Armas Bella Sun 4* – Сиде

Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Evrenski, на 6 км од Сиде и 70 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Хотелот нуди вкупно 260 соби распределени во 5 згради. Стандардните соби имаат 22 м² и се погодни за 2+1 лица, додека фамилијарните суит соби се со големина од 30 м², со две поврзани спални соби и се погодни за до 4 лица. Сите соби се опремени со сопствено купатило со када и фен, климатизација, телефон, мини бар (само вода по пристигнување), сеф (со доплата), ламинат на подот, сателитска ТВ, музички канали, WI-FI интернет конекција и балкон.

Услуга 
Хотелот нуди концепт „Сé Вклучено“ со шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневно кафе, вечерна доцна ужина и сладолед во одредени часови. Пијалоци (локални алкохолни и безалкохолни) се достапни од 10:00 до 24:00 часот. A’la Carte ресторани (турска и италијанска кујна) се на располагање со претходна резервација, еднаш за време на престојот. НЕ Е ВКЛУЧЕНО: увозни пијалаци, флаширани пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови, собна послуга и пијалоци во диско.

Содржина
Хотелот има главен ресторан за шведска маса, A’la Carte ресторани, барови, докторски услуги, чување деца, фен, телефон, факс, интернет, комјутерски игри, услуги за перење, сушење и пеглање, продавници и рент-а-кар услуги (дополнително се наплатуваат). WI-FI интернет во лобито е бесплатно.

Плажа
Хотелската плажа е песочна и каменеста, со лежалки, чадори и пешкири за на плажа кои се бесплатни за гостите на хотелот.

Спорт и Забава
Хотелот располага со надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа и пинг понг. СО ДОПЛАТА: спортови на вода, билјард, компјутерски игри, СПА, салон за убавина, масажи, парна соба, куглање и салон за убавина. Забавната програма е богата, со професионален анимациски тим кој нуди активности во текот на денот и шоу програми навечер, кино и мини клуб за деца од 04-12 годишна возраст.

Датум:

03.05 – 18.10.2025

Престој:

6/7/10/13 ноќи

Цена:

од 511€ по лице

Во цената е вклучено:
Чартер лет
Трансфери (аеродром – хотел – аеродром)
6 ноќевања
Сите оброци и пијалоци според концептот UltraAll Inclusive
20 кг багаж по лице

Тип на соба

  • Standard Room
  • Large Room
  • Standard Room BunkBeds
  • BunkBeds Room

Забелешки:

  • Пасошот треба да е со важност од минимум 180 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.