Шпанија во Јули: сонце, сангрија и сиеста!

Шпанија - место створено за забава и незаборавни моменти!

Возбудени сме што можеме да ви понудиме незаборавен летен одмор каде што ќе добиете можност да посетите повеќе од 10 европски градови, да ја истражите нивната историја, култура и знаменитости. Од раздвижените улици на Монте Карло до шармантните канали на Венеција, ќе можете да уживате во најубавите и највозбудливите места во Европа.

Доколку сте прв пат во Шпанија и на оваа наша авантура тврдиме дека ќе имате незаборавни 2 недели. Првиот страв секогаш е долгото автобуско патување, но тука нашиот водич, искусните возачи,многуте попатни паузи, посетата на прекрасните попатни локации ќе Ве натераат патувањето да Ви биде задоволство.

Хотелот се наоѓа на само 100 метри од плажата Platja de l’Astillero и 2 километри од центарот на Малграт де Мар. Гостите можат да уживаат во отворен базен, детски базен, ресторан со шведска маса, бар, кафе-бар и ТВ сала. Сите соби се климатизирани и опремени со балкон, сателитска ТВ, телефон, сеф (дополнително наплаќање), работна маса и сопствена бања со туш или када, фен и бесплатни тоалетни потреби. Бесплатен Wi-Fi е достапен во сите јавни простори и во собите (со надоместок). Хотелот нуди и услуги како изнајмување на велосипеди, 24-часовна рецепција, менување на валута, туристички информации и аеродромски трансфери (дополнително наплаќање).

Земјата на Сангријата, Коридата, фудбалот, преубавата и егзотична Шпанија Ве очекува.

Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да стекнете доживотни спомени. Придружете ни се за најдоброто лето во вашиот живот!

Датум:

11.07 – 22.07.2025

Цени:

649€ по лице

Во цената е вклучено:

Организација на патувањето и водич
Превоз со високо туристички автобус (ТВ, клима)
1 ноќевање со појадок во регионот на Лидо ди Јесоло
6 полу пансион (појадок и вечера – шведска маса) во “Hotel Cartago Nova 3* ” во дво и трокреветни соби
1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Франција – Кан / Ница во хотел со 2/3*)
Бесплатна посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло

Во цената не е вклучено:

Патничко осигурување, истото може да се извади и во агенција по цена од 650 денари
Доплата за еднокреветна соба = 400 еур по лице / за 8 ноќевања во хотел според програмата
Задолжителна туристичка такса во хотел во Италија и Шпанија = 2 еур по лице / ден., се плаќа на рецепција во хотел при сместување

Факултативни излети

*Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон +38971330089.

11.07.2025
Поаѓање од Скопје во 14.00 ч.
Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.
12.07.2025
Пристигнување во утринските часови на пристаништето Пунто Сабиони и
започнување со првата факултативна екскурзија во Венеција.
Сместување во хотел во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*)
Ноќевање
13.07.2025
Појадок и поаѓање кон Верона
Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери
Поаѓање кон Шпанија - Ноќно возење
14.07.2025
Пристигнување во Малграт де Мар и сместување во хотел со 3*
Мирен град, со многу локални продавници за сувенири, шопинг, ресторани и преубави големи песочни плажи.
Во хотелот имаме 2 оброци (појадок и вечера) - Шведска маса.
14.07.2025 - 20.07.2025
Престој во Малграт де Мар - Hotel Cartago Nova 3*.
20.07.2025
После појадок поаѓање кон Кан и Ница. Сместување во хотел во Кан / Ница со 2/3*
Посета на Пристаништето на Кан, Филсмкиот фестивал, посета на промеданата на Ница, патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот и целиот ноќен гламур на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти, крузери и уникатни автомобили.
Ноќевање
21.07.2025
Појадок и одјавување од хотел
Поаѓање кон Скопје.
22.07.2025
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови

Посета на Венеција со Брод - 30€ по лице

Пристигнување на пристаништето Пунто Сабиони во претпладневните часови (околу 10.00)
Почеток на турата со посета на: Мостот на воздишките, плоштадот Св.Марко, Дуждовата палата, мостот Риалто, прекрасните мали канали како и големиот канал кој ја дели Венеција на 2 делови.

Можност за индивидуално слободно време за прошетки, возење со гондола, посета на продавници и сл.

Посета на Верона - Бесплатно

Пристигнување во Верона
Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери

Посета на Кан, Ница и Монако и Монте Карло - Бесплатно

Посета на Пристаништето на Кан, Филсмкиот фестивал, посета на промеданата на Ница, патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот и целиот ноќен гламур на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти, крузери и уникатни автомобили.

Барселона Панорамика- 65€, деца до 12 години: 35 €

Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди

Тргнување во утринските часови со автобус од Коста Брава.
По пристигнувањето во Барселона, се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.

Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.

Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера.
И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот.

Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.

Враќање на Коста Брава во вечерните часови.

📌 Цена на излетот: 65 €
👶 Деца до 12 години: 35 €

Аквариум Барселона - 35€ по лице

Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.

Фламенго Вечер - 55€, деца до 12 години: 30 €

Трансфер до локацијата, влезница и Сангрија (Традиционално Шпанско вино)

  • Резервација на место за аранжман се прави со задолжителна уплата од 6000 ден.
  • Остатокот од цената на аранжманот се плаќа 15 дена пред поаѓање.
  • Плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари.
  • Попуст за дете од 2 до 12 год – 40 еур
  • Резервација на посакувано место во автобус – 1000 ден од седиште по лице
  • Дозволено е само еден голем куфер до 20 кг по лице и еден ранец за патување
  • Патниците мора да поседуваат валиден пасош со рок на траење од мин. 90 дена од влез во Европска Унија
  • Распоредот на факултативите може да претрпи одредени измени.
  • Магичните фонтани од Ковид периодот не работат поради рестрикција со вода, пред тргнување
    патниците ќе бидат известени дали истите ќе работат
  • Задолжително 48 часа пред тргнување патниците ќе бидат известени за локацијата на тргнување.
  • Агенцијата го задржува правото да изврши промени во програмата без претходна најава, доколку тоа е неопходно поради организациски, технички или други оправдани причини.