Мадрид – срцето на Шпанија, каде пулсира духот на една вечна култура.
Мадрид не е само главен град – тој е жив музеј, динамична сцена, топло добредојде и вистински ритам на шпанскиот живот. Град полн со енергија, уметност и историја, кој во ноември зрачи со посебна магија – есента му дава златна нијанса на неговите булевари, а воздухот носи мирис на печени костени и топло кафе во автентичните мадриленски кафулиња.
Со своите импресивни музеи како Прадо, Реина Софија и Тисен-Борнемиса, Мадрид е рај за љубителите на уметноста. Тука ќе ги најдете делата на Гоја, Веласкез, Пикасо и Дали, изложени во некои од најзначајните уметнички институции во светот.
Но Мадрид не е само уметност – тој е и живот. Плоштадот Пуерта дел Сол, живописниот Пласа Мајор, кралската палата и парковите како Ретиро нудат моменти за одмор и восхит. Во ноември, градот сè уште живее на отворено – со пријатни температури и тивка есенска атмосфера која ви дозволува да уживате во прошетки без гужви.
Кујната на Мадрид плени – од класични тапаси и чуроси со чоколадо, до модерна гастрономија која ја одразува мултикултурната душа на градот. Во секоја улица ќе најдете нешто ново да вкусите – од локални таверни до висока кујна.
Во ноември, Мадрид е совршена дестинација за оние што сакаат да искусат нешто автентично – да ја почувствуваат Шпанија онаква каква што навистина е: топла, горда, уметничка и жива.
| Датум: | 08.11 – 11.11.2025 |
| Цена: |
|
| Во цената е вклучено: |
|
| Во цената не е вклучено: |
|
* Агенцијата го задржува правото да ја откаже турата доколку нема пријавени повеќе од 20 патници.
Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон 071/330-089.
Сантијаго Бернабеу е познатиот фудбалски стадион во Мадрид, дом на клубот Реал Мадрид. Тој е еден од најголемите и највпечатливи стадиони во светот. Посетителите можат да прошетаат низ музејот, соблекувалните, тунелот на играчите и да застанат покрај теренот каде што играле некои од најдобрите фудбалери во историјата. Вистинско место за љубителите на фудбалот!
Музејот Прадо во Мадрид е еден од најпознатите уметнички музеи во светот. Во него се изложени слики и уметнички дела од познати уметници како Веласкез, Гоја, Ел Греко и Рубенс. Посетителите можат да уживаат во уметност од шпанската и европската историја, стари стотици години. Прадо е совршено место за љубителите на уметноста и историјата!
Музејот Реина Софија во Мадрид е модерен уметнички музеј каде што се изложени дела од 20. и 21. век. Најпознатото уметничко дело таму е „Герника“ од Пикасо – огромна слика што раскажува силна приказна за војната. Во музејот има и дела од Дали, Миро и други светски познати уметници. Тоа е одлично место за сите што сакаат современа уметност и креативност!
Фламенко шоуто е традиционална шпанска музичко-танцова изведба полна со емоции, енергија и страст. Танчерите настапуваат со брзи движења, удирање со нозете и изразит фолклорен ритам, придружени од гитара и пеење. Гледањето фламенко е вистинско културно доживување кое ја покажува душата на Шпанија!
Кралската палата во Мадрид е вистинска дестинација што ќе ги воодушеви вашите очекувања. Оваа импозантна резиденција, една од најголемите во Европа, нуди ретка можност да прошетате низ кралски сали, уметнички галерии и церемонијални простории богати со историја и раскош. Идеално за патници што сакаат култура, уметност и архитектура – палатата е незаборавен поглед во шпанското кралско наследство.
Започнете го денот со прошетка низ еден од највпечатливите делови на Мадрид, искусен водич кој ќе ви го доближи градот на еден поинаков начин.
▶ Gran Via – шетање низ „шпанскиот Бродвеј“, улица полна со театри, продавници, историски згради и урбан дух.
▶ Кратка пауза во локален бар, каде ќе го почувствувате вистинскиот мадридски живот (Мадрид има најмногу барови по жител во Европа!).
▶ Патеката не води до симболот на градот – фонтаната Cibeles, место каде навивачите на Реал Мадрид ги слават победите.
▶ Ќе го посетиме и величествениот Puerta de Alcalá, еден од најстарите триумфални лакови во Европа.
▶ Продолжуваме кон паркот El Retiro – некадашна кралска градина, денес омилено место за одмор и релаксација.
▶ Ќе имате можност (опционално) за пловидба со чамец по езерцето во паркот.
▶ Посета на волшебната Кристална градина (Palacio de Cristal) – стаклена структура во срцето на паркот.
Започнете го вашето патување низ Мадрид со незаборавна тура низ најзначајните знаменитости на градот, во придружба на искусен водич.
▶ Првата станица е Кралската палата – една од највеличествените во Европа, дури и поголема од Бакингемската и Версај.
▶ Веднаш до неа се наоѓа Катедралата Алмудена, импресивен пример на религиска архитектура.
▶ Потоа, продолжуваме кон Plaza Mayor, историски плоштад преполн со живот, кафулиња и приказни од минатото.
▶ Ќе поминеме и низ Puerta del Sol – “нултата точка” на сите шпански патишта и вистинското срце на Мадрид.
▶ За крај, заслужено уживање на еден од најубавите roof-top барови во градот – со панорамски поглед и одлична атмосфера!