Hotel Putnik Kopaonik 4*

Hotel Putnik е одличен избор за семеен и активен зимски одмор на Копаоник.

Hotel Putnik Kopaonik е модерен планински хотел сместен во Сончана Долина, на 1.650 метри надморска височина, во Националниот парк Копаоник. Една од неговите најголеми предности е директниот пристап до ски-патеката Сончана Долина 1C, што го прави одличен избор за љубителите на зимските спортови. Хотелот комбинира модерен комфор, планински амбиент и богата понуда за семејства, парови и активни гости.

Сместување

Хотелот располага со 116 сместувачки единици, меѓу кои 83 стандардни двокреветни соби, 13 семејни соби, 6 луксузни апартмани и Superior Vila Putnik. Сместувањето е комбинација од планинска удобност, модерен дизајн и префинет комфор. Големите прозорци во собите нудат панорамски поглед кон Сончана Долина.

SPA & Wellness

Wellness & Spa центарот е идеално место за релаксација по активен ден на Копаоник. На гостите на хотелот им е достапен SPA центарот, а во понудата се вклучени содржини за одмор и релаксација, како и дополнителни SPA услуги.Детски содржини

За најмладите гости, Grey Hotel располага со детска игрoтека, создадена како безбеден и удобен простор за игра и забава. На децата им се достапни различни активности и креативни игри, што го прави хотелот одличен избор и за семеен одмор на Копаоник.

Детска содржина

Посебно внимание е посветено на најмладите гости. Хотелот располага со детска играоница, создадена како простор каде децата можат да се забавуваат и активно да го поминуваат своето време, додека родителите уживаат во останатите содржини на хотелот.

Ресторан и гастрономија

Во пансионскиот ресторан, појадокот и вечерата се служат на база на шведска маса, со богат избор на локални и интернационални специјалитети. За дополнително уживање, гостите можат да го посетат и Sunset Cafe, кој нуди опуштена атмосфера и прекрасен поглед кон планинското опкружување.

Hotel Putnik е одличен избор за семеен и активен зимски одмор на Копаоник. Со директен пристап до ски-патеката, удобни соби и апартмани, SPA & Wellness центар, детска играоница и можност за изнајмување ски-опрема и ски-школа, хотелот нуди сè што е потребно за комплетен одмор на планина

Резервирај