Бенидорм е еден од најпознатите туристички градови во Шпанија, сместен на живописната Коста Бланка, на околу 45 километри од Валенсија – идеална локација која спојува море, урбана енергија и лесна достапност.
Со својата пријатна медитеранска клима, долги песочни плажи и динамичен дух, Бенидорм со право го носи прекарот „Менхетенот на Медитеранот“. Градот нуди совршена рамнотежа помеѓу релаксација и забава, привлекувајќи патници од целиот свет.
Познати факти за Бенидорм:
Gran Hotel Bali & Spa, највисокиот хотел во Европа, е вистинска знаменитост на Коста Бланка. Сместен во мирната зона Ла Кала, на само 5 минути пеш од плажата Пониенте, хотелот нуди спектакуларни погледи и висок стандард на удобност.
Хотелот располага со пространи, климатизирани соби со балкони, повеќе надворешни базени, ресторани со шведска маса, бар покрај базен и вечерна анимација. За дополнително уживање, гостите можат да користат спа-центар со сауна, џакузи и фитнес, како и масажи и третмани (со доплата).
Gran Hotel Bali & Spa е идеален избор за оние што сакаат комфорен, модерен и комплетен одмор, со лесен пристап до плажа, град и атракции.
| Датум: | 17.07 – 24.07.2026 |
| Цени: |
Пакет цената е изразена по лице во дво/трокреветна соба и вклучува: Полн пансион + Трансфери Скопје-Тирана-Скопје + Авио Билет |
| Во цената е вклучено: |
|
| Во цената не е вклучено: |
|
*Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон +38971330089.
Започнуваме со импресивните Торес де Серанос – величествен симбол на Валенсија и дел од некогашните градски ѕидини што го штителе стариот град.
Потоа се упатуваме низ преубавите градини Турија, еден од најголемите урбани паркови во Европа. Создаден на местото на поранешното корито на реката, овој парк е долг над 9 километри, поминува под 18 историски мостови и ги поврзува најзначајните градски атракции.
Од модерниот Биопарк – зоолошка градина каде животните живеат во природно опкружување – стасуваме до футуристичкиот Град на уметностите и науките, дело на Сантијаго Калатрава и Феликс Кандела. Во овој комплекс се наоѓаат:
Нашата прошетка продолжува кон Plaza de la Virgen, еден од најстарите плоштади во градот, каде се наоѓа прекрасната Фонтана Турија. Тука е и Катедралата на Валенсија, каде што, според преданието, се чува Светиот Грал. За оние што сакаат мал предизвик, се нуди качување на Торањот Мигелете – 214 скалила со поглед што го одзема здивот.
Навлегуваме во Барио дел Кармен, кварт исполнет со тесни улици, живописни фасади и историја на секој чекор. Тука се наоѓа и најтесната куќа во светот – широка само 107 сантиметри!
Следува посета на Централниот пазар, вистински гастрономски рај каде мирисите, боите и вкусовите на Валенсија се претвораат во доживување.
Не ја изоставуваме и Lonja de la Seda, ремек-дело на готската архитектура и светско културно наследство на УНЕСКО, како и елегантниот Mercado de Colón, симбол на модернистичката убавина на градот.
Валенсија не е само град – тоа е совршена комбинација на историја, уметност, вкус и енергија. Подгответе се за екскурзија што навистина ги буди сите сетила!
Времетраење на турата: 09:00 – 19:30