Положба
Хотелот Gypsophila Club Marine се наоѓа во регионот Кемер, на 45 км од аеродромот во Анталија и 9 км од центарот на Кемер.
Сместување
Хотелот Gypsophila Club Marine располага со вкупно 458 соби, распоредени во главна зграда и неколку додатни згради. Стандардните соби се со големина од 22 м² и можат да сместат до 2+1 лице. Семјни соби имаат големина од 30 м² и се погодни за 4 лица. Сите соби се опремени со сопствено купатило со када и фен, климатизација, мини бар (само со вода по пристигнување), сателитска ТВ, телефон, сеф (со доплата), WI-FI интернет конекција и балкон.
Услуга
Хотелот нуди концепт „Сé Вклучено“, што значи шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневни закуски, вечерна доцна ужина и сладолед во одредени часови. Локални алкохолни и безалкохолни пијалаци се достапни од 10:00 до 24:00 часот. A’la Carte ресторани (турска и италијанска кујна) се на располагање со претходна резервација, еднаш за време на престојот. НЕ Е ВКЛУЧЕНО: увозни пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови, флаширани пијалаци, пијалаци во диско и собна послуга.
Содржина
Хотелот Gypsophila Club Marine има главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани, барови, доктор, чување деца, интернет услуги, факс, комјутерски игри, перење, сушење и пеглање на облека, рент-а-кар услуги (дополнително се наплатуваат) и продавници. WI-FI интернет е достапен бесплатно во лобито и некои заеднички простории.
Плажа
Хотелот има своја приватна песочна плажа која е опремена со лежалки, чадори и пешкири, кои се бесплатни за гостите. Плажа е на само неколку минути пешачење од хотелот, што го прави лесно достапна и удобна за релаксација.
Спорт и Забава
Хотелот нуди широк спектар на спортски активности и забави. Постојат надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, фитнес центар, турска бања, сауна и одбојка на плажа. СО ДОПЛАТА: спортови на вода, билјард, компјутерски игри, СПА, салон за убавина, масажи, парна соба и куглање. Забавната програма вклучува дневни активности од анимациски тим и вечерни шоу програми, кино, мини клуб за деца од 04-12 години.
Датум: | 03.05 – 18.10.2025 |
Престој: | 6/7/10/13 ноќи |
Цена: | од 541€ по лице |
Во цената е вклучено: | Чартер лет
Трансфери (аеродром – хотел – аеродром)
6 ноќевања
Сите оброци и пијалоци според концептот UltraAll Inclusive
20 кг багаж по лице
|
Тип на соба
Забелешки: