Hotel Espanya by Alegria 3*

Вашето време, вашиот ритам, вашето лето во Шпанија!

Сместен непосредно до медитеранското крајбрежје, во срцето на шармантното летувалиште Calella, Hotel Espanya by ALEGRIA 3* е одличен избор за летен одмор исполнет со сонце, море и автентична шпанска атмосфера. Благодарение на својата одлична локација- на само неколку чекори од плажата, хотелот овозможува брз пристап до песочната плажа, крајбрежното шеталиште, локалните ресторани, кафулињата и продавниците.

Хотелот располага со комфорни, климатизирани соби, опремени за пријатен престој, а дел од нив нудат балкон и прекрасен поглед кон море. Една од најатрактивните содржини е базенот на покривот, каде што гостите можат да се релаксираат под сончевите зраци и да уживаат во погледот кон морето. За љубителите на добрата храна, хотелскиот ресторан нуди разновидни локални и интернационални специјалитети на база на шведска маса, додека барот е идеално место за освежување во текот на денот.

Calella е позната по своите долги плажи, пријатната медитеранска атмосфера и живописниот стар град, кој нуди бројни можности за прошетки и откривање на локалната култура. Одличната железничка поврзаност овозможува и организирање излети до Барселона, како и истражување на други интересни места долж каталонското крајбрежје.

Hotel Espanya by ALEGRIA 3* е идеален избор за патници кои сакаат да бидат во непосредна близина на морето, да уживаат во удобен престој и да ја доживеат Шпанија преку нејзините плажи, гастрономија и опуштен медитерански ритам.

Датум:

17.06.-09.09.2027

Цени:

од 579€ по лице
*Сите цени може да ги видите во делот “Цени Лето 2027”!

Во цената е вклучено:
  • Повратен авионски билет Скопје-Барселона-Скопје
  • Рачен багаж со димензии 40x30x20cm
  • Аеродромски такси
  • Огранизран трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • 7 ноќи во Hotel Espanya by Alegria 3* на база полупансион
  • Сместување во двокреветни и трокреветни соби (Хотелот не располага со четврокреветни соби)
  • Политика за деца – Попуст за деца од 2 до 11,99 години.
Во цената не е вклучено:
  • Туристичка такса (2 евра од ден по лице, се плаќа на лице место- подложно на промени)
  • Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
  • Доплата за багаж според моменталната цена на авио копманијата

*Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон +38971330089.

Барселона Панорамикa: 65€, деца до 12 години: 35 €

Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди

Тргнување во утринските часови со автобус од Коста Брава.
По пристигнувањето во Барселона, се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.

Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.

Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера.
И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот.

Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.

Враќање на Коста Брава во вечерните часови.

📌 Цена на излетот: 65 €
👶 Деца до 12 години: 35 €

 

Аквариум Барселона: 35€, деца од 2-12 плаќаат 50%

Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.

Времетраење: 1,5 часа

Музеј Дали + Герона: 75€, деца до 12 години: 40 €

Тргнување во утринските часови од Коста Брава.

Патувањето нè води кон бајковитата Ѓирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедрала, со право наречена „Бисерот на круната на Ѓирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада во светот – широка дури 55 метри.

Ќе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за индивидуални активности.

Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела Шпанија.
Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот, со необичната и уникатна поставка од делата на овој генијален уметник.

По посетата следува слободно време во Фигерас и потоа враќање на Коста Брава во вечерните часови.

📌 Цена на излетот: 75 €
👶 Деца до 12 години: 40 €

 

Дата Ноќи Возрасно лице 3- то Возрасно лице

Цена на дете

(2-11,99)

Еднокреветна Соба
17.06 – 24.06 7 Early bird- 579€
Редовна цена – 599€
Early bird- 529€
Редовна цена – 549€
Early bird- 439€
Редовна цена – 459€
40 евра/ноќ
24.06 – 01.07 7 Early bird- 569€
Редовна цена – 639€
Early bird- 529€
Редовна цена – 589€
Early bird- 449€
Редовна цена – 489€
40 евра/ноќ
01.07 – 08.07 7 Early bird- 599€
Редовна цена – 659€
Early bird- 559€
Редовна цена – 609€
Early bird- 479€
Редовна цена – 509€
40 евра/ноќ
08.07 – 15.07 7 Early bird- 629€
Редовна цена – 689€
Early bird- 589€
Редовна цена – 639€
Early bird- 499€
Редовна цена – 539€
40 евра/ноќ
15.07 – 22.07 7 Early bird- 649€
Редовна цена – 699€
Early bird- 609€
Редовна цена – 659€
Early bird- 519€
Редовна цена – 559€
40 евра/ноќ
22.07 – 29.07 7 Early bird- 679€
Редовна цена – 729€
Early bird- 629€
Редовна цена – 679€
Early bird- 549€
Редовна цена – 579€
40 евра/ноќ
29.07 – 05.08 7 Early bird- 679€
Редовна цена – 729€
Early bird- 629€
Редовна цена – 679€
Early bird- 549€
Редовна цена – 579€
40 евра/ноќ
05.08 – 12.08 7 Early bird- 679€
Редовна цена – 729€
Early bird- 629€
Редовна цена – 679€
Early bird- 549€
Редовна цена – 579€
40 евра/ноќ
12.08 – 19.08 7 Early bird- 649€
Редовна цена – 709€
Early bird- 609€
Редовна цена – 659€
Early bird- 519€
Редовна цена – 559€
40 евра/ноќ
19.08 – 26.08 7 Early bird- 619€
Редовна цена – 679€
Early bird- 679€
Редовна цена – 629€
Early bird- 499€
Редовна цена – 529€
40 евра/ноќ
26.08 – 02.09 7 Early bird- 579€
Редовна цена – 649€
Early bird- 539€
Редовна цена – 599€
Early bird- 459€
Редовна цена – 499€
40 евра/ноќ
02.09 – 09.09 7 Early bird- 569€
Редовна цена – 599€
Early bird- 529€
Редовна цена – 549€
Early bird- 439€
Редовна цена – 459€
40 евра/ноќ
  • Во хотелот има на располагање дво и трокреветни соби, четворокреветните соби се на барање.
  • Деца 0-2 години се наплаќа 80 евра по лице.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
  • Сите останати услови на патување важат според правилата на Холијеј Травел