Armas Beach Hotel 4* – Кемер

Положба
Хотелот Armas Beach се наоѓа во регионот Кемер, на само 50 км од аеродромот во Анталија и 3 км од центарот на Кемер.

Сместување
Хотелот располага со вкупно 140 соби, распоредени во една главна зграда. Стандардните соби се со големина од 22 м² и можат да сместат до 2+1 лице. Семјни соби имаат големина од 30 м² и се погодни за 4 лица. Сите соби се опремени со сопствено купатило (туш или када и фен), климатизација, мини бар (само со вода по пристигнување), сателитска ТВ, телефон, сеф (со доплата), WI-FI интернет конекција и балкон.

Услуга 
Хотелот Armas Beach нуди концепт „Сé Вклучено“, кој вклучува шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневни закуски, вечерна доцна ужина и сладолед во одредени часови. Локални алкохолни и безалкохолни пијалаци се достапни од 10:00 до 24:00 часот. A’la Carte ресторани (турска и италијанска кујна) се на располагање со претходна резервација, еднаш за време на престојот. НЕ Е ВКЛУЧЕНО: увозни пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови, флаширани пијалаци, пијалаци во диско и собна послуга.

Содржина
Хотелот Armas Beach има главен ресторан за шведска маса, A’la Carte ресторани, барови, доктор, чување деца, интернет услуги, факс, комјутерски игри, перење, сушење и пеглање на облека, продавници и рент-а-кар услуги (дополнително се наплатуваат). WI-FI интернет е достапен бесплатно во лобито и некои заеднички простории.

Плажа
Хотелот располага со приватна песочна плажа, опремена со лежалки, чадори и пешкири кои се бесплатни за гостите. Плажа е на само неколку чекори од хотелот, што ја прави идеална за сончање и релаксација покрај морето.

Спорт и Забава
Armas Beach нуди различни спортски активности за сите гости. Постојат надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, фитнес центар, турска бања, сауна и одбојка на плажа. СО ДОПЛАТА: спортови на вода, билјард, компјутерски игри, СПА услуги, масажи, парна соба и куглање. Забавната програма се организира преку анимациски тим кој нуди активности во текот на денот и вечерни шоу програми, мини клуб за деца од 04-12 години.

Датум:

03.05 – 18.10.2025

Престој:

6/7/10/13 ноќи

Цена:

од 541€ по лице

Во цената е вклучено:
Чартер лет
Трансфери (аеродром – хотел – аеродром)
6 ноќевања
Сите оброци и пијалоци според концептот UltraAll Inclusive
20 кг багаж по лице

Тип на соба

  • Economy Room Without Balcony
  • Standard Room

Забелешки:

  • Пасошот треба да е со важност од минимум 180 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.