Малта-рај во срцето на Средоземното Море

Малта – рај во срцето на Средоземното Море

Тиркизна вода, прекрасни плажи, целодневни забави и одлична храна се нештата со кои таа ќе ве освои на прв поглед. А, ако на тоа ја додадеме богатата култура и традиција тогаш Малта дефинитивно треба да се најде на листата со места кои треба да ги посетите овој февруари.

Што да се прави во Малта во февруари?

Малта е прекрасна дестинација во текот на целата година, а февруари нуди уникатно искуство со пријатни температури, помалку туристи и возбудливи културни настани. Доколку планирате патување во Малта овој месец, еве што не смеете да пропуштите:

1. Уживајте во Малтешкиот карневал
Февруари е месец на Малтешкиот карневал, еден од најстарите и најживописни настани во земјата. Во Валета и Гозо ќе најдете паради со шарени костими, маскирани танчари и спектакуларни огномети.

2. Истражете ги историските знаменитости

  • Валета – прошетајте низ улиците на овој барокен град, заштитен од УНЕСКО.
  • Мдина – тивок и магичен средновековен град, познат како „Тивкиот град“.
  • Мегалитски храмови – посетете ги Ħaġar Qim и Mnajdra, некои од најстарите храмови во светот.

3. Откријте ја природната убавина на Малта

  • Погледнете го величествениот Blue Grotto – пештери со кристално сина вода.
  • Направете прошетка до Dingli Cliffs – спектакуларна локација со поглед кон морето.

4. Гастрономско уживање
Пробајте традиционални јадења како пастици, морски специјалитети и локалното малтешко вино. Посетете традиционални таверни и ресторани во Марсашлок, рибарско гратче со свежи морски плодови.

5. Опуштете се во СПА и велнес центри
Февруари е совршен месец за релаксација. Многу хотели нудат одлични СПА третмани со поглед кон морето.

6. Пешачки тури и активности на отворено
Со блага клима и пријатни температури, февруари е идеален за пешачки тури низ природата и велосипедизам низ островот Гозо.

Резервирајте го вашето февруарско патување во Малта!
Контактирајте нè за повеќе информации и искористете ја можноста да го посетите овој прекрасен остров во еден од најинтересните периоди од годината!

Датум:

17.02-21.02.2025

Цени:

од 329€ по лице

Во цената е вклучено:
  • Индивидуални авионски билет на релација Скопје-Малта -Скопје со авио компанијата WizzAir
  • Рачен багаж од 8кг со димензии 40x30x20
  • Трансфер аеродром Малта- Хотел Малта – аеродром Малта
  • 4 ноќевања во хотел со 3* во Малта на база ноќевање со појадок
  • Организација и реализација на патувањето
Во цената не е вклучено:
  • Дополнителен багаж од 10кг- 55€ доплата (проверете со агенцијата пред патувањето за евентуална промена од страна на авиокомпанијата)
  • Дополнителен багаж од 20 кг- 70€ доплата (проверете со агенцијата пред патувањето за евентуална промена од страна на авиокомпанијата)
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Останати по програма не наведени услуги

*Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон +38971330089.

17.02.2025
Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Полетување од аеродромот во Скопје во 17:15, Пристигнување во Малта во19:05 со
попладневен лет. По пристигнувањето во Малта, трансфер до хотелот, пријавување во хотелот и авантурата може да започне!
18.02.2025
Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет, панорамски разглед на трите града и Валета.
“Vittoriosa, Senglea, Cospicua” уште наречени како трите града ќе ве однесат во едно поинакво време, време на Малтешките витези. Лоцирани веднаш спроти главното пристаниште во Валета, немо сведочат за сите окупации низ годините. Виториоса е најстара и најзачувана од сите 3 града и е уште позната и како лулка на малтешката историја бидејќи била прв дом на малтешките витези од редот на Св. Јован уште од 1530 год. До тука можете да дојдете со јавен превоз директно од Валета или со бродче од пристаништето во Валета. Почетокот на ова историско патување го започнуваме со тврдината “St. Angelo” позициониран на полуостровот Виториоса. Оваа тврдина низ сиве овие години стои како гард на пристаништето во Валета, играјќи ја улогата на заштитник на островот. Куќата на Големиот Мастер на одредот на Св. Јован денеска може да се види само од надвор бидејќи е во фаза на реконструкција. Една од извонредните градби кои ни раскажуваат инпозантна приказна е Инквизиторската палата, која првично била користена како суд во 1530 год. Низ годините, таа станува и дом на дел од инквизиторите. Во неа можат да се видат добро сочуваните соби како и некои од келиите во кои се држеле, предавниците, вештерките и неверниците, а на ѕидовите сеуште сведочат цртежите и списите од затворениците. Катедралата “St. Lawrence” неверојатно издание со уникатни слики, статуи и Романски крст дизајнирана од архитектот Лоренцо Гафа во Романско-Барок стил. Во Виториоса можете да ги видите и деловите каде се снимал легендарните филмови “Troy” и “Gladiator” (Тврдината Рикосоли).
Места кои задолжително треба да ги посетите во Малта е Валета градот кој го нарекуваат музеј на отворено. Една прошетка низ овој град и речиси секоја фасада што ќе ја видите ќе ви каже нешто за неговата долга традиција и културна историја. Прошетката ја започнуваме од влезот на Валета и велелепните Тритон фонтан која се наоѓа пред самиот влез. Влезот на градот е означен со мост кој некогаш се дигал и спуштал по потреба да се одбрани градот. Една од портите на градот се користи и денеска како главен влез на градот. Следна станица е “St. John’s Co-Catedral”, катедрала изградена во 16 век, по наредба на витезите од редот на Св. Јован. Се искачуваме кон “Lower Barakka” и “Upper Barrakka” градини направени во 16 век, од кој се пружа неверојатен поглед на градот, пристаништето како и трите града. Разгледот продолжува кон “Casa Rocca Piccola”, приватна палата на Малтешката фамилија Нобле. Оваа палата е изградена во 16 век, а фамилијата Нобле низ годините успеала да го задржи тогашниот изглед во потполност. Тврдината Св. Елмо и Националниот воен музеј се исто така неизбежен дел од оваа прошетка. Разгледот го завршуваме со посета на “Grand’ Master’s Palace ”, на плоштадот Св. Ѓоргија, во срцето на Валета, оваа палата ве кани да ја истражите 450 години долга историја создадена од Малтешките витези како и Музејот “Mysterium Fidei” Музејот на “St Catherine” манастирот и тајните градини. Овој подземен комплекс кој се наоѓа под манастирот Св. Катерина, бил изграден со цел да биде сиропиталиште, а подоцна и како бегство од надворешниот свет на монахињите кои ќе одлучат својот живот да го посветат на Бога и во изолација од надворешниот свет. Во вечерните часови препорачуваме времето да го поминете во Валета и да уживате во традиционална вечера, пијалок, и уличните перформери кои ги има до доцните часови низ целиот град.
19.02.2025
Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности или можност за организација на индивидуален факултативен излет селото на Попајкое се наоѓа во северозападниот дел на Малта, мала скриена атракција која пружа вистинска забава за децата, но и за возрасните. Проверете ја тековната програма на нивната веб страна. Исто така може и да ги посетите островите Гозо и Комино каде се наоѓа најубавата плажа во Малта – Blue Lagoon. Наша препорака овој ден да го започнете со островот Гозо, мал остров но неизоставен дел од Малтешката историја и убавина. До Гозо се стигнува за 20 тина минути со фери број кој оди од Малта доста често. Веднаш по пристигнувањето за Гозо, упатете се кон плажата со најтиркизно море Двеира, каде до бродче ќе ги посетите водените пештери и ќе ги видите неверојатните корали како и клифови во најразлични облици. Во овј ден можете да го видите и местото на некогашниот симбол Азурниот прозорец кој од силно невреме поради ерозија беше уништен во 2017 год. Во овој ден на Гозо можете и да го видите местото каде се снимени кадри од легенрадниот филм - “ Game of Thrones”. Викториа, главниот град на Гозо е уште еден сведок на импозантната историја на Гозо и Малта. Малите и тесни улички ќе ве донесат до неверојатни градби како што се катедралата Успение и базиликата “St George”. Прошетката продолжете ја кон врвот на цитаделата, тврдина полна со музеи, катедрала и продавнички.
20.02.2025
Појадок во хотелот. Можност за посета на Мдина и Рабат–. Мдина античкиот главен град и град на тишината, прошетката започнете ја со посета на катедралата “St. Paul”, барокна катедрала, изградена врз остатоците на Норманска црква уништена од катастрофален земјотрес. Продолжете по тесните улички кои ја шепотат историјата и ќе стигнете до најубавата “инстаграмска” порта, обвиткана со розените бугенвилии за да ги направите најфилмските фотографии. Рабат – местото каде ќе ги видите катакомбата на Свети Павле, криптата на Св. Агата римската куќа која денес е музеј. Враќање во хотелот. Ноќевање
21.02.2025
Појадок во хотелот. Одјавување од хотелот во утринските часови. Време за слободни активности. Трансфер до аеродромот во Малта. Полетување кон Скопје во 19:35, Пристигнување во Скопје во 21:20.

Крај на патувањето.

Факултативни излети:

  • Валета + трите града- 52€ по лице
  • Мдина + Рабат- 40€ по лице
  • Гозо- 65€ по лице

Пакет од сите 3 екскурзии: 155€ по лице.

Напомена: Екскурзиите се креирани за минумум 15 лица, доколку минималниот број на лица не биде исполнет, агенцијата го задржува правото да ја промени цената на истите или да ги откаже и да понуди алтернатива.

  • Факултативните излети се од информативен карактер и истите можат да се менуваат според желбите на патникот.
  • Цените се дадени на база на моменталните расположливи места во хотел и на авион и истите можат да се променат се до моментот на резервација.
  • Цената во евра се пресметува по курс од 1 еур= 62 мкд
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.