Caves Beach Resort Hurghada (adult Only +16) 5* – Ал Ахија

Положба
Хотелот се наоѓа во Ал Ахија во Хургада, на 10 км од Хургада и 15 км од аеродромот во Хургада, и 8 км од Ел Гуна.

Услуга
Се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, доцна вечера, закуски, чај од 17.00-18.00 часот, кафе еспресо, сладолед, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци послужени во чаши, освен минерална вода, Диско клуб.
Со доплата: À la Carte ресторани: Bam Bam (скара) и Pebbles Teppanyaki (јапонска кујна) – потребна е претходна резервација, сите увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, арапско/турско кафе, наргиле, влез и пијалоци во диско барот, услуга во соба.

Содржина
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани, барови низ хотелскиот комплекс, диско клуб.
Со доплата:  доктор, аптека, перење и хемиско чистење, Wi-Fi интернет во собите е со доплата.

Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни крпи, лежалки и чадори за сонце. Еден помал дел е со корален гребен, а поголемиот дел од зоната за капење е плитка вода и задолжително е користење на чевли за капење. Со картичката се доставуваат крпи (губењето на картичката се наплаќа).

Сместување

Хотелот е дизајниран во уникатен и прекрасен стил на камени пештери, по примерот на познатите Каменковци. Отворен е во 2015 година и нуди 385 соби распоредени во главна зграда на 1 кат и други четирикатни згради со поглед на градина, базен или море.
Сите соби се уникатно дизајнирани, со камен и дрво, пространи, имаат купатило со туш, фен, клима, сет за кафе и чај, сеф, мини бар (2 мали шишиња минерална вода се дополнуваат бесплатно, сѐ друго се плаќа), сателитска ТВ, плочки или мермер на подот, балкон или тераса.
Стандардни соби 40 м², поглед на градина, базен или море.
Делукс соби 50 м², поглед на море.
Royal pool cave 60 м², директен пристап на базен.

Други содржини

Отворени базени, од кои едниот е загреан во зима, одбојка на плажа, аеробик, билијард, пинг понг, теретана. Забавни програми во текот на денот и анимации.
Со доплата: нуркање, третмани и масажи СПА центар, спортови на вода.

Датум:

19.05.2025 – 20.10.2025

Престој:

6/9/11/13 ноќи за престој

Цена:

од 648€ по лице

Во цената е вклучено:
Чартер лет
Трансфери (аеродром – хотел – аеродром)
6 ноќевања
Сите оброци и пијалоци според концептот All Inclusive
20 кг багаж по лице

Тип на соба

  • Promo Cave Room
  • Standard Pool View Room
  • Deluxe Pool Room View
  • Standard Sea View Room
  • Deluxe Sea View Room
  • Royal Cave Swim Up Pool View

Забелешки:

  • Пасошот треба да е со важност од минимум 180 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.