Yay City Break – Париз
Париз – градот на светлината, љубовта и безвременската елеганција.
Париз во пролет расцутува со нежна енергија и романтика што се чувствува на секој чекор. Градот на светлината, разбуден од зимата, блеска со свежи бои, цветни паркови и долги сончеви прошетки покрај Сена. За 8-ми Март, Париз е совршена сцена за славење на женственоста, убавината и љубовта кон животот.
Овој период од годината, Париз нуди совршен спој на култура, романтика и инспирација. Вашиот престој ќе биде исполнет со елегантни прошетки, уметност, историја и моменти кои се паметат – идеален избор за пролетно бегство и незаборавно одбележување на 8-ми Март.
Ќе уживате во магијата на Ајфеловата кула, шармот на Монмартр, мирисот на свежи кроасани и кафе во малите париски бистроа, како и во безвременската убавина на музеите, булеварите и скриените улички што ја раскажуваат приказната на градот. Секој ден носи нова доза инспирација – од панорамски погледи и романтични зајдисонца, до лежерни шопинг прошетки и незаборавни гастрономски доживувања.
Париз не е само дестинација – тој е чувство, атмосфера и спомен што останува засекогаш. Подарете си си моменти за себе, за дружба и за славење на животот, во градот каде што секој миг изгледа како сцена од филм.
| Датум: |
05.03 – 08.03.2026
|
| Цена: |
- 499€ за возрасно лице
- Деца до 11.99 год добиваат 20% попуст за сместување со 2 возрасни
- Деца до 1.99 год плаќаат 90 еур
|
| Во цената е вклучено: |
- Авио билет на релација Скопје – Париз – Скопје со WizzAir
- Аеродромски такси
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
- 3 ноќевања со појадок во хотел Campanile 3* Porte de Bagnolet – Paris
- Превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организиран панорамски раглед на Париз со локален водич
- Организирани пешачки разгледувања на градот со пратител на група: Пирамидата пред Лувр (влез до доплата), малата Триумфална Капија, паркот Тујлери, Конкорд Плоштадот, Елисејски полиња, Триумфалната капија, плоштадот Трокадеро, Ајфелова кула, Операта Гарние (влез со доплата), галеријата Лафајет и музејот за парфеми Фрагонар, Мон Мартр, Пигал, Мулен Руж (влез со доплата), Богородичната црква Норт Дам, Sainte-Chapelle (влез со доплата)
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
|
| Во цената не е вклучено: |
- Превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 2,5 карнет за 1 возење)
- Доплата за голем кабински до 10кг. или чекиран багаж – куфер до 10кг / чекиран багаж – куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
- Туристичка такса 5,2 € по лице на ден – се плаќа на рецепција во хотел
- Влезница за Ајфелова Кула – влезница 25-60€ (картите се купуваат на лице место)
- Влезница за Лувр 42€ влезница со термин (пријавување во агенција)
- Влезница за брод по Сена 25€ (пријавување во агенција)
- Посета на Операта Гарние 25€ влезница со термин (пријавување во агенција)
- Посета на Мулен Руж со претстава -цена од 100-250€ со пијалок ½ шампањ (пријавување во агенција)
- Посета на Дизниленд – влезниците се купуваат преку интернет (80-150 € возрасен, дете до 12 год. 70-140 €, но, цената зависи од период кога ке се резервира и е променлива). Цена на RER 10 € по правец* можност за организирање приватен трансфер
- Задолжително здравствено и патничко осигурување 250 мкд
|
|
|
Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон 071/330-089.