Малта, островска држава сместена во срцето на Средоземното Море, ја сочинуваат трите најголеми и населени острови – Малта, Гозо и Комино, како и неколку помали, ненаселени островчиња. Оваа сончева медитеранска убавица е вистински музеј на отворено, каде секој камен раскажува приказна, а секоја улица носи траги од минатото. Она што ја прави навистина уникатна е нејзината 7000-годишна историја, но и енергијата со која живее во сегашноста – динамично, живо и модерно.
Низ прошетките низ островот ќе зачекориме во мистериозната предисторија меѓу древните мегалитски храмови постари и од пирамидите во Египет, ќе ги следиме стапките на Св. Павле и легендите за неговото пристигнување, ќе ги откриваме тврдините, палатите и катедралите изградени од Витезите на Св. Јован, кои со векови го бранеле христијанството и оставиле неизбришлив белег врз културата и архитектурата на Малта.
Главниот град Валета, под заштита на УНЕСКО, ќе ве воодушеви со своите барокни фасади, тесни калдрмисани улички и спектакуларни погледи кон пристаништето, додека Мдина – „тивкиот град“ – ќе ве врати назад во времето со својата средновековна магија. На Гозо ќе уживате во мирот, природните пејсажи и автентичниот островски шарм, а Комино ќе ве освои со кристално чистите тиркизни води на познатата Сина Лагуна.
| Датум: | 06.03 – 09.03.2026 |
| Цена: |
|
| Во цената е вклучено: |
|
| Во цената не е вклучено: |
|
Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон 071/330-089.