Сместен покрај самото шеталиште и на само неколку чекори од песочната плажа, ALEGRIA Maripins 4* е одличен избор за летен одмор на шпанското крајбрежје. Со својата медитеранска атмосфера, уредените простори и разновидните содржини, хотелот е особено погоден за семејства, парови и сите кои сакаат да ги комбинираат деновите на плажа со опуштање и забава.
Хотелот располага со комфорни, климатизирани соби со балкон или тераса, а во зависност од избраната соба, гостите можат да уживаат во поглед кон базенот, околината или морето. На располагање е надворешен базен со простор за сончање и релаксација, како и ресторан со шведска маса, каде што се служат разновидни јадења за различни вкусови.
Благодарение на близината до плажата, деновите лесно можат да се исполнат со капење, сончање и прошетки покрај морето, додека хотелските забавни активности и содржините за деца придонесуваат за поразновиден престој. Центарот на Malgrat de Mar е исто така на кратко пешачење, па гостите можат да ги истражуваат локалните продавници, кафулиња, ресторани и пријатната атмосфера на ова шпанско летувалиште.
ALEGRIA Maripins 4* е одличен избор за оние кои бараат удобен хотел на одлична локација, со плажата на дофат и сите потребни услови за исполнето летување на Costa de Barcelona.
| Датум: | 17.06.-09.09.2027 |
| Цени: | од 669€ по лице Напомена: За потврда на “рана” резервација (early bird) потребна е уплата од 25% од вкупниот износ на аранжманот. Уплатениот износ е неповратен. |
| Во цената е вклучено: |
|
| Во цената не е вклучено: |
|
*Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон +38971330089.
Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди
Тргнување во утринските часови со автобус од Коста Брава.
По пристигнувањето во Барселона, се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.
Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.
Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера.
И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот.
Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.
Враќање на Коста Брава во вечерните часови.
📌 Цена на излетот: 65 €
👶 Деца до 12 години: 35 €
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.
Времетраење: 1,5 часа
Тргнување во утринските часови од Коста Брава.
Патувањето нè води кон бајковитата Ѓирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедрала, со право наречена „Бисерот на круната на Ѓирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада во светот – широка дури 55 метри.
Ќе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за индивидуални активности.
Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела Шпанија.
Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот, со необичната и уникатна поставка од делата на овој генијален уметник.
По посетата следува слободно време во Фигерас и потоа враќање на Коста Брава во вечерните часови.
📌 Цена на излетот: 75 €
👶 Деца до 12 години: 40 €
| Дата | Ноќи | Возрасно лице | 3- то Возрасно лице |
Цена на дете (2-11,99) |
Еднокреветна Соба |
| 17.06 – 24.06 | 7 | Early bird- 679€ Редовна цена – 729€ |
Early bird- 609€ Редовна цена – 629€ |
Early bird- 499€ Редовна цена – 519€ |
40 евра/ноќ |
| 24.06 – 01.07 | 7 | Early bird- 689€ Редовна цена – 739€ |
Early bird- 609€ Редовна цена – 669€ |
Early bird- 509€ Редовна цена – 549€ |
40 евра/ноќ |
| 01.07 – 08.07 | 7 | Early bird- 699€ Редовна цена – 759€ |
Early bird- 639€ Редовна цена – 689€ |
Early bird- 539€ Редовна цена – 569€ |
40 евра/ноќ |
| 08.07 – 15.07 | 7 | Early bird- 729€ Редовна цена – 789€ |
Early bird- 669€ Редовна цена – 719€ |
Early bird- 559€ Редовна цена – 599€ |
40 евра/ноќ |
| 15.07 – 22.07 | 7 | Early bird- 749€ Редовна цена – 799€ |
Early bird- 689€ Редовна цена – 739€ |
Early bird- 579€ Редовна цена – 619€ |
40 евра/ноќ |
| 22.07 – 29.07 | 7 | Early bird- 779€ Редовна цена – 829€ |
Early bird- 709€ Редовна цена – 759€ |
Early bird- 609€ Редовна цена – 639€ |
40 евра/ноќ |
| 29.07 – 05.08 | 7 | Early bird- 779€ Редовна цена – 829€ |
Early bird- 709€ Редовна цена – 759€ |
Early bird- 609€ Редовна цена – 639€ |
40 евра/ноќ |
| 05.08 – 12.08 | 7 | Early bird- 779€ Редовна цена – 829€ |
Early bird- 709€ Редовна цена – 759€ |
Early bird- 609€ Редовна цена – 639€ |
40 евра/ноќ |
| 12.08 – 19.08 | 7 | Early bird- 749€ Редовна цена – 809€ |
Early bird- 689€ Редовна цена – 739€ |
Early bird- 579€ Редовна цена – 619€ |
40 евра/ноќ |
| 19.08 – 26.08 | 7 | Early bird- 719€ Редовна цена – 799€ |
Early bird- 659€ Редовна цена – 709€ |
Early bird- 559€ Редовна цена – 589€ |
40 евра/ноќ |
| 26.08 – 02.09 | 7 | Early bird- 679€ Редовна цена – 749€ |
Early bird- 619€ Редовна цена – 679€ |
Early bird- 519€ Редовна цена – 559€ |
40 евра/ноќ |
| 02.09 – 09.09 | 7 | Early bird- 669€ Редовна цена – 729€ |
Early bird- 609€ Редовна цена – 629€ |
Early bird- 499€ Редовна цена – 519€ |
40 евра/ноќ |
Early Bird попуст до 01.03.2027 или до пополнување на местата!
Early Bird попуст до 01.03.2027 или до пополнување на местата!
Early Bird попуст до 01.03.2027 или до пополнување на местата!
Early Bird попуст до 01.03.2027 или до пополнување на местата!
Early Bird попуст до 01.03.2027 или до пополнување на местата!
Early Bird попуст до 01.03.2027 или до пополнување на местата!