Хотел Sorra d’Or Hotel 3*

Ова лето одиме во Шпанија со директен лет од Скопје!

Дозволете си сончево бегство на прекрасниот брег на Коста Барселона – дестинација која совршено ги спојува медитеранското сонце, песочните плажи и автентичната шпанска култура!
Прошетајте низ шармантните улички на Малграт де Мар, откријте локални вкусови и се релаксирајте во топлата и пријатна атмосфера на хотелот Sorra d’Or Hotel 3*.

Вашиот безгрижен летен одмор започнува токму тука – Sorra d’Or Hotel 3* – Малграт де Мар!

Замислете го утрото покрај морето – пиете кафе додека ги слушате брановите, денот ви започнува со насмевка, а продолжува со капење во морето или релаксација покрај базенот.


ОДЛИЧНА ЛОКАЦИЈА – Хотелот е сместен на само 50 метри од прекрасната плажа на Малграт де Мар, на брегот на Марезме, а на само неколку минути прошетка (400 м) од центарот на градот! Идеално место за комбинирање одмор и авантура!

ЕДНОСТАВЕН КОМФОР И ПРИЈАТНА АТМОСФЕРА – Хотелот нуди удобно сместување, со соби со балкон, погодни за релаксирање по ден исполнет со сонце и активности.

БАЗЕН И ЗАБАВА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО – Опуштете се покрај отворениот базен, уживајте во сонцето и лесните пијалаци додека се освежувате во пријатна и неформална атмосфера.

ОДЛИЧЕН ИЗБОР ЗА СЕКОЈ ПАТНИК – Без разлика дали патувате како пар, со пријатели или семејство, Sorra d’Or Hotel 3* е идеално место за летен одмор по пристапна цена, блиску до Барселона!

Датум:

29.07 – 05.08.2025

05.08 – 12.08.2025

Цени:

од 920€ по лице

Во цената е вклучено:

7 ноќевања во Хотел Сор Адор 3* на база полупансион
Аеродромски такси
Повратен авионски билет

SKP 18:50-BCN 21:40

BCN 22:15- SKP 01:00

Трансфер од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
Политика за деца – Попуст за деца од 2 до 11,99 години.

Во цената не е вклучено:

Туристичка такса 2 евра од ден по лице
Патничко осигурување

*Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон +38971330089.

Барселона Панорамика- 65€, деца до 12 години: 35 €

Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди

Тргнување во утринските часови со автобус од Коста Брава.
По пристигнувањето во Барселона, се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.

Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.

Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера.
И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот.

Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.

Враќање на Коста Брава во вечерните часови.

📌 Цена на излетот: 65 €
👶 Деца до 12 години: 35 €

 

Аквариум Барселона- 35€, деца од 2-12 плаќаат 50%

Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.

Времетраење: 1,5 часа

Музеј Дали + Герона- 75€, деца до 12 години: 40 €

Тргнување во утринските часови од Коста Брава.

Патувањето нè води кон бајковитата Ѓирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедрала, со право наречена „Бисерот на круната на Ѓирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада во светот – широка дури 55 метри.

Ќе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за индивидуални активности.

Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела Шпанија.
Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот, со необичната и уникатна поставка од делата на овој генијален уметник.

По посетата следува слободно време во Фигерас и потоа враќање на Коста Брава во вечерните часови.

📌 Цена на излетот: 75 €
👶 Деца до 12 години: 40 €

  • Во хотелот има на располагање дво и трокреветни соби, четворокреветните соби се на барање.
  • Доплата за багаж од 20 кг – 30 евра во правец.
  • Деца 0-2 години се наплаќа 80 евра по лице.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.