Дочекај Нова Година во Барселона

City Break Барселона – Нова Година

Дочекајте ја Новата година во Барселона – град каде медитеранскиот шарм, празничните светилки и живата атмосфера создаваат незаборавно празнично доживување. Прошетајте по живописната Ла Рамбла, воодушевете се на ремек-делата на Гауди, посетете ја величествената Саграда Фамилија и уживајте во магијата на новогодишно украсените улици и плоштади.

Во текот на празничната сезона, Барселона нуди бројни божиќни базари, концерти на отворено, богата гастрономска понуда и спектакуларен новогодишен амбиент. На полноќ, градот оживува со огномети, музика и традиционалното шпанско одбројување со дванаесет зрна грозје – симбол на среќа и просперитет во новата година.

Овој city break е идеален избор за сите кои сакаат да ја комбинираат празничната магија со култура, архитектура, шопинг и медитеранска гастрономија. Започнете ја новата година со незаборавно патување и создадете спомени што ќе останат со вас долго по празниците.

Датум:

29.12.2026-02.01.2027

Цена:
  • 499€ за возрасно лице
  • 80€ за деца до 02 години
Во цената е вклучено:
  • Повратен авионски лет од Скопје со рачен багаж
  • Аеродромска такса
  • 3 ноќевања со појадок во хотел
  • Трансфер од аеродром – хотел – аеродром
  • Локална поддршка во текот на патувањето
Во цената не е вклучено:
  • Туристичка такса по лице / ден
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Локален транспорт: метро или автобуски билети

Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон 071/330-089.

29.12.2026
30.12.2026
31.12.2026
01.01.2027
02.01.2027

Барселона Панорамика- 65€, деца до 12 години: 35€

Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди

Тргнување во утринските часови со автобус од хотел од Барселона.
Се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.

Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.

Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера.
И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот.

Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.

Враќање на хотелот.

📌 Цена на излетот: 65 €
👶 Деца до 12 години: 35 €

Готска Четврт - 35€, деца од 2-12 години - 20€

Готска четврт (El Gòtic) во Барселона е еден од најстарите и најфасцинантни делови на градот. Сместена во срцето на Стариот град (Ciutat Vella), таа претставува лавиринт од тесни, средновековни улици, полни со историја, уметност и архитектонски богатства. Во оваа четврт се наоѓаат некои од најважните знаменитости на Барселона, како што се Готската катедрала (La Catedral de Barcelona), Плоштадот Рејал (Plaça Reial), како и остатоци од римскиот град Барсино. Готската четврт денес е жив културен центар, исполнет со кафулиња, музеи, галерии и улични уметници, кои и даваат уникатна атмосфера.

Аквариум Барселона - 35€, деца од 2-10 плаќаат 30€

Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.

Музеј Дали + Гирона- 85€, деца до 12 години: 45€

Тргнување во утринските часови од хотел.

Патувањето нè води кон бајковитата Гирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедрала, со право наречена „Бисерот на круната на Гирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада во светот – широка дури 55 метри.

Ќе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за индивидуални активности.

Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела Шпанија.
Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот, со необичната и уникатна поставка од делата на овој генијален уметник.

По посетата следува слободно време во Фигерас и потоа враќање во хотелво вечерните часови.

📌 Цена на излетот: 85 €
👶 Деца до 12 години: 45 €

Гирона – позната по својата средновековна архитектура, заграден со ѕидови Стариот кварт (Бари Вел) и римските остатоци од тврдината Форца Вела. Украсените градини се наредени низ Passeig Arqueològic, патека по средновековните ѕидини на Стариот кварт, кои вклучуваат караули со огромен поглед.

Времетраење: 7 часа

Посета на Парк Гуел: 23€

Откријте го магичниот свет на Антони Гауди со прошетка низ еден од највпечатливите паркови во Барселона – Парк Гуел.

Уживајте во уникатната архитектура, шарените мозаици, панорамските погледи кон градот и волшебната атмосфера што го прави овој парк едно од најпознатите ремек-дела на модернизмот.

Парадокс музеј: 20€

Парадокс музејот во Барселона е забавно и волшебно место каде што ништо не е како што изгледа! Таму децата можат да влезат во свет на илузии, да видат соби што се вртат, да стојат на ѕидови, или да изгледаат како џинови или минијатурни луѓе. Сè е направено за да го збуни мозокот на забавен начин и да предизвика смеа и восхит.

Целодневна авантура во Порт Авентура: 50€

PortAventura е еден од најголемите забавни паркови во Европа, близу до Барселона. Тоа е вистински рај за деца, со магични светови, ролеркостери, водени слајдови и ликови од Sesame Street. Најмладите ќе уживаат во Sésamo Aventura, а постарите деца во возбудливи возења како Shambhala и Ferrari Land. Паркот нуди цел ден полн со смеа, игра и незаборавни авантури за целото семејство!

Чоколаден музеј: 9€

Чоколадниот музеј во Барселона е слатко и забавно место каде што децата можат да научат како се прави чоколадо – од зрно до чоколадно табло! Во музејот ќе видите скулптури направени од чоколадо, ќе дознаете приказни од историјата на чоколадото и можете сами да направите чоколадни форми. Совршено место за сите што го обожаваат чоколадото!

Барселона Зоолошка: 23€

Зоолошката градина во Барселона е прекрасно место каде што децата можат да видат над 2.000 животни од целиот свет! Има мајмуни, жирафи, слонови, пингвини и многу други. Во паркот има и игралишта, шоу со животни и едукативни зони каде што децата учат додека се забавуваат. Совршено место за семеен ден полн со авантури и животински пријатели!

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
  • Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од моменталната расположливост. Не е можно да се резервира одреден кат или страна.
  • Пасошот мора да има важност најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
  • Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
  • При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
  • Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
  • Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да ги понуди и продаде слободните места по специјални “ultrafirst” или “last minute” понуди, по цени кои може да се разликуваат од веќе објавените.
  • Патниците кои го уплатиле аранжманот според редовниот ценовник немаат право на поврат или надомест на средства по основ на разликата во цената.