Париз на пролет е магичен!

Yay City Break - Париз

Истражете ги скриените тесни патеки и откријте го Париз во пролет. Можете да го доживеете најубавиот град на светот во ритам што ви овозможува да уживате и да земете се што има да понуди. Откријте скриени богатства и уживајте во Париз. Сместен на реката Сена, Париз е еден од најпознатите и најатрактивните градови во светот и се смета за еден од најубавите и најромантичните градови, толку многу што е наречен Град на љубовта.

Списокот на работи што треба да ги видите во овој град нема крај, но не треба да се пропушти Лувр, еден од најдобрите музеи во светот на уметноста и културата. Париз е град со исконска убавина и е неверојатна и фасцинантна дестинација. Со својата историја и архитектонско наследство, Париз е градот кој секој сака да го види.

Посакувате да поминете еден магичен ден со вашите деца? Тогаш мора да го посетите Дизниленд, бидејќи тоа ќе биде една од вашите најдобри авантури во животот. Дозвелете им на децата да искусат незаборавно и авантуристично возење на ролеркостери со своите омилени Дизни ликови и пружете им едно незаборавно искуство кое ќе го преточат во свои спомени и сеќавања на кои што секогаш одново ќе сакаат да се навраќаат.

Датум:

15.03 – 18.03.2025

Цена:

499€ за возрасно лице
429€ цена за дете од 2 – 12 години
80€ цена за дете до 2 години

Во цената е вклучено:

Повратен авионски билет
3 ноќевања во хотел Mercure Paris La Villete 4* на база BB во Париз
Аеродромски такси
Трансфери од аеродром до хотел и од хотел до аеродром

Во цената не е вклучено:

Туристичка такса – 8,13 евра ден/по лице
Факултативни екскурзии и влезници
Патничко осигурување
Локален превоз: билети за метро или автобус

Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон 071/330-089.

15.03.2025
Собир на групата на аеродромот во Скопје: 13:10 часот, лет од Скопје за Париз.
Слетување во Париз: Трансфер до хотелот и сместување.
Прошетка низ Montmartre: Истражете ја историската уметничка населба, која е срцето на париската уметност. Познат по своите улични уметници и уникатни кафулиња, Montmartre нуди совршена атмосфера за откривање на локалната култура.
Посета на базиликата Sacré Coeur: Од врвот на оваа величествена базилика, уживајте во панорамски поглед на целиот Париз. Вистинска слика за убавините на градот.
Прошетка низ Montmartre: Разгледување на шармантните улички исполнети со креативни уметници и малку продавнички кои го носат духот на Франција.
Посета на Moulin Rouge: Фото пауза и кратка пауза пред познатиот кабаре клуб, симбол на париското ноќно забавување.
16.03.2025
Појадок во хотел
Посета на Нотр Дам: Прошетајте низ катедралата Нотр Дам, една од најголемите и најубавите готски цркви во светот. Се наоѓа на островот Сеина и е дел од париската историја и култура
Посета на Лувр (опционално): За љубителите на уметноста, не постои подобро место од Лувр. Истражете го светски познатиот музеј, каде се чуваат безвременски уметнички дела, како „Мона Лиза“ и „Венера Милоска“.
Шопинг и прошетка низ Le Marais: Во зависност од интересите на групата, слободно време за шопинг во историската и многу модерна четврт Le Marais.
Посета на Champs-Elysees: Прошетајте по најпознатиот булевар во Париз, исполнет со продавници, ресторани и кафулиња. Март е време кога градот почнува да се буди од зимската мирнота и атмосферата е посебна.
Посета на Ајфеловата кула: Фото пауза и можност за посета на Ајфеловата кула. Ако сакате, можете да се качите до врвот и да уживате во неописливите погледи на Париз.
Опции за вечерни активности:
Опција 1: Крстарење по реката Сена (1 час) – уживајте во магијата на Париз од водите на Сена.
Опција 2: Посета на еден од многуте кафулиња или ресторани во центарот на Париз, уживајќи во француската кујна.
17.03.2025
Појадок во хотелот
Тргнување за Дизниленд Парк: Целодневна индивидуална посета на Дизниленд. Иако март не е најфреквентниот месец за посета на овој парк, атмосферата е фантастична и можностите за уживање се неограничени. Секој ќе може да ужива во своите омилени атракции и паради.
Опции за останатиот дел од групата: За тие што не сакаат да поминат ден во Дизниленд, постојат бројни други опции во Париз: разгледување на музеите (Музејот Орсе, Центарот Помпиду), шопинг во елегантните бутици на Le Marais или просто уживање во локалните кафулиња и ресторани.
Опционална индивидуална прошетка низ Париз: Можност за сами да ги истражувате знаменитостите или да се опуштите на некое кафе на улица.
18.03.2025
Појадок во хотелот
Одјавување од хотелот и заминување за Версај: Посета на Палатата Версај – една од најпознатите и најубавите палати во светот. Освен палата, Версај е познат и по своите огромни градини кои се вистинска природна убавина.
Посета на градините на Версај: Прошетајте низ величествените градини на Версај, кои во март се посебни по својата тишина и мир.
Трансфер до аеродромот: Полетување од Париз за Скопје во 16:50 часот.
Пристигнување на аеродромот во Скопје.

*Туристичката агенција го задржува правото на можни измени во програмата.

Пешачки разглед на Париз со водич: 35€

Авантура во градот на светлината! Париз – со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости е еден од најкомплетните градови на Светот. На ова патување ќе го доживеете Париз како локалец. Нашиот тим ќе ве однесе на најпознатите места, во скриени локални ресторани каде ќе може да го вкусите најдоброто вино и сирење и ќе ви ја открие убавината на францускиот начин на живеење. По се ова, просто е невозможно да не се заљубите во овој град.

Влезница за Музеј Лувр: 50€ (над 18 год) - 25€ (до 18 год)

Лувр е еден од најпознатите музеи во светот, сместен во Париз, Франција. Некогашна кралска палата, денес се гордее со богата колекција на уметнички дела, вклучувајќи ремек-дела како што се “Мона Лиза” и “Венера од Милос”. Неговата монументална стаклена пирмида на влезот стана симбол на модерниот Лувр. Со милиони посетители годишно, Лувр не само што го чува уметничкото наследство, туку и нуди увид во историјата на уметноста низ вековите.

Влезница за Дворед Версај: 65€ - 40€ (3-11 год.)

Дворецот Версај, е едно од најимпресивните и најзначајните архитектонски остварувања во светот. Изградбата почнала во 1661 година под покровителство на кралот Луј XIV, кој го користел како резиденција и симбол на неговата моќ. Дворецот е познат по своите раскошни соби, украсени со златни детали и уметнички дела, како и по прекрасните градини кои го опкружуваат.

Градините на Версај, дизајнирани од познатиот уметник Андре Ленотр, се во стил на француска барокна уметност и вклучуваат фонтаните, статуите и уредените алеи. Дворецот и неговите градини привлекуваат милиони посетители секоја година, нудејќи им уникатно искуство на историјата и уметноста.

Влезница за Ајфелова Кула до втор кат без резервација, се плаќа на лице место: 35€ - 18€ (3- 11 год) - цена од информативен карактер

Ајфелова кула, симболот на Париз и Франција, е една од најпознатите структури на светот. Изградена е меѓу 1887 и 1889 година за Светската изложба во Париз, по повод 100-годишнината од Француската револуција. Кулата е дизајнирана од инженерот Густав Ефел и има висина од 300 метри, што ја прави највисоката зграда во светот до 1930 година.

Кулата се состои од три нивоа, при што на највисокото се нудат спектакуларни погледи на градот. Посетителите можат да се искачат пешки или да користат лифтови за да стигнат до платформите. Ефелова кула е исто така позната по своите ноќни осветлувања, што создава магична атмосфера.

Со милиони посетители годишно, оваа икона не само што е туристичка атракција, туку и важен дел од француската култура и историја.

Крстарење по Сена со брод 1 час: 25€ - 20€ (3 - 11 год)

Реката Сена е една од најзначајните природни атракции во Париз и игра важна улога во историјата и културата на градот. Со должина од околу 777 километри, Сена тече низ срцето на Париз, разделувајќи го градот на левиот и десниот брег.

Сена е популарна дестинација за бродски тури, кои овозможуваат уникатен поглед на градот од водата. Овие тури често се особено спектакуларни навечер, кога знаменитостите се осветлени. Реката е и важен дел од секојдневниот живот на Париз, со локални жители кои се шетаат по нејзините брегови, уживајќи во убавината на околината.

Посета на Дизниленд - 95€ - 90€ (3-11 год.)

Дојдете и уживата во магичната бака каде ќе имате можност да ги запознаете историските Mickey & Minnie Mouse, да подете на кафе со Снежана, Ариел, Елза и Ана, да се поздравите со Аладин, да уживате и танцувате на невероатната парада со сите дизни ликови. Едноставно авантурата во Дизниленд започнува уште пред да влезете во паркот. Магично несекодневно искуство за целото семество!

  • Пасошите мора да важат минимум 90 дена од моментот на напуштање на Шенген зоната.
  • Секој патник треба да има важечко патничко осигурување
  • Со резервацијата треба да се плати аванс од 30% од вкупната сума
  • Плаќањата во денарска противвредност ќе се пресметуваат со курс 1 ЕУР = 62 МКД