Барселона претставува скапоцен камен на Медитеранот – живописен град што зрачи со уметност, култура и космополитска енергија. Во декември, таа добива посебна празнична атмосфера, станувајќи уникатна дестинација за оние што сакаат да ги поминат зимските денови во топла, но и возбудлива средина.
Градот пулсира со живот и во зимскиот период – улиците се украсени со светилки и новогодишни декорации, а плоштадите и малите улички се претвораат во шармантни божиќни пазари. Топлото медитеранско сонце и пријатните температури – кои ретко паѓаат под 15°C – создаваат идеални услови за прошетки, разгледување и релаксација на отворено.
Барселона е дестинација која нуди уникатни искуства во секој период од годината, но во декември, нејзината магија се чувствува на секој чекор. Од историјата што ја носат готските улици и модернистичките ремек-дела на Гауди, до празничната атмосфера во квартови како Ел Борн, Грасиа и Еиксампле – сето тоа ја прави Барселона совршено место за доживување на празниците на еден поинаков начин.
Саграда Фамилија, Парк Гуел, Каса Батљо и Ла Педрера се само дел од културното богатство што го нуди градот. Паралелно, со прошетка по Ла Рамбла или по брегот на Барселонета, ќе ја почувствувате леснотијата на животот што го прави овој град толку посебен.
За љубителите на гастрономијата, декември во Барселона нуди совршен повод да се запознаете со локалните вкусови – од традиционални каталонски јадења и тапаси, до празнични специјалитети како „turrón“ и „roscón de reyes“, кои се дел од локалната култура и прослава.
| Датум: | 05.12 – 08.12.2026 |
| Цена: |
|
| Во цената е вклучено: |
|
| Во цената не е вклучено: |
|
Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон 071/330-089.
Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди
Тргнување во утринските часови со автобус од хотел од Барселона.
Се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.
Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.
Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера.
И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот.
Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.
Враќање на хотелот.
Готска четврт (El Gòtic) во Барселона е еден од најстарите и најфасцинантни делови на градот. Сместена во срцето на Стариот град (Ciutat Vella), таа претставува лавиринт од тесни, средновековни улици, полни со историја, уметност и архитектонски богатства. Во оваа четврт се наоѓаат некои од најважните знаменитости на Барселона, како што се Готската катедрала (La Catedral de Barcelona), Плоштадот Рејал (Plaça Reial), како и остатоци од римскиот град Барсино. Готската четврт денес е жив културен центар, исполнет со кафулиња, музеи, галерии и улични уметници, кои и даваат уникатна атмосфера.
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.
Откријте го магичниот свет на Антони Гауди со прошетка низ еден од највпечатливите паркови во Барселона – Парк Гуел.
Уживајте во уникатната архитектура, шарените мозаици, панорамските погледи кон градот и волшебната атмосфера што го прави овој парк едно од најпознатите ремек-дела на модернизмот.
Camp Nou – Arc de Triomf – Parc de la Ciutadella – La Barceloneta
Фламенко шоуто е традиционална шпанска музичко-танцова изведба полна со емоции, енергија и страст. Танчерите настапуваат со брзи движења, удирање со нозете и изразит фолклорен ритам, придружени од гитара и пеење. Гледањето фламенко е вистинско културно доживување кое ја покажува душата на Шпанија!