Eagles Palace 5* – Уронополис

Eagles Palace се наоѓа во живописното село Уранополис, на третиот и најшармантен полуостров на Халкидики во Северна Грција. Тоа е величествена и недопрена област, со неверојатни кристално чисти сини води и долги песочни плажи кои нудат совршена поставеност за релаксиран одмор на сонце. Eagles Palace е семејно одморалиште на плажа со 5 ѕвезди на Халкидики, Грција, веднаш до  Света Гора.

Сместено е меѓу бујните медитерански градини, комбинирајќи беспрекорни услуги и средини што го одземаат здивот. Хотелот располага со 157 соби, апартмани и бунгалови дизајнирани за елегантно живеење со 24-часовна услуга во соба, неверојатен поглед на море, приватна песочна плажа, надворешни и внатретшни базени, наградуван спа центар, Детски клуб управуван од искусни професионалци, водени спортови и центри за нуркање, четири ресторани и три барови, како и клуб на Јахти кој нуди приватни крстарења и ексклузивно користење на прекрасна плажа на ненаселениот остров Дренија опремена со чадори и лежалки. Лесно е достапен од меѓународниот аеродром во Солун „Македонија“ (SKG), со 90 минутно возење со автомобил.

Проверете ја цената за вашиот избран период за престој во табелата доле.

Информации за избор на различни термини, тип на соби, пансионски услуги и за резервации испратете барање на следната меил адреса info@holiyaytravel.com или на телефон +38971330089.

Пасошот мора да биде валиден најмалку 3 месеци од датумот на вашето пристигнување во Грција.
Плаќањата во денарска противвредност ќе се пресметуваат со курс 1 ЕУР = 62 МКД

Check in од 15:00 до 00:00
Check out од 00:00 до 11:00

Содржини на Eagles Palace

Куќен ред

  • Политика за миленичиња
  • Приспособено за лица со посебни потреби
  • Дрес код

Услуги

  • Рецепција (24 часа)
  • Лифт
  • АТМ (во близина, Уранополис)
  • Доктор (на повик)
  • Изнајмување автомобили и велосипеди
  • Паркинг

Интернет

  • WiFi во собите
  • WiFi во заедничките простории

Храна и пијалоци

  • Ресторан (4 ресторани)
  • Оброци на база на шведска маса (во ресторанот Melathron)
  • А ла карт ресторани (3 ресторани)
  • Барови (4 барови)

Деца

  • Детско игралиште
  • Мини клуб

Активности

  • Организирана плажа
  • Чадори и лежалки
  • Базен (отворен, со свежа вода)
  • Одделен детски базен (отворен, со свежа вода)
  • Услуга за пешкири за плажа
  • Анимација во текот на денот
  • Вечерна анимација
  • Фитнес
  • Тениско игралиште (со доплата)
  • Водени спортови (со доплата)

SPA & Wellness центар

  • Со доплата
  • Употреба на базен и џакузи (бесплатно)
  • Резервација за СПА кабинети (сауна, хамам, парна соба, Rasul-Laconium, солена соба – бесплатно со резервација)
  • Третмани за тело и лице (со доплата)
  • Внатрешен базен

Конференциски капацитети

  • Организација на настани, свадби и меден месец

СОБА

УСЛУГА

ИНФОРМАЦИИ

СТАТУС

ПОПУСТ

ЦЕНА