Hotel Alegria Mariner 4* – Adults Only 18+

Вашето време, вашиот ритам, вашето лето во Шпанија!

Cместен на одлична локација во срцето на Lloret de Mar, на само неколку чекори од плажата, ALEGRIA Mariner 4* Adults Only 18+ е идеален избор за возрасни кои сакаат да уживаат во летниот одмор на шпанското крајбрежје. Хотелот нуди пријатна атмосфера, удобност и одлична поврзаност со главните атракции, рестораните, баровите и шеталиштето на Lloret de Mar.

Собите се модерно уредени и климатизирани, со балкон на кој можете да уживате во утринското кафе или да се опуштите по ден исполнет со сонце и активности. За целосно уживање во летните денови, на располагање е надворешен базен со простор за релаксација, додека хотелскиот ресторан на база на шведска маса нуди разновиден избор на локални и интернационални јадења.

Концептот Adults Only создава пријатна атмосфера за парови и возрасни патници кои бараат комбинација од одмор, удобност и слобода да го организираат денот според сопственото темпо. Близината до плажата овозможува лесен пристап до морето, а централната локација е одлична почетна точка за откривање на динамичниот живот на Lloret de Mar – од опуштени прошетки и медитеранска гастрономија до вечерна забава.

ALEGRIA Mariner 4* Adults Only 18+ е одличен избор за летување на Costa Brava, особено за оние кои сакаат морето да им биде на дофат, а сите содржини на популарното шпанско летувалиште да им бидат на само неколку минути пешачење.

Датум:

17.06 – 09.09.2027

Цени:

од 779€ по лице
*Сите цени може да ги видите во делот “Цени Лето 2027”!

Напомена: За потврда на “рана” резервација (early bird) потребна е уплата од 25% од вкупниот износ на аранжманот. Уплатениот износ е неповратен.

Во цената е вклучено:
  • Повратен авионски билет Скопје-Барселона-Скопје
  • Рачен багаж со димензии 40x30x20cm
  • Аеродромски такси
  • Огранизран трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • 7 ноќи во Хотел Маринер 4* на база полупансион
  • Сместување во двокреветни и трокреветни соби (Хотелот не располага со четврокреветни соби)
Во цената не е вклучено:
  • Туристичка такса (2 евра од ден по лице, се плаќа на лице место- подложно на промени)
  • Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
  • Доплата за багаж според моменталната цена на авио компанијата

*Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон +38971330089.

Барселона Панорамика-65€, деца до 12 години: 35 €

Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди

Тргнување во утринските часови со автобус од Коста Брава.
По пристигнувањето во Барселона, се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.

Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.

Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера.
И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот.

Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.

Враќање на Коста Брава во вечерните часови.

📌 Цена на излетот: 65 €
👶 Деца до 12 години: 35 €

Аквариум Барселона- 35€, деца од 2-12 плаќаат 50%

Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.

Музеј Дали + Герона- 75€, деца до 12 години: 40 €

Тргнување во утринските часови од Коста Брава.

Патувањето нè води кон бајковитата Ѓирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедрала, со право наречена „Бисерот на круната на Ѓирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада во светот – широка дури 55 метри.

Ќе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за индивидуални активности.

Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела Шпанија.
Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот, со необичната и уникатна поставка од делата на овој генијален уметник.

По посетата следува слободно време во Фигерас и потоа враќање на Коста Брава во вечерните часови.

📌 Цена на излетот: 75 €
👶 Деца до 12 години: 40 €

Дата Ноќи

Возрасно лице 18+

3- то лице 18+ Еднокреветна Соба
17.06 – 24.06 7 Early bird- 779€
Редовна цена – 829€
Early bird- 699€
Редовна цена – 709€
40 евра/ноќ
24.06 – 01.07 7 Early bird- 789€
Редовна цена – 839€
Early bird- 699€
Редовна цена – 749€
40 евра/ноќ
01.07 – 08.07 7 Early bird- 799€
Редовна цена – 859€
Early bird- 719€
Редовна цена – 769€
40 евра/ноќ
08.07 – 15.07 7 Early bird- 829€
Редовна цена – 889€
Early bird- 749€
Редовна цена – 799€
40 евра/ноќ
15.07 – 22.07 7 Early bird- 849€
Редовна цена – 899€
Early bird- 769€
Редовна цена – 819€
40 евра/ноќ
22.07 – 29.07 7 Early bird- 869€
Редовна цена – 929€
Early bird- 789€
Редовна цена – 839€
40 евра/ноќ
29.07 – 05.08 7 Early bird- 869€
Редовна цена – 929€
Early bird- 789€
Редовна цена – 839€
40 евра/ноќ
05.08 – 12.08 7 Early bird- 869€
Редовна цена – 929€
Early bird- 789€
Редовна цена – 839€
40 евра/ноќ
12.08 – 19.08 7 Early bird- 849€
Редовна цена – 909€
Early bird- 769€
Редовна цена – 819€
40 евра/ноќ
19.08 – 26.08 7 Early bird- 819€
Редовна цена – 879€
Early bird- 739€
Редовна цена – 789€
40 евра/ноќ
26.08 – 02.09 7 Early bird- 789€
Редовна цена – 849€
Early bird- 699€
Редовна цена – 759€
40 евра/ноќ
02.09 – 09.09 7 Early bird- 779€
Редовна цена – 829€
Early bird- 699€
Редовна цена – 709€
40 евра/ноќ
  • Сместување во двокреветни и трокреветни соби (Хотелот не располага со четврокреветни соби)
  • Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
  • За потврда на “рана” резервација (early bird) потребна е уплата од 25% од вкупниот износ на аранжманот. Уплатениот износ е неповратен.
  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
  • Сите останати услови на патување важат според правилата на Холијеј Травел