8ми Март во Барселона

Yay City Break – Барселона

Барселона е бисер на Медитеранот – град полн со уметност, култура и космополитска енергија. Во март ја облекува својата пролетна свежина, совршена за осмомартовско патување, girls’ getaway или викенд посветен на себе. Пријатните температури, сонцето и живописните улички создаваат идеален амбиент за прошетки, шопинг и уживање без сезонски гужви.

Од готските улички и модернистичките ремек-дела на Гауди, до квартовите Ел Борн, Грасиа и Еиксампле – Барселона нуди вистинска медитеранска магија. Саграда Фамилија, Парк Гуел и Каса Батљо блескаат под пролетната светлина, а прошетките по Ла Рамбла или покрај Барселонета откриваат совршена комбинација од градска енергија и морски спокој.

Март е одличен момент да се ужива во каталонската гастрономија – тапаси, локални вина, десерти и модерни foodie барови што се совршени за 8 Март прослави. Барселона во овој период нуди топлина, шарм и незаборавни моменти што ја прават идеална дестинација за пролетно, осмомартовско бегство.

Датум:

06.03 – 09.03.2027

Цена:
  • 399€ по лице
  • 80€ за деца до 1.99 години
Во цената е вклучено:
  • Повратен авионски лет од Скопје
  • Рачен багаж со димензии 40x30x20cm
  • Аеродромски такси
  • 3 ноќевања со појадок во хотел Front Maritim 4*
  • Трансфер од аеродром – хотел – аеродром
  • Пратител од агеција и локален водич
Во цената не е вклучено:
  • Туристичка такса
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Локален транспорт: метро или автобуски билети
  • Доплата за еднокреветна соба 56€ на ден

Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон 071/330-089.

06.03.2027
- Полетување од Скопје за Барселона во 12:35 часот.
- Пристигнување на аеродромот Ел Прат (Barcelona – El Prat) во 15:30 часот.
- Организиран трансфер од аеродромот до хотелот.
- Пристигнување и сместување во хотел.
- Слободно време за индивидуални активности или факултативни посети:
- Парк Тибидабо – забавен парк и панорамска платформа со поглед кон целата Барселона.
- Парк Циутадела – идеално место за релаксација и прошетки.
- Камп Ноу – надворешна посета на најголемиот стадион во Европа и фан продавницата на ФК Барселона.
- Посета на Магичните фонтани.
- Ноќевање.
07.03.2027
- Појадок во хотел.
- Панорамска прошетка низ Барселона (околу 4 часа) со локален водич, која вклучува:
Саграда Фамилија
Катедралата на Барселона
Плоштад Каталуња
Плоштадот Ла Рамбла
Монжуик (Montjuïc) со панорамски погледи
- По панорамската прошетка, факултативна посета на Аквариум Барселона – еден од најголемите аквариуми во Европа, особено интересен за семејства со деца.
- Препорака за традиционални тапаси во некој од локалните барови или ресторани, со цел да ја почувствувате вистинската атмосфера и вкусови на Барселона и слободно време за индивидуални активности, прошетки и шопинг.
- Опционално посета на Фламенго шоу.
- Ноќевање.
08.03.2027
- Појадок во хотел.
- Слободно време за индивидуални активности или факултативни посети:
- Готска четврт (El Gòtic) во Барселона е еден од најстарите и најфасцинантни делови на градот. Сместена во срцето на Стариот град (Ciutat Vella), таа претставува лавиринт од тесни, средновековни улици, полни со историја, уметност и архитектонски богатства.
- Парк Гуел – едно од ремек-делата на Антони Гауди, познат по својата шарена мозаична керамика и фантастична архитектура.
- По препорака на агенцијата, има опција за уште едно доживување на тапаси, во некој од препознатливите локални ресторани или барови, каде ќе може да пробате разновидни вкусови и специјалитети.
- Ноќевање.
09.03.2027
- Појадок во хотел и одјава.
- Плажата Ла Барселонета – едно од најпознатите места за одмор и уживање покрај море.
- Организиран трансфер до аеродром.
- Пристигнување на аеродромот, чекирање и подготовка за лет.
- Полетување за Скопје во 16:00 часот.
- Пристигнување во Скопје во 18:45 часот.

*Туристичката агенција го задржува правото на можни измени во програмата.

Барселона Панорамика- 65€, деца до 12 години: 35€

Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди

Тргнување во утринските часови со автобус од хотел од Барселона.
Се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче.

Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.

Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера.
И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот.

Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.

Враќање на хотелот.

📌 Цена на излетот: 65 €
👶 Деца до 12 години: 35 €

Готска Четврт - 35€, деца од 2-12 години - 20€

Готска четврт (El Gòtic) во Барселона е еден од најстарите и најфасцинантни делови на градот. Сместена во срцето на Стариот град (Ciutat Vella), таа претставува лавиринт од тесни, средновековни улици, полни со историја, уметност и архитектонски богатства. Во оваа четврт се наоѓаат некои од најважните знаменитости на Барселона, како што се Готската катедрала (La Catedral de Barcelona), Плоштадот Рејал (Plaça Reial), како и остатоци од римскиот град Барсино. Готската четврт денес е жив културен центар, исполнет со кафулиња, музеи, галерии и улични уметници, кои и даваат уникатна атмосфера.

Аквариум Барселона - 35€, деца од 2-10 плаќаат 30€

Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.

Посета на Парк Гуел: 23€

Откријте го магичниот свет на Антони Гауди со прошетка низ еден од највпечатливите паркови во Барселона – Парк Гуел.

Уживајте во уникатната архитектура, шарените мозаици, панорамските погледи кон градот и волшебната атмосфера што го прави овој парк едно од најпознатите ремек-дела на модернизмот.

Пешачка тура низ Барселона - 15 €

Camp Nou – Arc de Triomf – Parc de la Ciutadella – La Barceloneta

Вечерна фламенко програма: Зависи од бројот на заинтересирани

Фламенко шоуто е традиционална шпанска музичко-танцова изведба полна со емоции, енергија и страст. Танчерите настапуваат со брзи движења, удирање со нозете и изразит фолклорен ритам, придружени од гитара и пеење. Гледањето фламенко е вистинско културно доживување кое ја покажува душата на Шпанија!

Музеј Дали + Гирона- 85€, деца до 12 години: 45€

Тргнување во утринските часови од хотел.

Патувањето нè води кон бајковитата Гирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедрала, со право наречена „Бисерот на круната на Гирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада во светот – широка дури 55 метри.

Ќе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за индивидуални активности.

Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела Шпанија.
Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот, со необичната и уникатна поставка од делата на овој генијален уметник.

По посетата следува слободно време во Фигерас и потоа враќање во хотелво вечерните часови.

📌 Цена на излетот: 85 €
👶 Деца до 12 години: 45 €

Гирона – позната по својата средновековна архитектура, заграден со ѕидови Стариот кварт (Бари Вел) и римските остатоци од тврдината Форца Вела. Украсените градини се наредени низ Passeig Arqueològic, патека по средновековните ѕидини на Стариот кварт, кои вклучуваат караули со огромен поглед.

Времетраење: 7 часа

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
  • Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од моменталната расположливост. Не е можно да се резервира одреден кат или страна.
  • Пасошот мора да има важност најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
  • Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
  • При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
  • Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
  • Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да ги понуди и продаде слободните места по специјални “ultrafirst” или “last minute” понуди, по цени кои може да се разликуваат од веќе објавените.
  • Патниците кои го уплатиле аранжманот според редовниот ценовник немаат право на поврат или надомест на средства по основ на разликата во цената.