Андалузија: Шпанска приказна меѓу море и историјa

Yay City Break – Андалузија

Андалузија – сончевиот бисер на јужна Шпанија, регион на уметност, историја и автентичен медитерански шарм.

Еден од најбогатите и најразновидни региони во Европа, Андалузија нуди совршен спој на море, култура и гастрономија. Овде традицијата и современиот дух живеат во хармонија, создавајќи препознатлива атмосфера што освојува на прв поглед.

Регионот е дом на импресивно културно наследство – од маварски палати, тврдини и римски споменици, до величествени катедрали, историски градови и светски познати уметници. Прошетките низ старите градски јадра, исполнети со тесни улички, плоштади и локални барови, нудат вистинско доживување за сите сетила.

Со повеќе од 300 сончеви денови годишно, Андалузија привлекува со своите долги плажи, топло море и жив ритам на живот. Деновите се идеални за одмор и истражување, а вечерите се исполнети со музика, фламенко и традиционална андалузиска кујна.

Гастрономијата е вистинска приказна сама по себе – свежа морска храна, тапаси, маслиново масло, локални вина и јадења кои ја отсликуваат богатата душа на регионот.

Со својата историја, уметност и сончев карактер, Андалузија е дестинација што нуди многу повеќе од класичен одмор – место на кое секогаш ќе сакате да се вратите.

Севиља – домот на кралските палати, фламенкото и најромантичните улици во Европа.
Ронда – драматичен град поставен над кањон, каде секој поглед е разгледница.
Гранада – Андалузиската принцеза со величествената Алхамбра и неверојатна историја.
Марбеља – елеганција покрај морето. Сонце, палми, стариот град полн со шарм и ритам на живот што те тера да забавиш и да уживаш.
Кордоба – дворци исполнети со цвеќиња, мирис на портокал и историја што се чувствува во секој камен.

Датум:
  • 08.04 – 13.04.2026
Цена:
  • 599 € за возрасно лице
  • 559 € за дете од 02 – 11.99 години
  • 80€ за деца до 02 години
Во цената е вклучено:
  • Трансфер Скопје – Тирана – Скопје
  • Повратен авионски лет од Тирана со рачен багаж
  • Аеродромска такса
  • 5 ноќевања со појадок во Tent Torremolinos 3*
  • Продолжен појадок до 13:30 часот
  • Придружник од агенција
  • Трансфер од аеродром – хотел – аеродром
Во цената не е вклучено:
  • Туристичка такса по лице / ден
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Локален транспорт: метро или автобуски билети

Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон 071/330-089.

08.04.2026
- Собир со групата во Скопје и тргнување кон Тирана
- Пристигнување на патниците на аеродромот во Тирана два часа пред летот.
- Полетување за Малага во 18:10 часот . Слетување во Малага во 21:35 часот.
- Ноќевање
09.04.2026
- Поаѓаме утрото од Торемолинос кон Марбеља. 
 

Започнуваме со посета на Марбеља, едно од најпознатите медитерански летувалишта. Благодарение на својот идеален географски положај, пријатната клима и престижната репутација, Марбеља е еден од најпосетуваните градови на прочуената Коста дел Сол. Ќе прошетаме низ старата чаршија, прекрасните плоштади и модерната марина, каде што се чувствува духот на елегантниот медитерански живот.
- Патувањето продолжува кон Ронда – град кој се смета за едно од најголемите богатства на Андалузија, оддалечен околу 100 km од Малага. Градот е препознатлив по драматичната панорама и неговата уникатна локација над длабокиот кањон на реката El Tajo. Најимпресивниот симбол на Ронда е мостот Puente Nuevo, чија изградба започнала во 18 век и траела цели 42 години. Тој го поврзува стариот маварски дел од градот со поновиот дел – El Mercadillo.
Ќе ги видиме и најзначајните знаменитости на градот:
• арената за корида – една од најстарите во Шпанија,
• најдобро зачуваните арапски бањи во регионот,
• палатата Mondragón,
• палатата на маварскиот крал,
• старите градски капии и одбранбени ѕидини,
• плоштадот Duquesa de Parcent, сметан за еден од најубавите плоштади во Ронда, каде што се наоѓа и црквата Santa María.
- По разгледот, следи враќање во хотел и слободна вечер.
10.04.2026
- Појадок.
- По заминувањето од Торемолинос се упатуваме кон Севиља, главниот град на Андалузија, сместен во плодната долина на реката Гвадалквир. Многумина ја сметаат Севиља за еден од најубавите европски градови – вистински музеј на отворено.

• Катедралата во Севиља – најголемата готска и средновековна катедрала во светот, изградена на местото на стара џамија по заминувањето на Маврите. Внатрешноста е богато украсена со злато и ремек-дела на изведбата. Во неа се наоѓа и гробницата на Кристофер Колумбо.
• Гиралда – најпознатиот симбол на градот.
• Кралскиот Алказар – поранешна маварска палата, еден од најубавите примери на
мудехар архитектурата
• Златната кула (Torre del Oro) – прочуената стражарска кула покрај реката.
• Градската куќа и историскиот центар со неговите улички.
• Парк Марија Луиза – најубавиот парк во Севиља, опкружен со музеји, палати и споменици.
• Арена за корида од 19 век – една од најпознатите во Шпанија (панорама однадвор).
• Плоштад Шпанија - еден од најубавите и најпознати плоштади во Шпанија Катедралата заедно со Гиралда од 1987 година се под заштита на УНЕСКО.
- По разгледот следи слободно време за индивидуални активности, прошетка или ручек. По договор, заминување и враќање во хотелот.
- Ноќевање.
11.04.2026
- Појадок.
- Денот го посветуваме на Гранада, еден од највпечатливите и најромантични градови во Шпанија, познат како последната маварска престолнина и градот на кралскиот пар Изабела од Кастилија и Фернандо од Арагон.
Следува посета на мистичната и величествена Алхамбра – чиј назив на арапски значи „Црвената тврдина“. Ова архитектонско ремек-дело е вистинско чудо на исламската уметност и претставува еден од најпрестижните и најпосетувани историски комплекси на Пиринејскиот Полуостров.
Алхамбра е составена од:
• маварските палати со неверојатни детали и резби,
• моќните тврдини и стражарски кули,

• величествените Nasrid палати,
• мирните дворови и фонтаните,
• прекрасните Генералифе градини – оаза на мир и инспирација за поети, уметници и патници со векови.
Од 1984 година, целиот комплекс е под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство.
- По разгледот – слободно време за прошетка низ Гранада или панорамско кафе со поглед кон Алхамбра.
- Враќање во хотел и ноќевање.
12.04.2026
- Појадок.
- По заминувањето од хотелот се упатуваме кон Кордоба, град кој често го нарекуваат „осамениот бисер во срцето на Андалузија“. Сместен покрај реката Гвадалакивир, Кордоба е град што со векови инспирира поети, меѓу кои и Федерико Гарсија Лорка, благодарение на неговата тивка убавина и извонредна архитектура.
Започнуваме со разглед на најзначајните делови од градот:
• Стариот римски мост, симболичен влез во историското јадро.
• Еврејскиот кварт (Judería) – лавиринт од тесни, живописни улички исполнети со чаршиски дух и традиционална андалузиска архитектура.
• Џамијата–Катедрала Мескита, најголемото архитектонско богатство на Кордоба и едно од највеличествените верски објекти во светот. Нејзината шума од столбови, хармонија на исламската и христијанската уметност и уникатниот стил ја прават вистинско ремек-дело. Мескита е под заштита на УНЕСКО и претставува најпрепознатливиот симбол на градот.
- По разгледот – слободно време за прошетка, фотографирање, кафе во старата чаршија или дегустација на локални специјалитети.
- Враќање во хотел и ноќевање.
13.04.2026
- Појадок.
- Напуштање на собите и поаѓање кон Малага. 

- Малага или престолнината на Коста дел Сол и родниот град на Пабло Пикасо. Пристигнување и краток разглед на центарот, идеален за брзо запознавање со духот на овој живописен медитерански град.
Ќе ги видиме најважните знаменитости:
• Катедралата на Малага – позната по својот недовршен втор кулa
• Римскиот театар – сместен под мавританската тврдина
• Старата чаршија и пешачката зона Calle Larios – идеални за прошетка и кафе
Панорамски ќе ги погледнеме и мавританските тврдини Алкасаба и Гибралфаро, кои ја раскажуваат богатата историја на градот.
По убавиот разглед следи слободно време за прошетка, фотографирање или уживање покрај морето со многу препораки за локални специјалитети, уживање во уникатни кафулиња на прекрасни локации.
- Трансфер до аеродромот во Малага.
- Полетување за Тирана во 22:20 часот.
- Слетување во Тирана во 01:35 часот.

Марбеља и Ронда - 85 Еур


(Факултативна – целодневна тура)

Поаѓаме наутро од Торемолинос кон Марбеља, едно од најпознатите летувалишта на Коста дел Сол. Следува прошетка низ старата чаршија, плоштадите и модерната марина.

Потоа продолжуваме кон Ронда, град над кањонот на реката El Tajo, познат по импресивниот мост Puente Nuevo. Ќе ги посетиме главните знаменитости: арената за корида, арапските бањи, палатата Mondragón, стариот град со ѕидините и плоштадот Duquesa de Parcent со црквата Santa María.

Севиља
- 100 Еур


Севиља, главниот град на Андалузија, еден од најубавите европски градови и вистински музеј на отворено. Ќе ги посетиме најпознатите знаменитости: Катедралата со гробницата на Кристофер Колумбо, кулата Гиралда, Кралскиот Алказар, Златната кула, историскиот центар, Паркот Марија Луиза и Плоштад Шпанија, како и арената за корида (однадвор). Катедралата и Гиралда се под заштита на УНЕСКО.

Гранада - 85 Еур + доплата за влезница во Алхамбра 45 Еур

Цена на излетот: 85 Еур + долпата за влезница во Алхамбра 45 Еур (со вклучен

локален водич од дворецот Алхамбра)

Целодневна посета на Гранада – романтичен град и поранешна маварска престолнина. Следува разглед на Алхамбра, импресивен комплекс со палати, тврдини, дворови, фонтани и Генералифе градините, под заштита на УНЕСКО од 1984 година.

Кордоба
- 90 Еур


Кордоба, „бисерот на Андалузија“, град со богата историја и уникатна архитектура. Следува разглед на Стариот римски мост, Еврејскиот кварт – Judería и Џамијата–Катедрала Мескита, едно од највпечатливите ремек-дела во светот и симбол на градот, под заштита на УНЕСКО.

Малага - 40 Еур


Малага, престолнина на Коста дел Сол и роден град на Пабло Пикасо. Краток разглед на центарот со Катедралата, Римскиот театар и старата чаршија со пешачката зона Calle Larios, како и панорамски поглед на тврдините Алкасаба и Гибралфаро.

Цена за сите факултативи:

Вкупна цена на екскурзии = 445 еур.
Уплата за пакет за сите екскурзии според програмата = 355 еур

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
  • Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од моменталната расположливост. Не е можно да се резервира одреден кат или страна.
  • Пасошот мора да има важност најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
  • Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
  • При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
  • Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да ги понуди и продаде слободните места по специјални “ultrafirst” или “last minute” понуди, по цени кои може да се разликуваат од веќе објавените.
  • Патниците кои го уплатиле аранжманот според редовниот ценовник немаат право на поврат или надомест на средства по основ на разликата во цената.
  • Резервацијата стапува во сила по уплата на аванс од 30% од вкупната цена. Целосната доплата мора да биде извршена најдоцна 15 дена пред поаѓање.
  • Распоредот на активности, временските термини и редоследот на разгледите може да се менуваат во зависност од локални услови, временски прилики, работно време на институциите или други непредвидени околности.
  • Факултативните излети се реализираат со минимум 20 пријавени учесници. Во случај на помал број, цената може да биде изменета или излетот да не се реализира.
  • Организаторот го задржува правото да изврши промена во цените на факултативите само доколку дојде до промени на влезниците, транспорт или други надворешни трошоци со задолжителна претходна најава кон патниците.
  • Патниците се должни да поседуваат важечки патни документи согласно правилата на земјите низ кои се патува.
  • Организаторот не сноси одговорност за можни задржувања на гранични премини, промени во авионски распореди, штрајкови, технички проблеми или други фактори кои се надвор од негово влијание.

За ова патување важат Општите услови за патување на Холијеј Травел.