Возбудени сме што можеме да ви понудиме незаборавен летен камп каде што ќе добиете можност да посетите повеќе од 10 европски градови, да ја истражите нивната историја, култура и знаменитости. Од раздвижените улици на Монте Карло до готските и модерни градби на Барселона , ќе можете да уживате во најубавите и највозбудливите места во Европа.
Но, тоа не е се! Овој летен камп е исто така за да се журкаме и да си поминеме одлично. Планираме многу активности на плажа, од пливање и сончање до турнири по одбојка и фудбал. Ќе бидеме домаќини на некои од најлудите и најнезаборавните забави на плажа на кои некогаш ќе присуствувате А кога ќе зајде сонцето, подгответе се за забава со популарни изведувачи и диџеи за диско забави кои нема да ги заборавите.
Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да стекнете доживотни спомени и пријателства. Придружете ни се за најдоброто лето во вашиот живот!
Датум на кампот: | 25.06.2025 – 07.07.2025 |
Локација на кампот: | Малграт де Мар, Шпанија |
Сместување: | Хотел 3*** полн пансион (појадок, ручек, вечера) |
Цена: | 635 еур. (за првите 100 уплати) |
Туристичка такса: | 1.5 еур. по лице од ден |
Последен рок за аплицирање: | 25.05.2025 или до пополнување на местата |
Учесниците на кампот ќе бидат сместени во хотел со 3*** на прв ред од плажа. Сместувањето е во 3 и 4 креветни соби со сопствено купатило. За групи, клубови, тимови со повеќе од 25 учесници ќе бидат обезбедени двокреветни соби за возачите и тренерите.
Целодневен разглед на Барселона со посетана споменикот Колумбо, Монжуик и прекрасниот видиковец на цела Барселона, Олимпискиот стадион, плоштадот Еспања, Каса Батио и каса Педрера – Антонио Гауди, Саграда Фамилиа, Ла – Рамбла и слободно време за Шопинг на плоштадот Каталуња.
Посета на еден од најголемите и аквариуми со над 11,000 животни од 450 различни видови. Незаборавно искуство во реткиот под морски аквариум.
Разглед на еден од најубавите стадиони во светот. Посета на музејот на Барселона, клубските пехари, соблекувалните, собата за прес и секако доживување од теренот на ФК Барселона.
Посета на Венеција со брод и разглед на плоштадот Св. Марко, Мостот Ријалто, мостот на воздишките, големиот канал и др. Едноставно уживајте во градот на вода, градот на Марко Поло и Вивалди.
Вториот наголем град во Италија, градот на модата, градот на славните фудбалски клубови Интер и Милан. Ја посетуваме петтата најголема катедрала во Светот украсена со слики на Леонардо да Винчи, споменикот на Да Винчи, замокот Сфорч
Една несекојдневна посета во место преполно со гламур и раскош, бродови, јахти и скапи коли. Ја посетуваме палатата на принцот, патеката Формула 1, Најпознатото казино и мн др. Чувството е неверојатно, а спомените вечни.
Ница, која се наоѓа на неверојатната француска ривиера, е една од најпопуларните дестинации во Франција, нудејќи совршен спој на историја, култура и медитерански шарм. Без разлика дали сте заинтересирани да се одморите на плажа, да истражувате историски места или да уживате во енергичната локална сцена, Ница има по нешто за секого.