Велигден во Барселона & Коста Брава

Продолжен викенд во Барселона и Коста Брава

Барселона претставува скапоцен камен на Медитеранот. Жив град, полн со приказни за раскажување и уникатни искуства за уживање. Тоа е космополитска и културна дестинација која ги задржува своите традиционални корени. Барселона е синоним за Медитеранот, што ја прави еден од главните туристички, економски, трговски и културни центри во светот. Нејзиниот годишен временски просек од 20ºc  ја прави совршена за уживање во активен животен стил на отворено. Барселона е град со широк спектар на оригинални опции за слободно време кои ве поттикнуваат да ја посетувате одново и одново. Барселона ги привлекува посетителите кон своите познати знаменитости, како што се Саграда Фамилија, Парк Гуел, Куќата на Батло и Ла Педрера. Прошетка покрај морскиот брег, вечерни часови на тераса на покривот со поглед на хоризонтот на градот, пространи паркови како што се Parc de Montjüic или Ciutadella, пристаништето, олимпиското село и низа други опции се само дел од новите искуства кои може да ги доживеете при секоја посета. За обожавателите на сонцето, Барселона е токму она што го барате! Нејзиното крајбрежје се протега на 4,5 километри и им нуди на туристите широк спектар на одлични плажи.

Кулинарските специјалитети се исто така разновидни, со светски познати ресторани за висока кујна, традиционални каталонски јадења, пазари за храна и други места кои ве носат низ светот со нивните вкусови. Со поглед на Средоземното Море и позната по Гауди и другата Арт Нову архитектура, Барселона е еден од најмодерните градови во Европа.

Коста Брава е едно од најшармантните крајбрежја на Шпанија, познато по своите живописни заливи, кристално чистото море и медитеранската атмосфера. Од раздвижениот Љорет де Мар, со своите долги плажи и богата понуда за забава, до романтичната Тоса де Мар, со калдрмисани улички, историскиот стар град и прекрасните погледи кон морето Коста Брава нуди совршен спој на релаксација, авантура и автентичен шпански шарм.

Датум:

01.05-04.05.2027

Цена:
  • 399 € за возрасно лице
  • 80€ за деца до 1.99 години
Во цената е вклучено:
  • Повратен авионски лет Скопје-Барселона-Скопје
  • Ранчен багаж со димензии 40x30x20cm
  • Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • 3 ноќевања во хотел Alegria Sun Village 4*
  • Полупансион (појадок и вечера)
  • Пратител од агенција и водич на патувањето
Во цената не е вклучено:
  • Туристичка такса која се плаќа на рецепција
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Локален транспорт: метро или автобуски билети

Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон 071/330-089 или 071/330-039.

01.05.2027
СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА – ЛОРЕТ ДЕ МАР

Состанок на групата на Меѓународниот аеродром Скопје во 17:00 часот. Пријавување и полетување за Барселона во 19:00 часот со директен лет на Wizz Air.

Пристигнување на аеродромот во Барселона во 21:50 часот. По завршувањето на аеродромските формалности, организиран трансфер до Лорет де Мар, едно од најпознатите туристички места на Коста Брава. Сместување во хотелот. Ноќевање.
02.05.2027
БАРСЕЛОНА - ПО СТАПКИТЕ НА ГАУДИ

Појадок. Слободен ден во Лорет де Мар или можност за целодневен факултативен излет во Барселона, градот на Гауди, медитеранскиот дух и неповторливата архитектура.

Разгледувањето го започнуваме со Саграда Фамилија, најпознатото дело на Антони Гауди и симбол на Барселона. Надворешно разгледување, запознавање со приказната за оваа несекојдневна базилика и време за фотографирање.

Продолжуваме кон Пасеиг де Грасија, една од најубавите градски авении, каде што се наоѓаат познатите Каса Мила - Ла Педрера и Каса Батљо. Нивните необични фасади, бои и форми се најдобриот вовед во светот на Гауди.

Следува панорамско разгледување со автобус кон Плоштадот Шпанија и Монжуик, со олимпискиот комплекс и прекрасните погледи кон градот и пристаништето. Продолжуваме кон споменикот на Колумбо и Порт Вел, каде што Барселона се отвора кон морето.

Слободно време за ручек (препорака за дегустација на локална храна и посета на тапас барови), кафе или прошетка покрај пристаништето / плажата Барселонета. Во договореното време, враќање во Лорет де Мар. Вечера. Ноќевање.
03.05.2027
КОСТА БРАВА - ТОСА ДЕ МАР И ШПАНСКИ ВКУСОВИ

Појадок. Слободно време во Лорет де Мар или можност за факултативен излет по Коста Брава, крајбрежје препознатливо по карпестите заливи, песочните плажи и малите медитерански места.

Се упатуваме кон Тоса де Мар, едно од најшармантните места на овој дел од шпанскиот брег. Прошетка низ Вила Веља, старото градско јадро опкружено со средновековни ѕидини, со камени улички и прекрасни погледи кон морето. Слободно време за фотографии, кафе покрај плажата и уживање во атмосферата на местото.

Излетот продолжува со посета на традиционална бодега, каде што ќе имаме можност да се запознаеме со локалните вина и да уживаме во дегустација на шпански вкусови.

Враќање во хотелот. Слободно попладне за прошетка низ Лорет, одмор и индивидуални активности. Вечера.

Во вечерните часови, можност за факултативна посета на фламенко шоу - вечер исполнета со музика, ритам и шпанска енергија. Ноќевање.
04.05.2027
БАРСЕЛОНА – ГОТСКИ КВАРТ, ЛА РАМБЛА И СЛОБОДНО ВРЕМЕ – СКОПЈЕ

Појадок и одјавување од хотелот. Заминување со багажот кон Барселона, каде што го поминуваме последниот ден од патувањето пред трансферот до аеродромот.

Можност за факултативна пешачка тура низ стара Барселона. Разгледувањето го започнуваме од Плоштадот Каталонија, а потоа влегуваме во Готскиот кварт, историското срце на градот. Прошетка низ тесните улички и плоштади, надворешно разгледување на Катедралата на Барселона и посета на Плоштадот Сант Жауме, каде што се наоѓаат Градското собрание и седиштето на каталонската влада.

Продолжуваме кон живописниот Плоштад Рејал и познатата Ла Рамбла, шеталиштето што најдобро го доловува ритамот на Барселона. Посета на Ла Бокерија, прочуениот пазар со богата понуда на свежо овошје, локални специјалитети и шпански деликатеси.

По разгледувањето, слободно време за ручек, шопинг и индивидуално уживање во градот. Искористете ги последните часови за тапас, сангрија или уште една прошетка покрај морето.

Во договореното време, состанок на групата и организиран трансфер до аеродромот, со планирано пристигнување околу 20:00 часот. Директен лет за Скопје во 22:35 часот.

Пристигнување во Скопје во 01:20 часот на 05.05.2027. Крај на патувањето.

Барселона – По стапките на Гауди: 65€, деца до 12 год: 35€

Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди

Разгледувањето го започнуваме со Саграда Фамилија, најпознатото дело на Антони Гауди и симбол на Барселона. Надворешно разгледување, запознавање со приказната за оваа несекојдневна базилика и време за фотографирање.

Продолжуваме кон Пасеиг де Грасија, една од најубавите градски авении, каде што се наоѓаат познатите Каса Мила – Ла Педрера и Каса Батљо. Нивните необични фасади, бои и форми се најдобриот вовед во светот на Гауди.

Следува панорамско разгледување со автобус кон Плоштадот Шпанија и Монжуик, со олимпискиот комплекс и прекрасните погледи кон градот и пристаништето. Продолжуваме кон споменикот на Колумбо и Порт Вел, каде што Барселона се отвора кон морето.

Слободно време за ручек (препорака за дегустација на локална храна и посета на тапас барови), кафе или прошетка покрај пристаништето / плажата Барселонета.

Коста Брава – Тоса де Мар и бодега: 50€, деца до 12 год: 25€

Се упатуваме кон Тоса де Мар, едно од најшармантните места на овој дел од шпанскиот брег. Прошетка низ Вила Веља, старото градско јадро опкружено со средновековни ѕидини, со камени улички и прекрасни погледи кон морето. Слободно време за фотографии, кафе покрај плажата и уживање во атмосферата на местото.

Излетот продолжува со посета на традиционална бодега, каде што ќе имаме можност да се запознаеме со локалните вина и да уживаме во дегустација на шпански вкусови.

Барселона – Готска Четврт и Ла Рамбла: 35€, деца од 2-12 год: 25€

Разгледувањето го започнуваме од Плоштадот Каталонија, а потоа влегуваме во Готскиот кварт, историското срце на градот. Прошетка низ тесните улички и плоштади, надворешно разгледување на Катедралата на Барселона и посета на Плоштадот Сант Жауме, каде што се наоѓаат Градското собрание и седиштето на каталонската влада.

Продолжуваме кон живописниот Плоштад Рејал и познатата Ла Рамбла, шеталиштето што најдобро го доловува ритамот на Барселона. Посета на Ла Бокерија, прочуениот пазар со богата понуда на свежо овошје, локални специјалитети и шпански деликатеси.

По разгледувањето, слободно време за ручек, шопинг и индивидуално уживање во градот.

Вечерна фламенко програма: Зависи од бројот на заинтересирани

Вечерна посета со организиран превоз.

Фламенко шоуто е традиционална шпанска музичко-танцова изведба полна со емоции, енергија и страст. Танчерите настапуваат со брзи движења, удирање со нозете и изразит фолклорен ритам, придружени од гитара и пеење. Гледањето фламенко е вистинско културно доживување кое ја покажува душата на Шпанија!

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
  • Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од моменталната расположливост. Не е можно да се резервира одреден кат или страна.
  • Пасошот мора да има важност најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
  • Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
  • При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
  • Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
  • Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да ги понуди и продаде слободните места по специјални “ultrafirst” или “last minute” понуди, по цени кои може да се разликуваат од веќе објавените.
  • Патниците кои го уплатиле аранжманот според редовниот ценовник немаат право на поврат или надомест на средства по основ на разликата во цената.