Возбудени сме што можеме да ви понудиме незаборавен летен одмор каде што ќе добиете можност да посетите повеќе од 10 европски градови, да ја истражите нивната историја, култура и знаменитости. Од раздвижените улици на Монте Карло до шармантните канали на Венеција, ќе можете да уживате во најубавите и највозбудливите места во Европа.
Доколку сте прв пат во Шпанија и на оваа наша авантура тврдиме дека ќе имате незаборавни 2 недели. Првиот страв секогаш е долгото автобуско патување, но тука нашиот водич, искусните возачи,многуте попатни паузи, посетата на прекрасните попатни локации ќе Ве натераат патувањето да Ви биде задоволство.
Сместување во Лорет де Мар: “Hotel Don Juan 4*” располага со 2 надворешни базени,простор за одмор и детски базен. Оддалечен од центарот на градот Лорет де Мар на само 100 метри. Собите се со сопствено купатило, клима уред и сателитска ТВ. Има комплетна забавна програма за сите возрасти. Собата за игри вклучува маса за билјард, пинг- понг и има тениско игралиште на лице место. Гостите можат да се релаксираат во ТВ-собата.
Хотелот нуди и широк спектар на дневни и ноќни активности. Сите оброци се служат во ресторанот Нива, украсен со јапонски градини и нуди широк спектар на
медитеранско и шоу готвење во стил на шведска маса. Исто така постои и бар услуга покрај
базенот.
Земјата на Сангријата, Коридата, фудбалот, преубавата и егзотична Шпанија Ве очекува.
Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да стекнете доживотни спомени. Придружете ни се за најдоброто лето во вашиот живот!
Датум: | 07.09 – 18.09.2025 |
Цени: | 649€ по лице |
Во цената е вклучено: | Организација на патувањето и водич |
Во цената не е вклучено: | Патничко осигурување, истото може да се извади и во агенција по цена од 650 денари |
*Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон +38971330089.
Пристигнување на пристаништето Пунто Сабиони во претпладневните часови (околу 10.00)
Почеток на турата со посета на: Мостот на воздишките, плоштадот Св.Марко, Дуждовата палата, мостот Риалто, прекрасните мали канали како и големиот канал кој ја дели Венеција на 2 делови.
Можност за индивидуално слободно време за прошетки, возење со гондола, посета на продавници и сл.
Пристигнување во Верона
Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери
Посета на Пристаништето на Кан, Филсмкиот фестивал, посета на промеданата на Ница, патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот и целиот ноќен гламур на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти, крузери и уникатни автомобили.
Целодневен разглед на Барселона и посета на Саграда Фамилја, куќите на Гауди & Paseo de Gracia, плоштад Каталуња, споменикот Кристофер Колумбо, Монжуик и влезница за Паркот – Шпанско Село. Слободно време за шопинг и индивидуални активности во центарот на градот (Estacio de Franca)
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.
Трансфер до локацијата, влезница и Сангрија (Традиционално Шпанско вино)
Откријте го музејот Салвадор Дали во Фигерес и магичниот средновековен град Жирона, двете од најпознатите атракции во северна Каталонија.
Музеј на Дали – е музеј на уметникот Салвадор Дали во неговиот роден град Фигереш, во Каталонија, Шпанија. Срцето на музејот е градскиот театар што Дали го знаел како дете. Музејот ја прикажува единствената најголема и најразновидна колекција на дела на Салвадор Дали.
Херона – позната по својата средновековна архитектура, заграден со ѕидови Стариот кварт (Бари Вел) и римските остатоци од тврдината Форца Вела. Украсените градини се наредени низ Passeig Arqueològic, патека по средновековните ѕидини на Стариот кварт, кои вклучуваат караули со огромен поглед.
*Можност за дополнителни факултативни екскурзии по барање на групата
* За секоја факултатива потребно е минимум 25 патници