Валенсија, третиот најголем град во Шпанија, е дестинација која совршено ги спојува историјата, уметноста и модерниот живот. Лоциран на брегот на Средоземното Море, овој град е познат по прекрасните плажи, уникатната архитектура и гастрономските задоволства.
Што ја прави Валенсија посебна?
- Историски центар – Истражете го старото јадро на градот, исполнето со импресивни архитектонски дела како Катедралата на Валенсија, Лонха де ла Седа (список на УНЕСКО) и Торес де Серранос.
- Град на науките и уметностите – Овој футуристички комплекс, дело на познатиот архитект Сантијаго Калатрава, е симбол на модерната Валенсија. Посетете го интерактивниот музеј, аквариумот (еден од најголемите во Европа) и планетариумот.
- Плажи – Уживајте на беспрекорните песочни плажи како Плаја де ла Малвароса и Плаја дел Кабанјал, идеални за одмор и релаксација.
- Природен парк Албуфера – Само 10 километри од градот, оваа лагуна е совршено место за љубителите на природа и мир. Не пропуштајте да го доживеете зајдисонцето на традиционален чамец.
Позната како родното место на паељата, Валенсија нуди исклучителни гастрономски искуства. Пробајте ја автентичната Паеља Валенсијана, фартонс со орчата (освежителен пијалак) и бројните морски специјалитети. Од традиционални пазари како Меркат Централ, до модерни бутици и шопинг центри, Валенсија е одлична за љубителите на шопинг. За оние кои сакаат забава, градот нуди динамичен ноќен живот со барови, дискотеки и културни настани. Со својата уникатна мешавина на култура, релаксација и авантура, Валенсија е идеална дестинација за сите – од семејства и парови до авантуристи и љубители на уметност.
Датум: |
06.03 – 09.03.2025
|
Цена: |
589€ за возрасно лице за последните 4 места
|
Во цената е вклучено: |
Повратен авионски лет
23kg багаж
Аеродромски такси
3 ноќи со појадок во ЕuroStars Gran Valencia 4*
Трансфер од аеродром – хотел – аеродром
Панорамски разглед со автобус на Валенсија
|
Во цената не е вклучено: |
Туристичка такса
Факултативни излети
Патничко осигурување
Локален транспорт: метро или автобуски билети
|
|
|
Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон 071/330-089.
06.03.2025
Полетување на аеродромот во Скопје во 04:00 ч.
Пристигнување (05:10ч)
Полетување од Белград за Валенсија во 06:15 ч. (Air Serbia). Слетување во Валенсија во 09:05 ч.
По излегувањето од аеродромот, заминување на панорамско разгледување на градот со автобус и пешки: Град на уметноста и науката (Ciudad de las Artes y las Ciencias), комплекс на современа архитектура дизајниран од познатиот архитект Сантјаго Калатрава, разгледување на уникатниот парк долг 9 км на местото на поранешното корито на реката Турија, панорамски обиколка на 15 мостови, Паркот на Гуливер, Палау де ла Музика, Пунте де лас Флорес (Мостот на цвеќињата) – најубавиот мост во Валенсија, разгледување на „Валентинската порта“ Торрес де Серрано и Торрес де Кварт, стадионот на славниот фудбалски клуб Валенсија – Местала, разгледување на Рузафе (космополитски и авангарден дел на градот, познат по атељетата, студијата, баровите, уличните музичари и бројните ресторани), разгледување на Банко де Еспања во центарот на градот (званично најубавата зграда во Валенсија), разгледување на Плаза де Торос, Естасио де Норд, Плаза де Ајунтамиенто – барокната градска општина од 18-ти век, пазарот, Колумбова улица и плоштадот. По разгледувањето, трансфер до хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
07.03.2025
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативен излет во траење од 3 часа: Валенсија низ историјата – пешачка тура. Прошетката започнува преку Валенсијската порта (кои некогаш биле 26), враќајќи се во минатото, следејќи историска рута која започнува на Тајфа де Валенсија и Плаза де ла Вирген (Плоштад на Богородица). Прошетката продолжува низ вековите, откривајќи значајни историски точки: битки, освојување и раѓање на Валенсија, заштитник на градот, Кatedralа de la Virgen de los Desamparados (Катедралата на Светата Богородица), Свети Грал – чаша од Тајната вечерја, Трибунал де лас Агуас – усмен суд под заштита на УНЕСКО, Базиликата на очајните (Basilica de los Desamparados), Микалет – ѕвонарната кула, археолошки наоѓалишта, арапски пазар, римски бањи, Mercat Central – централниот пазар на Валенсија со неверојатна архитектура (Art Nouveau), разгледување на официјално најтесната зграда на светот, Lonja de Seda – средновековна пазарна зграда во медитерански готички стил која е дел од заштитените „Патишта на свилата“. Мал одмор и слободно време во автентични барови во барокен стил (препорачуваме да пробате) познатото валенсијско пијалоци – Агуa де Валенсија, Чурос (шпанска слатка), или сендвич со шпанска шунка. По патувањето низ историската Валенсија, ќе се упатиме кон разгледување на архитектурата на иднината. Враќање во хотелот. Ноќевање. (Цена на излетот: од 30 €).
08.03.2025
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативен излет: Бенидорм и Аликанте. Бенидорм се наоѓа на околу 130 км од Валенсија и е едно од најпознатите шпански летувалишта (гледано годишно, над 8 милиони туристи го посетуваат). Прошетка низ старото градско јадро, слободно време. Потоа, продолжување на патувањето долж Белата обала (Costa Blanca). Пристигнување во Аликанте, уште едно од познатите шпански летувалишта во оваа регија. Летувалиштето е познато по тврдината Санта Барбара, која се издига на карпа над самиот град. Разгледување на тврдината, а потоа прошетка кон живописниот кварт Ел Барио де Санта Круз, познат по тесните кривулести улици, белите куќи со шарени декорации, Црквата Св. Никола од 17-ти век и градската општина која се наоѓа внатре во рушевините на средновековните ѕидови. По разгледувањето на стариот град, продолжување на прошетката кон авенијата Еспланада де Еспања (покриена со 6.6 милиони мермерни плочки), која е еден од симболите на градот. Прошетката завршува на најпознатата градска плажа Плаја дел Постигет, каде може да се опуштите и да уживате во некој од локалните ресторани или тапас барови кои нудат специјалитети на оваа регија. Враќање во Валенсија во късните попладневни часови. Ноќевање. (Цена на излетот: од 80 €).
09.03.2025
Појадок. Напуштање на собите и слободно време до трансферот за аеродром.
Препорака: посета на една од валенсијските плажи (Малвароса, Кабанјал, Патакона и други) или шетање по луксузната променада.
Трансфер до аеродромот.
Полетување за Белград во 20:35 , слетување во Белград во 23:15 ч. Полетување од Белград во 00:30 ч и пристигнување во Скопје во 01:40 ч
Пешачка тура низ Валенсија – Факултативен излет со водич : 30 €
Придружете ни се на незаборавната пешачка тура низ Валенсија и откријте ги најважните историски и културни споменици на овој прекрасен град. Со водич, ќе имате прилика да ја истражите Катедралата на Валенсија, Плаза де ла Вирген, Лоња де Седа и Меркат Централ, како и да прошетате низ шармантните улици и да се запознаете со богатата историја на Валенсија. Во текот на турите ќе ги откриете архитектонските бисери од различни епохи.
Излетот трае околу 3 часа и е идеален за љубителите на историјата и културата.
Посета на Аликанте и Бенидорм : 80 €
Придружете ни се на еднодневната посета на два од најпознатите летувалишта на Коста Бланка – Аликанте и Бенидорм. Во Аликанте ќе ги разгледате историските знаменитости како тврдината Санта Барбара и живописниот кварт Ел Барио де Санта Круз. Потоа продолжуваме кон Бенидорм, каде ќе уживате во прекрасните плажи и модерната архитектура. Овој излет ви нуди совршена комбинација на историја, култура и одмор покрај морето.
Air Serbia – 06.03.2025 | 04:00 – Skopje (SKP) – 1 STOP (BEL) – 09:05 Valencia (VLC)
Air Serbia – 09.03.2025 | 20:35 – Valencia (VLC) – 1 STOP (BEL) – 01:40 Skopje (SKP)
- Пасошите мора да важат минимум 90 дена од моментот на напуштање на Шенген зоната.
- Секој патник треба да има важечко патничко осигурување
- Со резервацијата треба да се плати аванс од 30% од вкупната сума
- Плаќањата во денарска противвредност ќе се пресметуваат со курс 1 ЕУР = 62 МКД
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена