: | Бунгалови ( камперски стил ) |
Цена: | 369 еур по лице |
Туристичка такса: | Вклучена во цената |