Hotel Orsa Maggiore 3* – Доломити

ДоломитСКИ Ретрит – Италија

Лоцирани на сончевата страна на Алпите, Доломитите се дестинација за одмор која заслужено се смета за една од најдобрите скијачки региони во светот – идеална за оние што бараат разновидност и врвно ски-искуство.

Од почетници кои сакаат безгрижно да ги направат своите први чекори на снег, до семејства со деца кои бараат безбедна и пријатна средина, па сè до искусни скијачи и ѕвезди на Светскиот куп кои бараат динамични падини и вистински спортски предизвик – Доломитите нудат нешто за секого.

Скијањето овде значи уживање на легендарните патеки на Мармолада, како и на бројните поврзани скијачки центри, со вкупно над 1.200 км патеки и 30 снежни паркови. Сето тоа поддржано од модерни жичари, совршено уредени терени и беспрекорна инфраструктура.

Сместувањето е организирано во Hotel Orsa Maggiore 3* – хотел со одлична локација, веднаш до прекрасните скијачки стази на Доломитите, кој нуди удобност, топлина и сè што ви е потребно за вистински зимски одмор.

Нашиот искусен тим од Holiyay Travel ќе се погрижи за секој детал – од организација и логистика до дружење и активности, со цел да ви овозможиме не само патување, туку и вистинско зимско доживување.

 Придружете ни се и поминете незаборавен одмор исполнет со скијање, авантура, нови пријателства и многу забава.
Искусете уникатни моменти и создадете спомени за цел живот – заедно со Holiyay Travel.

Датум:

07.01 – 15.01.2027

Цена:
  • 589€ за возрасно лице со организиран превоз
  • 419€ за возрасно лице со сопствен превоз
  • 499€ за дете од 03 – 11.99 години со организиран превоз
  • 349€ за дете од 03 – 11.99 години со сопствен превоз
Во цената е вклучено:
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Доломити – Скопје
  • 6 ноќевања со појадок и вечера во хотел Орса Магиоре 3*
  • Превоз до ски стазите и назад ( освен за патниците кои што патуваат со сопствен превоз )
  • Претставник од агенцијата со цел објаснување и водење за целиот ски центар на Доломити
  • Доктор за прва помош за време на целата тура
Во цената не е вклучено:
  • Ски опрема
  • Ски карта
  • Туристичка такса 2 евра по лице на ден за возрасни ( плаќање во хотел )
  • Патничко осигурување

Информации и резервации испратете барање на е-меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон 071/330-089.

07.01.2027
- Собир на група и тргнување од Скопје во 17.00 часот со автобуски превоз
- Ноќно возење
08.01.2027
- Пристигнување во Фалкаде
- Сместување во хотел (после 15.00 часот)
- Вечера во хотел и ноќевање
09.01.2027
- Појадок во хотел
- Се посетува скијачкиот центар Falcade, кој се наоѓа на 25 минути возење во правец од хотелот.
- Вечера
- Слободни активности
- Ноќевање
10.01.2027
- Појадок во хотел
- Се посетува скијачкиот центар Alpe Lusia, кој се наоѓа на 25 минути возење во правец од хотелот.
- Вечера
- Слободни активности
- Ноќевање
11.01.2027
- Појадок во хотел
- Се посетува скијачкиот центар San Pellegrino.
Од Falcade со скијање се преминува на San Pellegrino, кој се наоѓа на само 7 минути возење во правец од хотелот.
- Вечера
- Слободни активности
- Ноќевање
13.01 -14.01.2027
- Појадок во хотел
- За овие два дена е предвидено скијање во областа Sella Ronda, до која се патува околу 45–60 минути во еден правец. Во рамки на оваа скијачка област се опфатени некои од најпознатите ски-центри во Доломитите:
* Val Gardena / Seiser Alm
* Alta Badia
* Val di Fassa / Carezza
* Cortina d’Ampezzo
* Marmolada – глечерот на 3343 м надморска висина
- Тргнување кон Скопје
15.01.2027
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови

  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зонаta
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД