Gran Hotel Bali & Spa 4*

Gran Hotel Bali 4* – разбудете се покрај Медитеранот и доживејте го Benidorm од една поинаква перспектива.

Бенидорм е еден од најпознатите туристички градови во Шпанија, сместен на живописната Коста Бланка, на околу 45 километри од Валенсија – идеална локација која спојува море, урбана енергија и лесна достапност.

Со својата пријатна медитеранска клима, долги песочни плажи и динамичен дух, Бенидорм со право го носи прекарот „Менхетенот на Медитеранот“. Градот нуди совршена рамнотежа помеѓу релаксација и забава, привлекувајќи патници од целиот свет.

Познати факти за Бенидорм:

  • Градот е познат како една од најбезбедните туристички дестинации во Шпанија, со високо ниво на инфраструктура и туристички услуги.
  • Плажите во Бениднорм се меѓу најдобрите во Европа – со златен песок, чисто море и комплетна инфраструктура редовно добиваат Blue Flag сертификати за чистота, безбедност и квалитет на услугите.
  • Бенидорм е познат по својата енергија, ресторани, барови и клубови кои нудат забава во текот на целата година.
  • Градот е дом на популарни тематски паркови како Terra Mítica, Aqualandia и Mundomar, што го прави одличен избор и за семејства и за млади.
  • Старата градска зона нуди автентична шпанска атмосфера, додека природниот парк Сиера Хелада е идеален за прошетки и панорамски погледи кон морето.
  • Градот е познат по тоа што има над 300 сончеви денови годишно, и е една од најпосетуваните туристички дестинации во Европа, со милиони посетители годишно
  • Особено место кое не смее да се пропушти е Балконот на Медитеранот (Balcón del Mediterráneo) – иконична панорамска точка што ги поврзува плажите Леванте и Пониенте. Од тука се отвора спектакуларен поглед кон морето и градот, а местото претставува симбол на Бенидорм и омилена локација за фотографии и романтични прошетки.
  • Дополнителна предност на Бенидорм е неговата близина до Валенсија, што овозможува лесна и одлична можност за еднодневна посета на овој модерен и културно богат град, познат по Градот на уметностите и науките, историскиот центар и медитеранската гастрономија.

Gran Hotel Bali & Spa 4* – икона на Бенидорм

Симбол на модерниот Benidorm и еден од најпрепознатливите хотели на шпанското крајбрежје, Gran Hotel Bali 4* нуди уникатно искуство каде што удобноста, забавата и импресивните панорамски погледи се спојуваат во едно. Со својата височина од 52 ката, хотелот претставува вистински белег на градот и нуди поинаква перспектива на медитеранскиот брег.

Сместен во мирниот дел La Cala, хотелот се наоѓа на околу 350 метри од песочната плажа Poniente, а во непосредна близина има ресторани, барови и различни можности за забава. Собите се пространи и климатизирани, а повисоките катови овозможуваат прекрасен поглед кон морето, заливот и препознатливата панорама на Benidorm.

За целосно уживање во летните денови, на гостите им се достапни неколку надворешни базени, вклучувајќи базен во форма на лагуна, полусемиолимписки базен и базен за деца, како и надворешно џакузи. Хотелот располага со ресторани со шведска маса, каде што се служат разновидни јадења, како и повеќе барови за кафе, освежителни пијалаци и коктели. За дополнителна релаксација, гостите можат да го посетат Wellness центарот со спа-содржини, масажи и фитнес-сала.

Едно од највпечатливите доживувања е панорамската тераса на 43. кат, од каде што се отвора поглед од 360 степени кон градот, планините и Средоземното Море. За љубителите на вечерната атмосфера, Sky Bar на 52. кат нуди можност за коктел со спектакуларен поглед кон заливот.

Gran Hotel Bali е одличен избор за семејства, парови и патници кои сакаат повеќе од класичен хотелски одмор. Комбинацијата од базени, гастрономија, спа-содржини и близина до плажата го прави привлечна база за истражување на Benidorm, неговите плажи, шеталишта и познати забавни паркови.

Датум:

18.06 – 17.09.2027

Цени:
  • од 839€ по лице
    *Сите цени може да ги видите во делот “Цени Лето 2027”!
Во цената е вклучено:
  • Авионски билет со лет од Тирана – Валенсија, со вклучени аеродромски такси TIA 19:00-VAL 22:00 | VAL 22:40-TIA 01:25
  • Трансфер Скопје – Тирана – Скопје
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Рачен багаж со димензии 40x30x20 cm
  • 7 ноќевања на база полн пансион (доручек, ручек, вечера – шведска маса) во Gran Hotel Bali 4*
Во цената не е вклучено:
  • Патничко осигурување (може да се извади и преку агенцијата)
  • Туристичка такса во хотел: (се плаќа на рецепција при сместување)
  • Доплата за СПА центар: (се плаќа директно во хотел)
  • Доплата за соба со поглед на море: (се плаќа во хотел)

*Побарајте понуда за избор на различни термини, тип на соби и пансионски услуги како и за информации и резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон +38971330089.

Целодневна посета на Валенсија со водич – Град со Безвременска Магија - 85€ по лице

Започнуваме со импресивните Торес де Серанос – величествен симбол на Валенсија и дел од некогашните градски ѕидини што го штителе стариот град.

Потоа се упатуваме низ преубавите градини Турија, еден од најголемите урбани паркови во Европа. Создаден на местото на поранешното корито на реката, овој парк е долг над 9 километри, поминува под 18 историски мостови и ги поврзува најзначајните градски атракции.

Од модерниот Биопарк – зоолошка градина каде животните живеат во природно опкружување – стасуваме до футуристичкиот Град на уметностите и науките, дело на Сантијаго Калатрава и Феликс Кандела. Во овој комплекс се наоѓаат:

  • Океанографик – најголемиот аквариум во Европа
  • Музејот на науките
  • Палау де лес Артс – центар за уметност и култура со светски репертоар

Нашата прошетка продолжува кон Plaza de la Virgen, еден од најстарите плоштади во градот, каде се наоѓа прекрасната Фонтана Турија. Тука е и Катедралата на Валенсија, каде што, според преданието, се чува Светиот Грал. За оние што сакаат мал предизвик, се нуди качување на Торањот Мигелете – 214 скалила со поглед што го одзема здивот.

Навлегуваме во Барио дел Кармен, кварт исполнет со тесни улици, живописни фасади и историја на секој чекор. Тука се наоѓа и најтесната куќа во светот – широка само 107 сантиметри!

Следува посета на Централниот пазар, вистински гастрономски рај каде мирисите, боите и вкусовите на Валенсија се претвораат во доживување.

Не ја изоставуваме и Lonja de la Seda, ремек-дело на готската архитектура и светско културно наследство на УНЕСКО, како и елегантниот Mercado de Colón, симбол на модернистичката убавина на градот.

Валенсија не е само град – тоа е совршена комбинација на историја, уметност, вкус и енергија. Подгответе се за екскурзија што навистина ги буди сите сетила!

Времетраење на турата: 09:00 – 19:30

Дата Ноќи  Возрасно лице  3- то Возрасно лице Цена на дете

(2-11,99)

Еднокреветна Соба
18.06 – 25.06 7 Early bird- 849€
Редовна цена – 879€
Early bird- 809€
Редовна цена – 829€
Early bird- 649€
Редовна цена – 669€
45 евра/ноќ
25.06 – 02.07 7 Early bird- 869€
Редовна цена – 919€
Early bird- 829€
Редовна цена – 869€
Early bird- 649€
Редовна цена – 669€
45 евра/ноќ
21.06 – 28.06 7 Early bird- 859€
Редовна цена – 889€
Early bird- 819€
Редовна цена – 849€
Early bird- 639€
Редовна цена – 659€
45 евра/ноќ
16.07 – 23.07 7 Early bird- 995€
Редовна цена – 1059€
Early bird- 929€
Редовна цена – 989€
Early bird- 719€
Редовна цена – 759€
45 евра/ноќ
23.07 – 30.07 7 Early bird- 995€
Редовна цена – 1059€
Early bird- 929€
Редовна цена – 989€
Early bird- 719€
Редовна цена – 759€
45 евра/ноќ
06.08 – 13.08 7 Early bird- 1089€
Редовна цена – 1149€
Early bird- 1009€
Редовна цена – 1069€
Early bird- 769€
Редовна цена – 799€
45 евра/ноќ
03.09 – 10.09 7 Early bird- 869€
Редовна цена – 919€
Early bird- 829€
Редовна цена – 869€
Early bird- 659€
Редовна цена – 679€
45 евра/ноќ
10.09 – 17.09 7 Early bird- 839€
Редовна цена – 879€
Early bird- 799€
Редовна цена – 829€
Early bird- 629€
Редовна цена – 659€
45 евра/ноќ

 

  • Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
  • Сите останати услови на патување важат според правилата на Холијеј Травел