Grey Hotel е модерен и луксузен хотел сместен во срцето на Копаоник, во непосредна близина на скијачките патеки. Хотелот комбинира современ дизајн, висок степен на комфор и богата понуда за одмор, релаксација и зимски активности. Со својот префинет амбиент и персонализиран пристап кон гостите, Grey Hotel е одличен избор за парови, семејства и љубители на скијањето.
Сместување
Хотелот нуди богат избор на соби и апартмани, меѓу кои се стандардни соби, стандардни соби со балкон, Deluxe соби, стандардни и Deluxe апартмани, Premium апартмани со кујна или балкон, како и Penthouse апартман.
Сместувачките единици се модерно и внимателно уредени, со комфорен мебел и современи погодности. Апартманите се особено погодни за семејства, бидејќи нудат повеќе простор за удобен престој.
SPA & Wellness
Grey Spa центарот е создаден за целосна релаксација и обновување на енергијата. На располагање се базен со хидромасажа, Relax зона, финска сауна, парна бања, тропски тушеви, ледомат, Infra Relax соба и простории за масажа.
Во рамките на SPA зоната гостите имаат пристап и до модерно опремена фитнес сала. SPA центарот работи од 10:00 до 22:00 часот.
Детски содржини
За најмладите гости, Grey Hotel располага со детска игрoтека, создадена како безбеден и удобен простор за игра и забава. На децата им се достапни различни активности и креативни игри, што го прави хотелот одличен избор и за семеен одмор на Копаоник.
Grey Gourmet – ресторан и гастрономија
Grey Gourmet е ресторанот на хотелот, наменет за гости кои сакаат да уживаат во внимателно подготвена гастрономска понуда. Менито комбинира современи интернационални трендови со почит кон традиционалните вкусови, а винската карта е дополнета со препораки од професионален сомелиер.
Гостите можат да уживаат во buffet појадок, à la carte појадок, ручек и вечера, додека room service е достапен во текот на целата ноќ.
Grey Hotel нуди можност за изнајмување и сервисирање на ски-опрема од познати брендови како Head, Fischer и Elan. Дополнително, достапна е и Grey Ski School, со часови и програми за деца и возрасни.
SPA Resort St. Ivan Rilski е одличен избор за семеен планински одмор во Банско – со пространи соби и апартмани, голем SPA центар, загреани базени, посебна зона за возрасни, Kids Club и All Inclusive концепт.
Со широк избор на соби и апартмани, 2.000 м² SPA & Wellness зона, затворени и отворени базени, богата гастрономија, детски програми и бројни активности во природа.
Grey Hotel е одличен избор за луксузен и модерен одмор на Копаоник. Со богат избор на соби и апартмани, модерен SPA центар, ресторан со префинета гастрономија, игортека за деца.