Положба
Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki 12км од Manavgat и 65км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 334.
Стандардни соби (34m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице),
Фамилијарни соби со кревети на спрат (34m², една спална соба одделена со параван, каде има кревет на спрат за деца, едно купатило, макс. 2+2 лица),
Фамилијарни соби (41m², две спални соби со врата измеѓу, едно купатило, макс. 4+1 лице),
Економски соби (25m², една спална соба, едно купатило, макс. 2 лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина и фен, клима уред, телефон, мини бар, сеф (се доплаќа), сателитска телевизија и музички канали, балкон.
Услуга
All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, време за чај и колачи, вечера, закуска доцна навечер, сладолед за време на одредени часови, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 – 24:00 часот, бар на плажа и бар за закуски од 10:00 – 18:00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, A’la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, послуга во соба.
Содржини
Главен ресторансо шведска маса, A’la Carte ресторани – Турски, Италијански, Рибен, барови, Disco club. Доктор, бебиситер, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, услуги за перење, сушење и пеглање, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција (мала брзина) во лоби е бесплатна.
Плажа
Хотелска плажа, 250м од хотел (5 минути пешачење), камчиња и песок, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Спорт и забава
Внатрешни и надворешни базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг- понг. Се доплаќаат: спортови на вода, Wellness центар и центар за убавина, масажа, билијард. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми навечер, мини кино, мини клуб за деца од 4-12 години, игралиште, различни програми во текот на денот, мини диско навечер.
Датум: | 03.05 – 18.10.2025 |
Престој: | 6/7/10/13 ноќи |
Цена: | од 502€ по лице |
Во цената е вклучено: | Чартер лет
Трансфери (аеродром – хотел – аеродром)
6 ноќевања
Сите оброци и пијалоци според концептот All Inclusive
20 кг багаж по лице
|
Тип на соба
Забелешки: